Заслужена победа, можеше мноооогу поубедлива да биде, но и 3 се доста
Црвениот си беше заслужен, имаше и пенал, сега тоа што го промаши Пирло, не чини, но на секој му се случува. Добро што е на полесен натпревар, важно е да не се случува на некој поважен. Некако не беше сконцентриран на шутот.
Мислам дека поминавме добро, со оглед на тоа дека се враќаме со комплетна постава, нема жртви (освен Џакерини, но сепак е жив)
Маркизио супер, Џио добар гол, Погба имаше многу шанси а малку среќа. Сепак, супер одиграа. ПДЧ не одигра лошо, со оглед на вродената мана (2 леви нозе)... Се на се, помина како што беше очекувано, без проблеми.
Сега одиме на Шахтар, одиме по победа, а и со реми ќе бидеме задоволни. Само да се поминат групите, а после ќе бидеме и поопасни ^^
Па во следната во Италија ќе си биде Конте на клупата и се ќе биде како што треба.
Forza Juve!