Ме фати некој инат, да му најдам целосна статистика на Амаури за сите натпревари од почетокот на сезоната до денес. Луѓе мои - БЕДА!
Амаури нема постигнато гол на последните 16 натпревари во сите конкуренции. Последниот гол го постигна против Сампдорија или попрецизно - на 28 Октомври 2009.
Последната асистенција исто така против Сампдорија на 28 Октомври 2009. Таа е прва и последна асистенција за Амаури од 17 август до денес, во сите конкуренции. Тоа се добри 30 натпревари.
Амаури на последните 13 натпревари има шутнато само 14 пати кон противничките голови. Тоа 1,07 шута по натпревар. Од последните 13 настапи на Амаури, човекот не успеал ниту еднаш да шутне на противничкиот гол на 8 утакмици или конкретно против: Бордо, Каљари, Баерн Минхен, Парма, Наполи, Интер, Лацио, Ливорно. На овие 13 натпревари само 2 пати стартувал од клупата, што значи сите останати му се од стартниот состав.
Катастрофален учинок. Срамно за 22.5 милионско засилување и уште посрамно за напаѓач. Единствено нешто што прави за време на натпреварите:
1. Ја тера косата зад уши
2. Прета со рацете лево - десно и горе - доле, како демек да им појасни на соиграчите каде требале да му ја додадат.
3. Расчистува на корнери или слободни удари.
Само за споредба.
Трезеге на 13 натпревари има постигнато 7 гола. Тоа е нешто помалце од секој втор натпревар гол за Трезеге или математички - секој 1,8 натпревар
.
Нема потреба да пишувам шутеви за Трезеге на противничките голови затоа што знаеме сите дека на Трезеге му се доволни од 1 до 3 шута за да постигне гол, независно за кој/каков противник се работи.
Мој совет е дека Амаури треба на лето да се продаде. Малку сум скептик за тоа кој ке сака да го купи, но ме радува фактот дека за Молинаро се најде клуб па затоа сум убеден дека и за ова дрво ке се најде некој што ке го прибере. Пред некое време ако не се лажам, Зампарини рече дека со отворени раце ке го пречека Амаури назад во составот.
Искрено, се надевам не негово заминување ова лето.