B
boki10messi
Гостин
Рафа Маркез наредната недела официјално ќе потпише со Њујорк Ред Булс.
Мика Ричардс е доста добар играч, Де Јонг за на средина супер би билМоже да одиме на шопинг кај газдиве
Сити треба да го скрати тимот од 37 на 25 фудбалери за еден месец
Во следните неколку недели Манчестер Сити ќе стави на продажба голем дел од своите фудбалери откако големиот тим од 37 фудбалери треба да биде скратен на 25 Според новите правила на Премиер Лигата секој тим ќе може да регистрира 25 фудбалери во новата сезона а во овој момент големиот трошаџија Манчестер Сити во својот состав има 37 фудбалери. По ангажманот на Џером Боатенг, Давид Силва, Јаја Туре и Алесандар Коларов, Манчестер Сити сега ќе почне голема распродажба на своите играчи и според медиумите играчте од типот на Крег Белами, Нигел Де Јонг и Стефен Ајрланд, Вејн Бриџ и Робињо ќе мораат да заминат од Истлендс.![]()
Манчини, кој посакува до крајот на трансфер периодот да ги ангажира уште Џејмс Милнер и Марио Балотели, е свесен дека Сити наскоро треба да почне да се ослободува од вишокот на играчи.
“Знам дека треба да продадеме некои играчи бидејќи за дваесетина дена ќе треба да имаме листа од 25 фудбалери.” – рече Манчини.
“Разочаран сум бидејќи некои играчи сега треба да менуваат тимови. Тешко е за нив да играат за нас.”
“Кога играте во четири натпреварувања потребно е да имате широк состав или во спротивно ќе се најдете во проблеми. Затоа е важно да имаме 25 фудбалери.”
Според новото правили во Премиер Лигата, секој тим мора да регистрира тим од 25 фудбалери од кои осум треба да бидат ’домашни’ фудбалери.
За фудбалерите да се сметкаат како домашни треба да играат за клубот кој е регистриран под Англиската или пак Велшката ФА три сезони сепред да наполнат 21 година.
Со заминување од Манчестер Сити исто така се поврзуваат и Пабло Забалета, Винсент Компани, Шон Рајт Филипс, Недум Онуоха, Мика Ричардс и Џо.
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=d80a65da-96c8-4651-9da9-9496c652c0ff&ln=3&typeBack=default
А шо демек Бускетс слаб е?Не ми се верува да купиме некој нов играч, само Фабрегас го молиме а не им текнува дека со Трајче ќе си останеме на оваа позиција има време за Фабрегас и ако дојде демек ќе игра прва постава пред Чави и Иниеста? место Фабрегас нека одат да молат некој јак деструктивец од типот на Сисоко, Де Јонг,Маскерано и ред други...
Не е проблем дали некој сака да игра на таа позиција или не. Може и Меси да го стави Пеп таму да игра ако сака. Проблемот е во тоа што треба да може да одигра добро на таа позиција. Кеита играше прилично лошо таму во првата сезона во Барса, ама затоа лани играше одлично кога му беа зададени поофанзивни задачи.И Кеита изјави дека ако е потребно и ако се побара од него ќе игра како деструктивец.