Зидан беше класа играч нема дискусија, ама за тренер да биде класа сакам да го видам во клуб каде што нема да има all star тим. Сигурен сум доминацијата во Серија А ќе ни заврши со Зидан и било кој др тренер кој не е италијанец а игра модерен фудбал. Тој тип на фудбал не врви во Италија. Алегри е тренериште и ќе го бараме назад. Ако сака сам да си оди е друга прича е тогаш би одел на Инзаги тренер кој има страшен потенцијал
Зидан добро го познава Италијанскиот фудбал, и мислам дека го потценуваш. Не го спорам и квалитетот на Инзаги, но Зидан во Реал победуваше не само што имаше all star играчи во тимот, туку беше добро познат и како одличен психолог, и човек кој знае да го извлече максимумот од играчот на терен, одличен мотиватор,
а и тактичар, што е доста битно за во Италија. Доколку, се одлучи да се менува тренерот од која било причина, мое мислење е дека Зидан е една од најдобрите опции.