Се вратив од дво-неделната "пауза" што ја имав од форумов.
5 трансфера во неполни 2 дена. Морав да го видам ова за да го поверувам.
Ајде малце да ги искоментирам трансферите.
Парк Чу Јанг - можеби најдоброто засилување во овој период. Брз, динамичен напаѓач на кој му одговара тактиката на Арсенал. Зошто најдобро засилување? Затоа што ни го носи тоа што очајно ни требаше, креативност во нападот, дечкото освен што добро изведува слободни удари и знае да дава голови, дечкото знае да проигра во напад. Парк не е купен за да биде главен голгетер, купен е да му помага на ван Перси во нападот, нешто што Николче (хвала богу нема да го гледам) и Шамак не успеаја. Едвај чекам да го видам во игра, имам големи очекувања од него.
Андре Сантош - посреќен ќе бев Енрике да го грабневме пред Ливерпул (пред се заради искуството во ПЛ), но и Сантош е сосема достојна замена за Клиши, ако не и подобар играч од него. Одличен техничар е, се надевам дека е толку добар и во дефанзивните задачи.
Пер Мертесакер - Мертесакер или ќе блесне или ќе пропадне како Скилачи. Најчуден трансфер ми е некако, не се вклопува баш во динамичната одбрана на Венгер. Бавен е, но конечно имаме многу висок играч кој ќе доминира во воздушните дуели и се надевам ќе помогне да не примаме повеќе глупи голови од корнери и аути.
Јоси Бенајун - Бенајун не е купен за прв тим, купен е за да грее клупа и за да покрие ако не дај боже, некој од средниот ред се повреди посериозно. Ако Јоси успее да остане здрав сезонава ќе биде доста употреблив.
Микел Артета - Многу возбудлив трансфер, не у 5 за дванаесет, у еден за дванаесет го грабнавме. Сакале-нејќеле, пак со Каталонец плејмејкер сме. Сеедно, се работи за одличен играч, се надевам многу брзо ќе се вклопи во Арсенал.
И уште нешто ќе напоменам. Со оглед дека беше последен ден за купување играчи, многу добро се засиливме. НИКОЈ не сака да ти продаде клучен играч во последен ден затоа што ќе мора достојна замена да најдат за него.