Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
аман за бога со овие формацииве веке немојт господ да се снајт ахха од каков тим на каков дојдовме на секој 2 3 натпревар да менвиме формација ццц
 
Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Извинете што ке се замешам ама морам да му реплицирам на членов...
Кој курац е бе тој дечкото од форумот ЈувеБалкан кажи ми ??
И јас можам да прочитам два три весника и да пролистам две три страни и некој форум на Интер и да го напишам истото,дека Интер е чист како солза,дека во Интер тече мед и млеко и дека немаме местено утакмици !!

Но !!
Ние сме никој и ништо во споредба со судиите,со полицијата која ги прислушкувала разговорите на Моџи и компанија поради сомневање за местење утакмици.Па така во еден разговор е фатен Моџи на дело.
Кршење на едно од основните права во модерниот свет,а тоа е правото на лична интима.Каде е тука судската дозвола на правното лице да ги прислушкува разговорите? Каде е оној формат по кој секој суд се води во секоја постапка? Одлуката е донесена во временски невозможно краток период , т.е. на одбраната не и е дадено доволно време да си го оформи случајот.А сето ова се случувало со цел да Јувентус биде префрлен во Серија Б пред да биде објавен шампионот на Италија,за да Морати го добие толку посакуваното скудето (кое по друг пат не можеше да го добие)
Доколку Јувентус и неговата управа навистина местела натпревари,зошто тогаш пред надлежниот суд не е докажан ниту еден натпревар во кој Јувентус бил директно инволвиран? Драги мои,Јувентус е казнет на основа на местење на натпреварот Јувентус-Удинезе.Но индиректно,не директно тој натпревар.Како? Всушност натпреварот од предходното коло е наместен Удинезе-Болоња.Судијата давал намерно жолти картони на играчите на Удинезе само да не би можеле истите да играат на следниот натпревар со Јувентус. Факт : На тој натпревар жолти картони добиле Пинзи и Ди Мишеле,но и двајцата не биле под закана за суспензија и двајцата настапиле во натпреварот со Јувентус ...
Сакате уште,или да застанам тука?

Дали тие докази се точни ? Дали истите претставуваат факт дека Јувентус играле прљаво ? Или според твојата логика, не е проблем тоа што Јуве очигледно играле прљаво, проблем е начинот на кој се стигнало до доказите. :tv:

И за болдираното, истото важи и за Палермо, Сампдорија, Болоња, Рома, Каљари и тн и тн ... :wink:

p.s. Берлускони знаеш каква моќ има во Италија, туку така ке дозволеше Интер и Морати да прават што сакаат во Калчото, дај бе ...
:pos2:
Ти важи нешто фактот што челниците на Интер обавувале над 100,000 повици годишно кон лица на FIGC (не зборувам за членови на истата,туку за судии -како линиски,така главни)
За Берлускони знам.Да немаше моќ,ќе отидеа и Милан во втора лига.Но не отидоа ...
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.932
Поени од реакции
45.042

Извор .... Јуве балкан.

Пишав и вчера, формирајте еден супер адвокатски тим заедно со Јуве Балкан и завземете место во историјата на Јуве, шо друго да ви кажам.

Целиот муабет ви е заснован на претпоставки, и дур вие претпоставувате вака ке биде онака ке биде ко пред Декември, оп, стига судска пресуда во која Џируадо е прогласен за виновен под основ, местење на натпревари.

Ајт.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Tuttosport пишува дека Мексес ќе биде првата опција за засилување во одбраната на Јуве ова лето. Како други опции се споменуваат Ташчи и Бонучи.
Мексес би било одлично засилување, еве сега и на гоал.цом видов каде што истотака пишува и за заинтересираноста на Пацини, а за Ташчи и Бонучи, не би сакал многу да коментирам само би рекол дека не се потребни, ако веќе купат млад дефанзивец нека биде тоа Кјаер, фантастичен е тој, а и мора да го вратиме Кришито!

П.С. Ве молам веќе престанете со Фарсополито(за другите Калчополи) веќе стана досаден овој муабетов, од првиот до последниот ако почнав ви ги знам ставовите и само се повторуваме цело време истиот муабет се врти.
 
Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Извор .... Јуве балкан.

Пишав и вчера, формирајте еден супер адвокатски тим заедно со Јуве Балкан и завземете место во историјата на Јуве, шо друго да ви кажам.

