Фан Клуб: Бамбер Бриџ

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
И во бамбер има играч заразен од короната :(
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
1500 фунти ? Аман бе... многу пара е тоа , преку вечер сакат да се збогатат :ROFLMAO:
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
@RickyLFC9 форумџија е човекот со знамето? Да го поздравиме :)
Не е форумџија ко што знам. Ми пиша на пејџот у дм, не го познавам лично. Ако е форумиџија нека си се јави :D
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Чинам поради случај со корона, Бамбер службено ќе го изгуби вечерашниот натпревар во квалификациите за ФА Купот
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Вечерва Бамбер победи 1-2 против Редклиф на гости во последното квалификациско коло за ФА Трофејот (могуче квалификациите да беа скратени ради коронава не знам)

Што значи дека Бамбер за прв пат ќе биде дел од ФА Трофејот после 2007/2008 (ваљда тие години Рики ги нашол на ФМ, кога Бамбер биле во пикот :D)

После 13 години, прекината е црната серија

WOOOOOOO

Се надевам ќе добијат некој денар за квалификацииве :D
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Овој 1 Мај - сите патишта водат кон Варингтон!

Утре, во 16 часот, Бамбер Бриџ го игра финалето на лигашкиот плејоф, што значи дека победа на Бамбер ќе значи искачување едно скалило погоре!

Откако се отвори темава, Бамбер е скокнат за едно натпреварување, а со победа утре ќе има шанса за уште еден promotion!

За да стигне до ова финале, Бамбер Бриџ заврши на третото место (само првопласираната екипа оди директно скалило погоре), а во полуфиналето од плејофот, на пенали, на домашен терен беа подобри од Гејнсборо (четврто место во регуларниот дел со 4 поени помалку од Бамбер) откако уште во 56 минута Бамбер остана со играч помалку поради црвен картон на Понд. Што значи, Бамбер се држеа храбо добри 64+ минути (резултатот беше 1-1 и така остана се до пеналите)

Сепак, во финалето, домашната екипа е апсолутен фаворит.

Станува збор за Варингтон, екипа која заврши на второто место во лигата со 77 поени, но екипа која во последните 25 натпревари има само еден пораз - од шампионот на лигата!

Значи од ноември до денеска, имаат само еден пораз!

Екипата е во маестрална форма и се фаворити на утрешниот натпревар, но да се надеваме дека среќата ќе биде со Бамбер.

Победникот од овој натпревар ќе игра во т.н. по нашки - шеста лига на Англија, односно едно ниво под лигата каде годинава играше Врексам, кои благодарение на своите познати сопственици ја направија и лигата поприлично интересна за следење.

Победа на Бамбер ќе значи дека ќе играат во иста лига со екипи како Јеовил, Сканторп, Кидерминстер и уште неколку екипи кои може да ви се познати од ФИФА или коцкање.

Да се надеваме на победа!

Својата поддршка може да им ја упатите на Фејсбук или Твитер
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.674

Ништо, изгубија со гол примен во 90 минута. :(
Ајде наредна сезона со повеќе среќа ќе успеат.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.404
Поени од реакции
4.417
Се чувствувам како мало дете :D

Исполнет уште еден “детски” сон. :rolleyes: Од заебанција, фејсбук страна, кајгана собиранка во Irish Pub во Скопје пред 12-13 години, до посета во живо. Штета што не начекав утакмица, се надевам ќе имам прилика пак. :cool:

BAMBER - KAJGANA.png
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
Се чувствувам како мало дете :D

Исполнет уште еден “детски” сон. :rolleyes: Од заебанција, фејсбук страна, кајгана собиранка во Irish Pub во Скопје пред 12-13 години, до посета во живо. Штета што не начекав утакмица, се надевам ќе имам прилика пак. :cool:

Прегледај го приврзокот 405325
Браво, а начека некој таму или можеби имаше прилика да зборуваш да кажиш кој си од кај си зошто си таму и слично ?
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.404
Поени од реакции
4.417
Браво, а начека некој таму или можеби имаше прилика да зборуваш да кажиш кој си од кај си зошто си таму и слично ?
Во клупските простории немаше никој, ама теренот беше отклучен и се влегуваше внатре.

Фан-шопот на клубот не работеше, веројатно само за викенди работи. Но во склоп на клупските простории имаше друга продторија отворена, со сувенири украси од рандом клубови од тој крај. Жената што беше таму беше прилично среќна што некој се наканил од Македонија да го посети клубот, иако не сум првиот.

И раскажав малку за тоа како сме дознале и “навивале” за овој клуб :D

Жената успеа да најде шолја за кафе со логото на Бамбер Бриџ, и тоа ќе биде спомен за цел живот :jeeee:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom