Фан Клуб: Англија

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
Мора да признаам оти не сум баш среќен што Руни го казнија 3 меча.. Сам си е крив, не викам не... Ама очекував многу од него на Европсково, после слабото СП во Ј.Африка.. И така омилена репрезентација ми е Англија, па мака ми е помалце и ради тоа што во групите ќе бидат ослабени, но пред се мака ми е поради самиот Руни...
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Црногорскиот репрезентативец Миодраг Џудовиќ дал изјава за руски весник и напишал писмо до УЕФА да му ја намалат казната на Руни , како што тој вика дека не видел никакви знаци на агресивност туку бил испровоциран од домашните проблем и повеќе изреагирал емотивно .

http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2054916/Wayne-Rooney-kick-victim-tells-UEFA-lenient.html

Ова прв пат го глеам
 
В

Вори

Гостин
Англија го совлада Европскиот и Светскиот првак во пријателскиот меч одигран на Вембли денеска.Стрелец на голот Лампард :icon_lol:
Англичаниве не играа повторно баш како што треба,ама ги неутрализираа шпанциве.
Јаки беа во одбрана,особено централниот двоец Јагиелка-Лескот.Првиов разараше,одличен играч.
Паркер исто така беше фантастичен и според мене играч на натпреварот.
Бент тапа по навика,Даунинг исто.Ја не знам зошто вториов го викаат во репрезентација кога не знае еден центаршут да направи,дибек тежок.Велбек беше сосема солиден,дечкото сам се трудеше да направи нешто,мислам дека требаше и Стариџ да влезе,па да има со кого да соработува.Родвел беше просечен,искрено не знам што толку гледаат во детево,поголем ѕвер е Џонс отколку овој.Овој ми изгледа како малце да е форсиран од медиумите и од Капело.

Како и да е,мило ми е што гнасните шпанци изгубија и не постигнаа гол.Моментално Англија има солидна репрезентација,сигурно послаба од Германија,Холандија и Шпанија,но во иднина сигурен сум дека Англија ќе биде сила.

Велбек,Стариџ,МекЕкран,Џонс,Родвел,Харт,Смолинг,Вилшер.Блескава иднина гледам во момциве и мислам дека ќе бидат носечка сила на репрезентацијата.
И да,англичанец за селектор треба да одберат,после истекувањето на договорот на Капело.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Црногорскиот репрезентативец Миодраг Џудовиќ дал изјава за руски весник и напишал писмо до УЕФА да му ја намалат казната на Руни , како што тој вика дека не видел никакви знаци на агресивност туку бил испровоциран од домашните проблем и повеќе изреагирал емотивно .

http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2054916/Wayne-Rooney-kick-victim-tells-UEFA-lenient.html

Ова прв пат го глеам
Сигурно е фан на Јунајтед. :icon_lol:

Инаку победа на Англија од 1 - 0 против Шпанија. Стрелец Лампард во 49тата минута. Не изиграа добро Англичаните, но сепак оваа победа беше потребна да се крене моралот на репрезентацијата.

Шпанија цел натпревар имаше посед на топката, голот на Англија дојде при нафрлување од прекин, Бент шутна со глава во стативата и топката се одби до Лампард кој ја турна од самата линија. После тоа имаше притисок од Шпанците и тогаш имаа 3 - 4 добри шанси, и една статива.

Се на се, солидна партија за Англија особено одбраната добро изигра.

Нареден натпревар вторник против Шведска.
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Даунинг исто.Ја не знам зошто вториов го викаат во репрезентација кога не знае еден центаршут да направи,дибек тежок.
Ма ќути .. кај го нашол овој Кени у Ливерпул стварно не знам. За у Брегалница е.

Иначе, Стариџ пак на клупа го стаи ?? :pos::pos:

Ах капело, капело .. дегенчино една жабарска.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Што ќе му беше Стариџ?
--- надополнето: Nov 12, 2011 7:26 PM ---
Алал нека му е на Паркер на грбот го носеше цел тим, која борбеност. Одлично, заслужено МОТМ браво :)
Англија покажа солидна игра денес и покрај тоа што фалеа некои стандардни.
 
Што ќе му беше Стариџ?Па затоа Велбек правеше напред комбинации со Родвел,дека не му требаше Стариџ.
Уствари ете,Даунинг беше подобро решение,како само растураше по страна,то нешто невероватно.

п.с Кога ќе размислам подобро,Јагиелка за мене е МОТМ.Многу многу јака партија од негова страна.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Солидно изиграа сите во одбрана, посебно централните Лескот - Јагиелка, исто и Паркер одигра одлично.

Даунинг не е за во репрезентација, тоа е очигледно.

A за на ЕП би требало Јанг и Волкот да имаат предност како крила, ќе видиме има време до тогаш.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Што ќе му беше Стариџ?Па затоа Велбек правеше напред комбинации со Родвел,дека не му требаше Стариџ.
Уствари ете,Даунинг беше подобро решение,како само растураше по страна,то нешто невероватно.
.
Неможеше да си дозволи да игра со 2 напаѓачи, мораше да си држи 5 во средина а и имаше резултат
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Што ќе му беше Стариџ?Па затоа Велбек правеше напред комбинации со Родвел,дека не му требаше Стариџ.
Уствари ете,Даунинг беше подобро решение,како само растураше по страна,то нешто невероватно.

п.с Кога ќе размислам подобро,Јагиелка за мене е МОТМ.Многу многу јака партија од негова страна.
Еве, во вторник ќе стартуваат другиве што беа на клупа:

Capello says Cahill, Terry, Sturridge, Zamora and Walker start for #eng v Sweden

А Дел Боске се жали, автобус бил паркиран :D
 
В

Вори

Гостин
Еве, во вторник ќе стартуваат другиве што беа на клупа:

Capello says Cahill, Terry, Sturridge, Zamora and Walker start for #eng v Sweden

А Дел Боске се жали, автобус бил паркиран :D
Тери може да одмори уште малку,зошто е во никаква форма.Добро се снаоѓаат Лескот и Јагиелка засега.
Замора ќе биде промашај,уште отсега кажувам,а еве му на Стариџ шанса,да се докаже и да се наметне кај Капело.

Дел Боске може да се жали ако сака до утре.Не игра Шпанија против Литванија,па ќе дава по 10 гола на утакмица.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Вака-така му шлупнаја едно голче нека му мириса сеа со 1 разлика изгубија, не можеја да дадат гол...... Имаја повеќе посед на топка ама не беа ефикасни во напад то е то битно ПОБЕДАТА е на Англија :)
Овај Даунинг цреп е тро....Бент и така и така ..... Одбранава супер беше немаше киксови ...
Само се прашувам зошто не го става Адам Џонсон детето супер игра! Милнер освен учеството за голот ништо не видов во напад не е толку добар колку во одбрана.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не летајте само со победава, знаете сите дека Шпанија пријателските ги изгуби и од Аргентина и не знам од кого беше друго.Ако сакаат они и сите заедно да направат една екипа нема да ги тепаат.Не знам каде ќе најдат мотивација за ЕП пак да освојат а камоли да тепаат на некојси пријателски.;)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не летајте само со победава, знаете сите дека Шпанија пријателските ги изгуби и од Аргентина и не знам од кого беше друго.Ако сакаат они и сите заедно да направат една екипа нема да ги тепаат.Не знам каде ќе најдат мотивација за ЕП пак да освојат а камоли да тепаат на некојси пријателски.;)
Никој не лета со победава. Но факт е дека многу работи се менуваат во англиската репрезентација. Капело нема да ги повтори грешките од пред две лета сигурно. Тогаш ги остави дома Јанг, Волкот, Кејхил, и во топ форма Бент за да ги земе Хески, ШРП, Карагер и останати. Еве и јас дури што бев најголем скептик за овие се премислувам. Капело се опаметува, ако гледаш добро уназад, ги седна на клупа Лампард, Тери, Фердинанд и Џерард не ги ни вика, така да не е тој стариот Капело што играше со едни исти и се плашеше да ги седна на клупа.

Дефанзивно имаат огромен напредок со Скот Паркер кој ја држи средината и Фил Џонс кој денес го неутрализираше колку што можеше Бускетс. Добра тактика на Капело што играше со овие двајца затоа што ја најде слабата точка која и е и на Барселона - да игра со појачан среден ред. Победа си е победа, нема што.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Не летајте само со победава, знаете сите дека Шпанија пријателските ги изгуби и од Аргентина и не знам од кого беше друго.Ако сакаат они и сите заедно да направат една екипа нема да ги тепаат.Не знам каде ќе најдат мотивација за ЕП пак да освојат а камоли да тепаат на некојси пријателски.;)
Никој не летна бе друже , едноставно победа си е победа... до пред некое време беа бедни не можеја никого да тепаат па еве денеска им се погоди/усреќи денот па тепаја.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom