Ma нека го продадат гадот ( Адебајор ) , од самобендисани типови како него набилдани со егоманијакалност ми се гади ( заборава дека Арсенал го донесе на нивото кое е денес ) , убеден сум дека ке бидат многу подобар тим без него , средината им е една од најдобрите и најперспективните во светот , набилдана со искуство од претходната сезона , ке се земе некој напаѓач со парите од Адебајор ( типувам на Хунтелар ) , Ван Перси се враќа ( пола сезона им беше повреден ) , треба да му се даде статус на првотимец на Тео , докажа дека вреди минатата сезона ( сетете се со Ливерпул што направи ) , двата гола против Бирмингем и тн и тн .
Се што фали е константност а оваа сезона би требало да ја имаат , истата грешка не верувам дека по втор пат ке ја направат .
А тоа дека Ван Перси може да го замени Адебајор , тешко , типот е полушпиц , знае да изигра и како лево крило по потреба , потребен е некој класичен напаѓач напред , а веќе кажав , како идеално решение гледам во Хунтелар .