Вердер го сака незадоволниот Подолски
22-годишниот германски напаѓач беше одличен на СП. Во тандем со Клосе ја доведе Германија скоро до финалето. Сега неговиот партнер од репрезентацијата се здружи со Тони, а Лукас е зацементиран на клупата на Баерн.
Челниците на Вердер искажаа голем интерес за напаѓачот на минхенски Баерн
Лукас Подолски.
Со доаѓањето на
Мирослав Клосе и Лука Тони во Баерн, 22-годишниот германски репрезентативец го изгуби местото во првиот состав и се почесто ја грее клупата.
Не е тајна дека трпението на Подолски веќе е при крај и дека тој се почесто и погласно размислува за преселба од Алианц Арената.
„Заинтересирани сме за Подолски, вистинска штета е таков напаѓач да ја грее клупата. Тоа не е добро ниту за него, но ни за германската репрезентација“, изјави менаџерот на Вердер,
Клаус Алофс.
Клубот од Бремен веќе подолго време е заинтересиран за Подолски. Се обидоа да го ангажираат и во минатата година кога беше член на Келн, но Лукас тогаш го избра Баерн.
Засега во Баерн не ни помислуваат да го продадат најнадежниот германски напаѓач.
„Се надевам дека не мислите оти првенството се освојува со 11 играчи. Подолски е одличен фудбалер и нема ниту збор за негово продавање во друг клуб“, порача тренерот на Баерн,
Отмар Хицфилд.
------------------
tesko niv ako go prodat. osven nego nemat nekoj asolen napagac na klupata so mozi da gi zameni toni i klose