У пм , легендата си отиде , не ми се верува.
Заедно со Зидан , тие се причина зошто почнав да навивам за Јувентус.Човекот , кој остана со нас кога беше најпотребно , и ја круниса својата кариера во Јувентус со титула која го врати неговиот тим на врвот , таму и каде што беше претходно.Немам зборови со кои би кажал све што мислам за него , единствениот играч кој добил 'standing ovation' на Бернабе и Олд Трафорд , единствениот играч за кој сите големи денешни фудбалери имаат само пофалби и говорат дека тој им бил идол кон кој се стремеле да го достигнат во својата кариера. Искрено претходната недела , прв пат после 2003 финалето во ЛШ сум плачел за фудбал , и тоа на овие години што ги имам сега. Се надевам дека по крајот на неговата фудбалска кариера ке дојде и ќе му дадат директорско место , бидејќи тоа е најмалиот подарок кој би можел да го добие.
И за крај : Un Cavaliere Non Lascia Mai La Sua Signora
Ce solo un Capitano ... Фала ти за се , ДЕЛ ПИЕРО