Фан Клуб: Борусија Дортмунд

Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Не се летајте сеа Дортмунд почнува да влага у форма а Баерн не се нешо убедливи ќе биде опасно како и да е. Иначе да топ се Дортмунд во ЛШ али се надевам 1/8 финале ќе им биде првпат на сите ќе има притисок се надевам ќе си играат топ нема да потпаднат под притисок. Башка ќе зависи и среќа у ждрепка
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.645
Поени од реакции
22.377
Ја сакам со Селтик, не дека го подценувам сепак го тепаа Барса, туку поради клубот :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.916
Поени од реакции
11.694
Борусија игра поубав фудбал од реал што значи барса и се најголема пречка. После мачкањето на сити и ајакс во групи не очекувам дека екипи ко челси и јунајтед би можеле да направат нешто против дортмунд на што останува само една екипа а тоа е пак барса. Ова другово реално е под ниво сезонава.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.645
Поени од реакции
22.377
Свен Бендер со носот го повреди лакот на еден играч од Ајакс. Играчот на Ајакс за жал се повреди и беше сменет. А да, ќе заборајв, и Бендер го скршил носот и исто така беше сменет. ./irony off

Бендер е ѕвер, трети пат во една година доби сериозна повреда на лицето:





 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Подобро ваква група отколку Марсеј и Олимпијакос и на крај и неатрактивни натпревари и пак 4-ти.

Вака имаат и предизвик и секој позитивен резултат ќе влијае на самодовербата.Ќе се види од што се направени.Ако играат без страв како против Баерн изминативе 2 сезони,тогаш немаат од што да стравуваат.
Нема поубаво чувство од тоа тимот да ти ја оправда довербата и да го покаже својот вистински квалитет.

По мечот со Сити и самите сфатија колку всушност се добри и дека нема потреба да се плашат од ниеден тим.По ваква група,ќе имаат самодоверба против било кого.

Како што покажа Челзи минатата година,среќата е главниот фактор во нокаут фазата,така што без разлика дали ќе освојат ЛШ или ќе испаднат во 1/4,горд сум на играта,односот на терен и фактот што по 13-14 години Борусија е повторно име кое што нешто значи во Европа.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.645
Поени од реакции
22.377
Нема поубаво чувство од тоа тимот да ти ја оправда довербата и да го покаже својот вистински квалитет.

По мечот со Сити и самите сфатија колку всушност се добри и дека нема потреба да се плашат од ниеден тим.По ваква група,ќе имаат самодоверба против било кого.

Како што покажа Челзи минатата година,среќата е главниот фактор во нокаут фазата,така што без разлика дали ќе освојат ЛШ или ќе испаднат во 1/4,горд сум на играта,односот на терен и фактот што по 13-14 години Борусија е повторно име кое што нешто значи во Европа.
Пријател, ја искрено немав големи очекувајна, не дека не верував во тимот. Често пати сум ги гледал, знам дека имаат голем потенцијал ама сепак групава беше прејјака. 4 национални шампиони во една група и тоа Реал, Сити и плус Ајакс не смееме да го заборавиме. Холандската лига има квалитет, Ајакс е голем Европски клуб, и искрено ќе бев и задоволен со трето место пошто и тоа е напредок према лани.

После утакмиците со Реал ме фати екстремна еуфорија, со Ајакс бев многу опуштен иако таа утакмица беше екстремно важна, но ко видов дека во првото полувреме ги прегазија, второто вака го гледав: :icon_mrgr:

Импресиониран сум од цел тим сосе тренер, кој секоја година постигнуваат огромен чекор напред во развојот. Во првата година Клоп го врати тимот од 13 место на 6то и тоа со скоро исти играчи и само малце фалеше да влезат во ЛЕ. Во втората година тимот како 5ти влезе во ЛЕ. Во третата година тимот изненади и стана шампион на Германија. Во четвртата година ја одбранија титулата со рекордни 81 бода и плус купот го освоија. Значи на домашен план максимумот го постигнаа. Оваа година во групата на смртта во ЛШ убедливо го освоија првото место и можам да речам дека во ниедна од утакмиците Дортмунд не беше послаб тим (едино второто полувреме во Мадрид Реал беше подобар). Во истото време Дортмунд од клуб кој финансиски беше пред банкрот успеа да ги врати сите долгови и плус да направи чист профит од 37м ЕУР, во исто време го вратија и стадионот. Во овие 5 години за трансфери дадоа вкупно само 7м ЕУР нето ако одбиеме трансферите од играчи на Дортмунд во други клубови. Клоп етаблира систем кој му овозможува на тимот да може да ги поднесе заминувајната на најдобрите играчи (Шахин, Кагава) и дури да стане подобар. Нема повеќе суперлативи, Дортмунд е пример како за 5 години еден клуб може од дупка да се врати на врвот. Пример е за тимови како Сити или ПСЖ дека покрај парите има други фактори кој се поважни. Сепак не треба летајне, Дортмунд нема вечно да гази, ќе дојдат и потешки периоди. Али моментално ситуацијата е врвна. :)
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Јас бев оптимистичен бидејќи минатата година во истито период кога Баерн го елиминира Реал и комплетно го надигра Челзи, ние ги победивме и надигравме во два клучни меча(дерби за бундеслигата,финале на куп).Беше очигледно дека кочницата во Европа е психичка,недостиг на самодоверба и преголема почит за останатите екипи.

И оваа година не почнаа баш сјајно,првиот меч со Ајакс беше најслабиот до сега,но мечот со Сити смени се.Тоа што примија гол на крај беше ирелевантно,најважното беше тоа што ги доминираа Сити на нивен терен како да играат со Фрајбург а не со најскапиот тим во светот.Тој меч им ги отвори очите дека нивниот квалитет не е локален и дека таа ментална бариера е само илузија.

Уште на стартот против Реал можеше да се види таа самодоверба и храброст што ги краси последните 2 години во бундесот а потполно недостигаа во Европа.

Едвај чекам да дојде ждрепката,па потоа ќе имаме два месеци да го анализираме противникот :D
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Лева...приемот,лобот :cuc:

EDIT: Второ место! :D Полека и Бундесот си доаѓа на свое место.Едвај чекам да дојде дербито.
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 17:43 ---
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.645
Поени од реакции
22.377
Супер коло, битно ЛШ да се обезбеди годинава. (y)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.645
Поени од реакции
22.377
Аха аха, и лани беше 9бода за нас пред да играме со вас. И Дортмунд е појјак од лани, и Баерн е појјак од лани...
Сега 15то коло ќе биде клучно за цела сезона али не очекувам Баерн ко лани да падне, тоа е разликата. Иначе Дортмунд има 1 бод помалце од лани ова време, значи тука се некаде со поени.
 
M

Mario Gómez

Гостин
https://www.youtube.com/watch?v=I9H__9xg6WE

Игорче шо е финтава шо ги пеате нашите песни? Или ги менувате стиховите? ај преведи шо пеат не ги разбирам. :) Имам пред неколку години гледано клип кај шо ја пеат истата песна.


3:00 почнува!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom