Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Забораив да пишам во четвртокот, Торе треба да добива повеќе шанса од Фермин.

Во клучен дел од сезоната се повредуваат Касадо и Олмо, многу лошо.
Де Јонг и Педри ќе треба да изиграат све до крај на сезона, секоја утакмица е финале.
Ако се издржи до крај без долги повреди би било добро.
Едино што може да се повреди е Лева, секако смета поише. :icon_lol:
 
Па до некаде се остварија моите очекувања во врска со Олмо,уште во Август кога се зборуваше за неговиот трансфер јас бев 50-50 за да дојде никој не ги оспорува неговите квалитети ама сега гледаме зошто типично ала Дембеле малку на терен малку на болница.Сега веќе влегуваме во клучниот дел од сезоната каде што (Поготово во Ла лига) со вакви судии буквално секој натпревар е финале и секој пораз ќе биде чекор назад кон освојување на титулата,гледајќи го календарот со Ел класико на хоризонт гостување кај Билбао и Виљареал на домашен терен (Натпревари обележани со црвено).За купот мислам дека Атлетико (После ремито вчера) ќе влезе екстремно доста оштро ќе фрли све на една карта,па нема да не чуди Флик да влезе малку порезервирано во овај натпревар зошто очигледно е дека Барса нема ростер за три фронта а и поради ризикот од повреди.
 
Една од перфектно изиграните утакмици сезонава. Од почеток до крај натискаат, Жирона само еднаш мина центар и постигнаа гол. Сите на ниво!
 
Јамал претерува малку со себичењето на моменти, ајде сега на крајот на решена утакмица не е толку битно ама му се има случувано и во битни моменти.
 
На вакви утакмици поише се радувам кога некој нема да се повреди отколку на самата победа.
У среда против пациентите сигурно ќе играме со најјак состав, после тоа во ЛаЛига имам не така тежок распоред, освен со Бетис али играме дома.
Од 9 утакмици колку што преостануваат, ако ги тепаме Реал потребни ќе ни се само 6 победи до крај за титула, со претпоставка Реал све да тепа.
Ќе биде интересна сезона на крај, можно е финале ЕлКасико во купот, во ЛШ, а Бога ми и финале во лигата ако се држат двете екипи вака. :icon_lol:
Со 2 титули од 3 ја би бил презадоволен. :)
 
Ете тоа е Ханси Флик вратете мој постови уште пред две години кога врлев дека Флик е вистинското име за Барселона. Многумина овде беа повеќе за Клоп и други имиња ;) Со ваква игра и ништо да не се освои е милина секоја итакмица за гледање. А ќе се освои со ваков пристап секако
 
Иначе никој не пишува за Фати.
Мене искрено ми е жал ова што му го прават, ама од друга страна така е пошо е алчен, трет најплатен играч ни е.
Флик напраи играчи од некој тешки просеци, сигурен сум дека и на Фати ќе ја дигнеше формата, ако ме друго, минутите на Пау Виктор да ги добиеше.
Ако не сака да намали плата, ќе мора да оди на продажба на лето.
Он и Инаки Пења се први за идење, секако и Кристијансен е тука.
 
Иначе никој не пишува за Фати.
Мене искрено ми е жал ова што му го прават, ама од друга страна така е пошо е алчен, трет најплатен играч ни е.
Флик напраи играчи од некој тешки просеци, сигурен сум дека и на Фати ќе ја дигнеше формата, ако ме друго, минутите на Пау Виктор да ги добиеше.
Ако не сака да намали плата, ќе мора да оди на продажба на лето.
Он и Инаки Пења се први за идење, секако и Кристијансен е тука.
Мислиш на тренинг не го имаат видено Фати што може? Едноставно повеќе не е играч за прва лига, камо ли за Барса. Неговата кариера е готова, нозете му се партал, не може да трча веќе не пак друго. Само ќе ги дозема парите од договорот, после тоа комотно може да се пензионира, освен ако не сака да се метка во некои нисколигашки тимови. Да дојдеше Рашфорд сигурен сум дека ќе газеше во Барса, не испадна човек од Фати, ама за тоа е крива претходната управа што го пропадна клубот, му даде долготраен договор на лик со такви тешки повреди, безмозочни е мал збор за нив, гомна најгнасни.
 
ама за тоа е крива претходната управа што го пропадна клубот, му даде долготраен договор на лик со такви тешки повреди, безмозочни е мал збор за нив, гомна најгнасни.
Лапорта му го продолжи договорот до 2027
 
Рафиња тотално е излезен од ритам после репрезентативната, мораше барем една од двете претходни утакмици во лигава да изигра.
 
Ерик куќа ти горела со тие аматерски додавања, овај за во Пелистер не е, не во Барселона, ако чинеше Пеп не те бркаше тркало од играч !
Кога и да игра тресење е да не се прими гол....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom