Ако си оди Робен, 90% сум сигурен дека управата (читај Ули и Нерлингер) нема да одат по докажано крило туку целата надеж ќе се положи во Шаќири, а ако тоа не испадне ко што треба, ќе го трошат талентот на Милер играјќи го десно, каде што не е особено ефективен.
Ситуација која најмногу ја поткрепува мојата теза, е заминувањето на Балак. Тогаш Ули беше сигурен дека Санта Круз ќе може да игра на врвот од дијамантот (4-4-2 игравме тогаш) по неколкуте добри игри на Роке на таа позиција. Сите знаеме како испадна тоа, и колку стагнираше Баерн. Се до летото кога дојдоа Рибс и Тони.
Значи како и да гледаме for the sake of the club подобро е да се надеваме да остане Робен. И да не игра добро, сепак е респектирано име во Европа и секогаш го покриваат 2ца играчи со што се отвора простор за The 'Mez. И кога се збори за играч од негов калибар, секогаш постои можноста за момент на магија,како против Јунајтед.
Би сакал да грешам. Сигурно дека управата ќе оди на пазарот ако замине Арјен. Но ќе се користат со слични изговори како овоа лето. "Ги баравме Коентрао и Бејнс" не испадна ништо, па го собравме Рафиња". (Чудо право е Алаба сезонава.) Да не се лажеме, сепак е ова Ули за кого правиме муабет.
Се согласувам со тебе ама променети се работите....Општо ситуацијата во фудбалот е променета...Тогаш,да се надеваа на Санта Круз,ама тогаш се знаеше кои играчи се големи играчи,тие знаеш дека неможеш да ги добиеш и тоа е тоа,бараш среќа во таленти...
Денеска имаш милион играчи кои се подобри или бар имаат талент да станат подобро од постоечките етаблирани ѕвезди...Пазарот е лудница,сите купуваат масовно,такада неможеш да речеш па неможеме да најдеме замена за Робен ќе пробаме со Петко....
Проблем се само цените кои се тотално нереални,а тоа е поради ефектот Сити,но Баерн во последните 3-4 години полека но сигурно повторно се етаблираше во европскиот крем на топ-5 најдобри екипи,а годинава ќе биде круната на тоа!
Мислам дека можеме многу полесно од порано да добиваме и играчи за кои има голем интерес...Случајот со Коентрао неможеш да го земеш за репер...Тоа е одлична одлука на управат..Коентрао е ФЕЈЛ играч за цената која ја бараа и Реал ја плати...Паметна одлука е тоа.
Најискрено се надевам и сум убеден дека летово со 3-4 квалитетни трансфери конечно ќе формираме екипа која континуирано ќе стига најмалце до полуфинале ЛШ,и за која ќе нема лош противник.И да остане Робен,а мислам дека ќе остане,во секој случај ни треба играч од средината,дали деструктивец,дали повеќе креативец,зависи од замислите на Хејнкес.