Ги изгледав двата меча од Емирати купот. Иако Арсенал играше со доста првотимци, сепак Венгер го искористе овој куп за многу експерименти.
Првиот меч против ПСЖ, Арсенал го започна со специфичен состав но стандардната формација 4-4-2. На голот беше Алмуња кој доста се покажа на тој натпревар и е во добра форма (би го играл пред Леман).
Во одбраната беа Сања,Туре ,Сендерос и Клиши. Клиши и Сања беа доста офанзивно настроени поради тоа што во средниот ред Венгер играше со 4 играчи со позиција МЦ (цнетрален мидфилдер), Фабрегас, Диаби, Денилсон и Фламини. Додека во нападот беа Бендтнер и Ван Перси. Во тоа прво полувреме Диаби и Денилсон не се снаоѓаа баш најдобро бидејќи беа поставени на крилните позиции. Но сепак првиот гол падна при крајот на првото полувреме, со нафрлена топка од клиши бенднтер ја спуште кон фламини и овај со полуволеј ја погоде мрежата.
Во второто полувреме Венгер го внесе Ебуе на место на фламини и заедно со клиши ги уфрле на позиција крила. Траоре и Сања беа на бековските позиции. И со замената Хлеб со Ван Перси формацијата беше сменета во 4-5-1 со еден нпаѓач Бенднтер. Но во тоа полувреме се виде дека Хлеб е многу поквалитетен играч кога е на позиција полушпиц а исто и Диаби кој ја завзеде позицијата која најмногу му одговара т.е МЦ
. Исто заигра уште и Рандал. Вториот гол беше дело на Бендтнер кој при нафрлување од корнер покажа дека би бил доста оапсен во воздушни дуели, прво за изби топката од рацете на голманот а потоа само ја дотурна во голот.
Во меот против Интер Венгер повторно ја испроба 4-5-1 формацијата си Хлеб позади Ван Перси. Во средината беа Фабрегас и Фламини а крилните позиции ги зазедоја Ебуе и Гибс (детево ми остави силен впечаток). Во одбраната Сања Туре Галас и Хојте. Голман беше Леман.
Исто како и против ПСЖ Хлеб изигра феноменално со поткрепа од Гибс и Ебуе додека фабрегас и фламини си беа одлични при започнувањето на нападите. Сања и овој пат беше доста офанзивен и многу добро се вклопија со Ебуе при уфрлањата. Хојте беше подефанзивно настроен но тоа се смена во вториот дел кога на негова позиција влезе Траоре. Уште во игра влегоја само денилсон и бенднтер. За разлика од мечот со ПСЖ кога имаше повеќе замени овој пат Венгер направи само три.
Првиот голе беше постигнат од Хлеб а вториот беше ремек дело на Ван Перси. Со прикажаната игра очекувам дека Арсенал нема така лесно да се откажи од борба за некоја титула.
п.с се намачив да нпаишам а ко го прочитав звучам ко Калински
:pos2: