Фан Клуб: Њукасл Јунајтед

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Како игра Њукасл?
 
V

Viktorijabt

Гостин
Знам дека е 1-0,туку мислев како играат на играта?
Шанси дали имаше и така:)
Mалку погледав и добив впечаток дека се борат храбро ама не видов некоја голема разлика во играта во однос на минатата сезона. Исто се игра и има добри играчи кои умеат да ја задржат топката за одредено време, но кога ќе дојдат пред голот потешко е и брзо ја губат топката, па следува остар контранапад од противничкиот тим што многу често завршува несреќно во мрежата на Харпер*.
Отприлика тоа е мојата аматерска анализа на играта.
__
*Пардон, не видов дека брани Тим Крул. Одличен млад голман.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769
Eве го! Таман почнав да глеам од 51 и шибнавте гол!!Убава акција и ајде сега пресврт

Даф
 
V

Viktorijabt

Гостин
Значи,

WBA 1 - 1 Newcastle

Ете, добивме бод во гости што воопшто не е лошо како за почеток, па сега само среќа нека не служи натаму во оваа сезона кога првпат откако се родив јас играме во Чемпионшип.
Е дури сега аlea iacta est!
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Интересен, убав, возбудлив натпревар.
Момците се бореа како лавови, со ваква жар ги немам гледано да играат со години! Да играа вака минатата сезона друга песна ќе беше!
Сите линии функционираа беспрекорно, освен стандардниот падавичар Колочини и денес очајниот Гутиерез.
Покрај иницијативата во прво полувреме, грешката на Харпер резултираше со примен гол. Ама во второто полувреме, големата Холандска надеж Ти Крул спаси 2-3 чисти шанси. Има иднина детето, одличен е!
Алан Смит, јас мислам ова му е најдобра утакмица откако дојде од Манчестер, се бореше, трчаше, топка не му пројде на средина денес. Само така да продолжи! Стивен Тејлор, стандарден, ѕвер, Демиан Даф феноменален!
Добри припреми имаа, одлично се спремни кондисиски, а што е најбитно, ментално се јаки, не паничат во ниедна линија, играат со памет и со срце, нешто што ме радува многу.
Бартон влезе во второ полувреме, ама исто како да не играше, морон, ама што да се прави кога никој не купија, мора да чуваат тепач и робијаш како него!
Како и да е, момците многу ме израдуваа со играта, па ако продолжат вака, дај Боже со нов газда и со некое засилување во драј на преодниот рок, се враќаме експресно!:vozbud:
Ама ај да не скокам пред време, за враќање во Премиер ќе правиме муабет околу Божиќ.

Come on you Magpies!
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Кироски...неможам да се сложам со тебе ама баш ич. ВБА создате 10 чисти шанси, среќа што Крул имаше свој ден. Одбраната катастрофа (само Енрике ми се свиѓаше) Смит не беше лош, Јонас катастрофа....али неможам, ама колку и да се трудам да гги потврдам твоите епитети...кондициски спремни (ниеден навивач на Њукасл што ги пратат редовно, зборуввам за англичаните од кај што читам, не би се сложил со ова), Бартон вчера се фатил за гуша со тренерот, Даф феноменален...Даф не бил феноменален уште од времето на Мурињо...играат со срце, последен пат Њукасл играа со срце 2002...

За новиот газда, тој што е последниот за кој се шпекулира Моат, понудил 30 милиони помалку од бараните 100 и малку е веројатно свињата да ја прифати таа понуда. Секој ден се повеќе и повеќе ме фаќа нервоза, пошто некако се подоле и подоле Њукасл тоне. До петок ќе се знае дали Њукасл ќе има нов сопственик или не... А тогаш или ќе продолжи да тоне, или ќе ни влее капка надеж дека може да го биде :)
 
Член од
10 јуни 2009
Мислења
1.422
Поени од реакции
401
1-1 добар резултат со ВБА и тоа во гости,добро знаеме дека Њукасл и ВБА се отпаднаа од премиер лигата во шампионатот и сега токму овие 2 екипа заедно со Миделзброу се сметаат за главни фаворити за титулата и за место кој води во највисокиот ранк на Премиер лигата,Верувам дека ке се пласирате :pishtoldz:nerv:
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Добро Радикал, во право си, ама верувај, ги гледам Њукасл нон-стоп и некако видов некоја пожртвуваност во нивната игра што ја немам видено од годините со Ширер, Солано и др. кога играа во лигата на шампионите!
Затоа се возбудив и ги испофалив толку :D, а за Крул пишав, он да не беше ќе не потопеа!
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Добро Радикал, во право си, ама верувај, ги гледам Њукасл нон-стоп и некако видов некоја пожртвуваност во нивната игра што ја немам видено од годините со Ширер, Солано и др. кога играа во лигата на шампионите!
Затоа се возбудив и ги испофалив толку :D, а за Крул пишав, он да не беше ќе не потопеа!
Изгледа ништо од Ширер и новиот газда... Прасето Ешли нашравил шортлист со 4 потенцијални тренери, О`Лири, Годрон Страхан, Алан Карбишли и уште еден четврти тренер кој е од стртанство (не се спомнува неговото име) и решил изгледа да не го продава тимот... во на ќерка му дундата!!!
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Кој сака нека го донесе за тренер, џабе му е кога не купи никого, само не напуштија главните играчи!
Само он да си отиде, нов богат газда до крајов на неделава и да се спаси преодниов рок колку што може да се спаси му е мајката!
Инаку, од овие ако треба да се бира, нека биде Страхам, па и Карбишли во краен случај, О'Лири никако!
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Ексклузивна фотографија од комплетниот овогодинешен состав на нашиот ни драг Њукасл....















 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Слика вредна 1000 зборови! Се е кажано веќе на таа тема.
Инаку, Њукасл го позајми одбранбениот играч на Манчестер Ј., Дени Симпсон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom