Фан Клуб: Валенсија

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Слики од вчерашниот натпревар:












 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Баш заради тоа што играат без Виља и Силва се подобри, лани сите играчи чекаа на Виља, Силва и Мата да направат нешто, а година играат сите, затоа е Валенсија јака годинава.
Убаво пишано и ја мислам дека тоа ќе да е..
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Пабло и Адуриз повикани за репрезентацијата



После перфектниот старт во Ла Лига на екипата на Валенсија ни Висенте Дел Боске неможеше да остане рамнодушен на играта на овие двајца поединци па така тие експресно добија повици за настап за Шпанската репрезентација за квалификациите за Евро 2012.Дел Боске изјави дека и Солдадо е репрезентативен материјал и дека и него ќе продолжи да го прати па којзнае може и тој ќе добие повик за Црвената Фурија.И Мата доби повик за репрезентацијата но овојпат за онаа до 21 година која ќе игра бараж со репрезентацијата на Хрватска. Само напред момци make us proud и да ни се множат репрезентативците во иднина
Amunt!!!
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Пабло и Адуриз повикани за репрезентацијата



После перфектниот старт во Ла Лига на екипата на Валенсија ни Висенте Дел Боске неможеше да остане рамнодушен на играта на овие двајца поединци па така тие експресно добија повици за настап за Шпанската репрезентација за квалификациите за Евро 2012.Дел Боске изјави дека и Солдадо е репрезентативен материјал и дека и него ќе продолжи да го прати па којзнае може и тој ќе добие повик за Црвената Фурија.И Мата доби повик за репрезентацијата но овојпат за онаа до 21 година која ќе игра бараж со репрезентацијата на Хрватска. Само напред момци make us proud и да ни се множат репрезентативците во иднина
Amunt!!!
А некои се сомневаа во капацитетите на Адуриз. Барем Дел Боске знае кој е лидер и најдобар во моментот во Шпанија! Кај и да е, и Солдадо ќе се најде во репрезентацијата. Само напред!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.116
Поени од реакции
75.025
http://www.skysports.com/story/0,19528,11827_6427579,00.html
Само во оваа сезона Валенсија го смалила долгот од 550 милиони евра на 400 милиони.
Алал да ви е што со толкав долг опстојуавте на врвот, а ние со долг од 100 милиони евра не можеме да мрднеме од последно место :kesa:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
http://www.skysports.com/story/0,19528,11827_6427579,00.html
Само во оваа сезона Валенсија го смалила долгот од 550 милиони евра на 400 милиони.
Алал да ви е што со толкав долг опстојуавте на врвот, а ние со долг од 100 милиони евра не можеме да мрднеме од последно место :kesa:
Долгот на клубот намален за 150 милиони евра


По последниот состанок на советот на клубот, Мануел Љоренте – претседателот на Валенсија, изјави дека долгот на клубот во последната година е намален за 150 милиони евра, откако минатата истиот изнесувал 550 милиони. Претходната сезона клубот имал профит од 18 милиони евра поради продажбата на акциите, додека за тековната сезона 2010/11 е пресметана загуба од 7 милиони евра.

Според моменталната економска ситуација, Љоренте изјави дека доколку би се случило продажба на некој играч, таа би била единствено од спортски мотив, и дека нема повеќе да се продаваат играчи за економски потреби на клубот.

Во сезоната 2008/09, последната пред Мануел Љоренте да стане претседател на клубот, загубите изнесувале 69 милиони евра. Така оваа сезона оперативните трошоци ќе изнесуваат 74 милиони за разлика од минатогодишните 92 милиони, додека истите во сезоната 2007/08 изнесувале 115 милиони евра.

„Во јуни 2009 се сретнавме со долг од 550 милиони евра, кој само после една година беше намален на 430 милиони и во моментот тој изнесува 400 милиони евра.“ – изјави Љоренте, кој истакна дека сеуште останува уште многу време за комплетно да се средат состојбите во клубот, иако успеале да намалат голем број од огромните долгови.

„Загубите од 2005 до 2009 изнесуваа 213 милиони евра и во моментот имаме поставено за цел, да се намалат финансиските трошоци кои оваа година ќе изнесуваат 15 милиони, како и доизградба на новиот стадион, за кој беа потрошени 150 милиони евра без тој да биде завршен.“

За претседателот е важно приходите да ги надминуваат трошоците на клубот, но исто така важен детал е намалувањето на долгот, кој според него генерира најмногу финансиски трошоци.
Трошоците за вработените во клубот се намалени за 35%, додека они во составот на тимот се намалени за 40%, откако со амортизацијата беа намалени од 94 на 84 милиони евра.

„Порано овие трошоци учествуваа со 120% од вкупниот приход, додека во моментот нивното учество е намалено на 77%“ – објасни Мануел Љоренте кој не го објави датумот на генералното собрание на акционерите на клубот, кое најчесто се одржуваше последните години во месец ноември.
_______________________

Единствениот проблем за Валенсија е стадионот. Кога ќе се решат работите околу него и ќе се продадат парцелите на стариот, се' ќе се реши и долгот ќе го снема.

Добро е што Мануел Љоренте кој е добар економист дојде на претседателското место и до сега се' му оди од рака при водењето на клубот и намалувањето на долгот. Исто така одлична е и изјавата што веќе нема да се продаваат играчи за економските потреби на клубот, па така кој искористил досега - искористил, веќе нема. :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.861
Поени од реакции
12.386
Значи колку го почитувам овој клуб!!!!! Браво момци само продолжете така!!!!
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Какво мотивационо видео :vozbud: :vozbud:

HASTA LA VICTORIA SIEMPRE!!!!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Дечки спремни за две недели.......ќе биде ФЕШТИ :)))
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Ваква Барселона, како во саботата и онаков Реал Мадрид, како пред 2 недели во Леванте, а ваква Валенсија како против Билбао и скоро сите други, ни нуди одлично првенство... Одличен стручнак, добро уигран тим и фантастичната „Местаља“ се доволни за Валенсија да биде шампион, нели ?

Валенсија е еден синоним за фудбал во Шпанија.... Напаѓачки фудбал, ѕвезди во тимот од типот на Канизарес, Мендиета, Кили и Аимар на времето, Виља, Силва и Висенте од сегашноста, и Пабло, Мата и Адуриз од иднината, перспективен млад тренер во името на Унај Емери, фантастична публика со одлична атмосфера, на која и другите големи тимови и завидуваат.... Местаља има капацитет за уште една шампионска титула, зарем Не ?

Валенсија го заслужува тоа....


Поздрав
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Топал се повредил на тренинг, и ќе осуствува околу 2 недели,
Банега ќе се врати и ќе може да игра на натпреварот против Барселона,
Се очекува Мата да потпише нов четригодишен или петгодишен договор со клубот!
АМУНТ
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Лидерот во Шпанија денеска имаше слободен ден за забава, откако Унаи Емери им подготви уште едно изненадување на своите играчи. Ова не е прв пат за Емери кој не е најстар во клубот, (голманот Сезар кој има 39 години е една година постар од него) да ги однесе фудбалерите на тренинг во природа, со тоа подобрувајки ја атмосферата помеѓу играчите на Валенсија. Можеби тоа е тајната на Емери и Валенсија што клубот се наоѓа во одличен период.
Слики од денешниот ден:













--- надополнето ---

Давид Виља: Ако постигнам гол против Валенсија, нема да го прославам


Средбата со поранешниот клуб е на 16ти октомври во 20 часот на Ноу Камп, но „ел Гуахе“ Виља знае дека ако постигне гол против Валенсија, нема да го прослави. Сегашниот напаѓач на Барселона, зборува за поранешниот клуб, добриот период во кој се наоѓа екипата на Емери и му укажува на Виктор Валдез на опасностите од напаѓачите на Валенсија.

Виља, за кратко време ќе играш против Валенсија. Сигурно дека тоа ќе биде специјален натпревар за тебе?
- Да ќе биде доста специјален, бидејки тоа е екипа каде поминав одлични пет години, ми носи прекрасни спомени и среќен сум што ќе играм против нив, најмногу поради фактот што повторно ќе ги видам сите пријатели кои ги имам таму и ќе уживам во нив па макар на само еден ден.

Фактот што Валенсија е екипата која го направи Виља познат, екипата со која дебитираше во Лигата на Шампионите и со која ја освои првата титула, ќе го направи ли натпреварот уште повеќе специјален за тебе?
- Без никаков сомнеж. Направив неколку чекори, прво бев во Спортинг, потоа во Сарагоса, но клубот кој ми даде практично се’ на фудбалски план беше Валенсија. Во тие пет години успеав да стигнам до репрезентацијата, можев да играм во ЛШ, да се борам за многу титули од кои освоив една и не се сомневам дека тие пет години беа најважните години во мојот живот.

Типичното прашање за секој напаѓач кој игра против својот поранешен клуб. Ако постигнеш гол, ќе го прославиш или не?
- Ќе се обидам да постигнам гол бидејки сум професионалец и ги бранам боите на Барселона, но исто како против Спортинг, голема е љубовта што ја имам кон Валенсија и поради почитта кон луѓето кои ме направија добар и ме поддржуваа толку години, нема да го прославам.​

Виља секогаш постигнува многу голови против своите поранешни клубови, што го докажа против Спортинг. Ќе биде ли така лесно и против Валенсија?
- Сеуште не знам бидејки не сум играл против нив. Ова ќе ми биде прв пат и како што кажав ќе се обидам да го направам на најдобар начин бидејки ќе играм против своите пријатели и затоа ова ќе биде еден специјален натпревар за мене. Сепак на крајот на натпреварот ќе им посакам се’ најдобро на играчите на Валенсија цела оваа година.​


Како мислиш дека ќе те пречекаат навивачите на Валенсија на Местаља кога Барселона ќе гостува таму, или оние што ќе дојдат на Ноу Камп?
- За тоа не знам, но знам дека јас ќе ги пречекам со многу љубов бидејки благодарејки на нив се наоѓам овде денеска. Секогаш ќе имам добри спомени и голема љубов како кон клубот така и кон сите навивачи на Валенсија.​

Изгледаше дека по заминувањето на Виља и Силва, Валенсија нема да биде истата екипа, но во моментот тие се лидери и се’ функционира одлично кај нив. Како го оценуваш стартот на сезоната за Валенсија?
- Многу добро, екипата е одлична. Валенсија е огромен клуб и заминувањата на еден, двајца, тројца или четворица фудбалери не менува ништо. Засилувањата беа одлични и помогнаа многу на клубот, оние кои веќе беа таму се одлични фудбалери и огромен клуб како Валенсија секогаш ќе се наоѓа на врвот и покрај продажбата на некои важни фудбалери во последните неколку години.​

Сега кога веќе некое време си во Барселона, што најмногу ти недостасува од времето во Валенсија, и што најде овде што таму го немаше?
- Овде имам се’, но ми недостасуваат деновите кога заминував секое утро во Спортскиот центар Патерна, доручекот со соиграчите, шегите со Хоакин во собата, Еспањета по секој тренинг… не знам, поминав многу среќни моменти од мојот живот последните пет години и иако овде имам се’ ми недостасуваат сите тие нешта таму.​

За крај не знам дали си разговарал со Валдез, но кога играше за Валенсија секогаш постигнуваше многу голови против него. Сигурно сега е среќен бидејки Виља игра во Каталонскиот клуб?
- Како што ми пренесе среќен е што потпишав за Барселона, и точно е дека последните години лесно постигнував голови против него. Сепак ќе мора да биде внимателен бидејки и покрај моето заминување, Валенсија има одлични напаѓачи кои добро ја започнаа сезоната. Ќе биде тежок натпревар и не верувам дека резултатот ќе остане 0-0.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom