Конечно се разбуди Пабло, кој го немаше никаде во последните средби кога повеќе сметаше во тимот. Сепак мора да се признае дека вчерашните два гола беа прекрасни, но заслуга за тоа имаат и Адуриз и Жонас. Адуриз вчера ги изненади сите кога по само две недели од повредата против Спортинг, по која му предвидоа пауза подолга од еден месец, се врати во првиот состав, и играше како никогаш да не бил повреден!! Секоја чест за човекот!

Плус одлична партија на Жонас кој прекрасно му асистираше на Пабло при вториот гол, и кој откако пристигна во Валенсија, веднаш беше повикан за настап во Бразилската репрезентација. Исто пред натпреварот против Барселона му беше доделена „златната копачка“ за Американскиот континент, по постигнатите 23 гола со Гремио.
Исто така треба да се пофали и играта на голманот Висенте Гуаита во кого Валенсија си обезбеди голман за многу долг период. Дечкото игра како да има искуство од 15 години.
Плус Валенсија покажа дека е одлична екипа на гостински терен каде досега четири пати направила пресврт и победила кај Сосиедад, Атлетико, Атлетик и Мајорка.
На ред е Шалке 04!