Целиот муабет ви е заснован на претпоставки, и дур вие претпоставувате вака ке биде онака ке биде ко пред Декември, оп, стига судска пресуда во која Џируадо е прогласен за виновен под основ, местење на натпревари.

Ајт.
Извор од италијанските медиуми и да сакаш не можам да ти дадам.Сите тие извори се директно контролирани од се-знае-кој.Ти важи нешто фактот што тужбата (во чиј прилог биле телефонските разговори) била веднаш одбиена како неоснована.Фамата е крената кога италијанските мемдиуми објавија вест за наводен калчополи.FIGC,под притисок на јавноста,решаваат да кренат истрага (на чело со луѓе со спремно сценарио) и случајот повторно оди на суд.Но не во Миланскиот (каде што веќе еднаш е одбиена тужбата) туку во Наполи.Е тука е донесена одлуката ...
Како и да е,да се расправам со вас немам намера.Насловот на темава е „Јувентус“,а не „фарсополи“ и сакам со останатите фанови на Јувентус да дискутирам за моменталните случувања во кои е инволвиран Јувентус.Доколку сте фан на Јувентус,повелете.Доколку не сте,повелете во својот фан клуб ...
Благодарам.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.932
Поени од реакции
45.042
Nune, значи ИСТИОТ муабет, од ИСТИОТ линк од Јуве балкан е веќе воден на ИСТАВА тема, е сега ти си најверојатно понов член па пак го начнуваш.

Реков и вчера, Се е кажано и од моја и од страна на оние '' постари '' членови тука, веќе преку глава ми е од еден ист муабет, единствената разлика од тогаш и сега е што плус Џируаудо е прогласен за виновен, толку.

Расчачкај ја темава ако не те мрзи и ке се увериш во ова што ти го зборам, нема смилса сеа ради 1 член кој не бил дел од дискусијата пред Декември минатата година повторно истите срања да се пишуваат на темава, што е најтрагично, од истите членови плус 1-2 нови.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Мексес би било одлично засилување, еве сега и на гоал.цом видов каде што истотака пишува и за заинтересираноста на Пацини, а за Ташчи и Бонучи, не би сакал многу да коментирам само би рекол дека не се потребни, ако веќе купат млад дефанзивец нека биде тоа Кјаер, фантастичен е тој, а и мора да го вратиме Кришито!
И Бонучи не е лош, но мислам дека Јуве треба да ангажира искусен елитен централен дефанзивец од типот на Мексес кој покрај Киелини би бил уште подобар од што е сега. Договорот му завршува во 2011 година и ако не го продолжи до лето со Рома веројатно ќе си замине. Играчот изјави дека сака да остани во Рома, но ако стигни добра финансиска понуда мислам дека Рома нема да ја одбие (со оглед дека се во долгови), а за Мексес мислам дека вреди да се дадат 17-18 милиони.

На денешниот тренинг се вежбала формација со 3 во одбраната.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Tuttosport ги обвинува лошите климатски услови во Виново како главна причина за повредите сезонава. Направиле студија која покажала дека температурата и влажноста на воздухот во Виново се за 12% повисоки од тие во Торино, а тоа би можело да биде причина за повредите.

Јас мислам дека не може да се обвини тренинг центарот како единствена причина за повредите. Тука е и самиот метод на тренинзи, исхрана и сл.
Најголемата грешка е што иако гледаа дека им се повредуваат премногу играчи, ништо не беше превземено за да се спречи тоа.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
По се изгледа ARPA (Институција за еколошко-геодетски работи) ќе го испитува теренот во Виново. Деновиве ќе имало средба меѓу претставници на АРПА и Жан Клод Блан и ќе се одреди датумот на кој ќе почнат испитувањата. Покрај тоа што теренот е тврд, и климата во Виново е многу различна од таа во Торино(иако Виново е во близина на Торино), ќе се испитува дали големата влажност на воздухот, маглата и тоа што во Виново е постудено од Торино има влијание врз многубројните мускулни повреди на играчите токму на тренинзите. линк

И со Дешамп, Раниери и Чиро повредите беа многубројни. Јас мислам дека најголема причина за повредите е тренинг центарот и медицинскиот тим. Дешамп, Раниери и Чиро најверојатно немале ист начин на тренинзи, но едно е заедничко а тоа се повредите.
 
Како и да е, ако утврдат дека тренинг центарот е непогоден, тоа ќе биде голем финансиски проблем да се замени со нов.
Знае ли некој кај новиот стадион дали градат и тренинг центар?
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ако климата,исхраната,методите на тренинзи влијаат неповолно врз физичката спремност на фудбалерите,не верувам дека теренот го прави истото-не се тренира на ливада туку тоа е современ центар,сигурно има дренажа на терените
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Како и да е, ако утврдат дека тренинг центарот е непогоден, тоа ќе биде голем финансиски проблем да се замени со нов.
Знае ли некој кај новиот стадион дали градат и тренинг центар?
Виново мислам дека го чинеше Јуве вкупно 800.000 до 1 милион евра, и мислам дека нема да има никаков проблем да се замени со нов, доколку се утврди тоа дека Виново е најголемата причина за повредите на Јувентус. Капело беше незадоволен од Виново, и на неколку пати изјави дека Виново иако ги има сите најсовремени реквизити за тренинг, сепак тврдата подлога не е погодна за тренинг центар, а во прилог на таа изјава на Капело, одат големиот број на повредени играчи токму на тој тренинг центар (80% од вкупните повреди изминатите 3 години се токму на тренинг), што мислам дека е доволен показател дека сепак нешто не е во ред со тренинг центарот. Нормално, неможе само тренинг центарот да биде виновен за огромниот број на повреди, но сепак мислам дека има најголемо влијание. Од моменталниве повреди (Трезеге, Јакинта, Поулсен, Маркизио итн) се повредени токму на тренинг сесија во Виново, и тоа сите (освен Јакинта) имаат мускулни повреди.

Веројатно новиот стадион има сопствен тренинг центар.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
По се изгледа ARPA (Институција за еколошко-геодетски работи) ќе го испитува теренот во Виново. Деновиве ќе имало средба меѓу претставници на АРПА и Жан Клод Блан и ќе се одреди датумот на кој ќе почнат испитувањата. Покрај тоа што теренот е тврд, и климата во Виново е многу различна од таа во Торино(иако Виново е во близина на Торино), ќе се испитува дали големата влажност на воздухот, маглата и тоа што во Виново е постудено од Торино има влијание врз многубројните мускулни повреди на играчите токму на тренинзите. линк

И со Дешамп, Раниери и Чиро повредите беа многубројни. Јас мислам дека најголема причина за повредите е тренинг центарот и медицинскиот тим. Дешамп, Раниери и Чиро најверојатно немале ист начин на тренинзи, но едно е заедничко а тоа се повредите.
Ако и климата е различна од Торино, тогаш тоа може да има и големо влијание на натпреварите, значи 6 дена тренираш на друга температура и на поголема влажност а седмиот ден играш во сосема други климатски услови сепак тоа е голема разлика, затоа и екипите идат на светски првенства 2 недели порано за да се приспособат на климата и ред други работи.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Ако и климата е различна од Торино, тогаш тоа може да има и големо влијание на натпреварите, значи 6 дена тренираш на друга температура и на поголема влажност а седмиот ден играш во сосема други климатски услови сепак тоа е голема разлика, затоа и екипите идат на светски првенства 2 недели порано за да се приспособат на климата и ред други работи.
Токму така, и тоа е причина. Според Тутојуве има големи температурни варијаци баш вo oвој период меѓу Декември и Јануари.

Исто така, Тутојуве го наведува случајот и со Јакинта и Буфон. Јакинта и Буфон се оперираа на колената, и беа подложени на тотално исти операции. Јакинта се направи прв, Буфон се направи подоцна. Иако Буфон се направи покасно операција од Јакинта, сепак Буфон се врати на терените, а Јакинта сеуште се опоравува од операцијата.:toe:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Токму така, и тоа е причина. Според Тутојуве има големи температурни варијаци баш вo oвој период меѓу Декември и Јануари.

Исто така, Тутојуве го наведува случајот и со Јакинта и Буфон. Јакинта и Буфон се оперираа на колената, и беа подложени на тотално исти операции. Јакинта се направи прв, Буфон се направи подоцна. Иако Буфон се направи покасно операција од Јакинта, сепак Буфон се врати на терените, а Јакинта сеуште се опоравува од операцијата.:toe:
Mислам дека настана одредена компликација кај Јакинта, ијако операцијата беше успешна, и закрепнувањето одеше добро, чинам пак се повреди при еден полесен тренинг. Не знам кои точно се причините за пролонгирањето на повредата на Јакинта, ама се надевам што побрзо ќе се врати на терените, и те како ни треба во моментов во нападот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom