Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.655
Поени од реакции
5.339
Немора да значи. :) Можеби само на прегледи бил,ако несакаат да го пуштат од Реал може нема да дојде.

Инаку ако дојде мислам дека тоа ке биде голем кикс(како во повеке наврати) на агентите за трансфери на Јуве.
Да да, во Шпанија немало доктори па дошол во Перуџа да се прегледа:))..Канаваро е нашето прво засилување..Се надевам дека по него ќе следи Диего и многу други...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
2:00 минута натаму..Снимката од медицинскиот преглед на Канаваро во Перуџа..Значи можам да кажам дека Канаваро е првото засилување за во новата сезона...
samo da ne ja isprska rabota brate
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Изгледа заборавивте на Дидие Дешамп многу брзо а Раниери беше голема грешка :helou:
 
Д

Демијан

Гостин
nikoj ne gozaboravi toa so go napravi za nas :helou::salut:
Никој нема да го заборави тоа што го направи и кога беше играч и кога беше тренер.Секоја чест,сепак мислам дека тој ќе беше многу подобра опција отколку Раниери.Понапаѓачки фудбал негува Дешамп и мислам дека со моменталниот тим што го има Јуве ги стигнал многу подалеку од Раниери,како и да е се надевам на многу подобра сезона за Јуве во наредната година!
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Послабо изигравте кога требасе најдобро да одиграте.

Барем наредната сезона да играте во Лига на Шампиони
 

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Ке играме наредната сезона во Л.Ш. А уште една голема грешка на управата веќе почнува да се официјализира. Канаваро во Јувентус:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
И Буфон покажува незадоволство од играта на својот тим:kesa:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.655
Поени од реакции
5.339
Никој нема да го заборави тоа што го направи и кога беше играч и кога беше тренер.Секоја чест,сепак мислам дека тој ќе беше многу подобра опција отколку Раниери.Понапаѓачки фудбал негува Дешамп и мислам дека со моменталниот тим што го има Јуве ги стигнал многу подалеку од Раниери,како и да е се надевам на многу подобра сезона за Јуве во наредната година!
Toчно е, ама сам си замина од Јувентус, не се согласуваше со Управата..Но, пред еден месец изрази каење зошто не продолжил и изјави дека тоа му беше грешка..

Газета
јавува дека на пол позиција за преземање на столчето на Јувентус е Спалети..Јас не се сложувам, и искрено мислам дека Раниери е подобар од Спалети..Ако се оди на нов тренер да се оди на нешто подобро а не од исто на полошо...
Исто така се спомнуваат имињата на Ферара како еден од поглавните фаворити, после на Конте, Балардини од Палермо и Џампаоло од Сиена...

А исто така Газета го поврзува Раниери со столчето на Спалети во Рома...

Спалети нема да донесе ништо ново во Јувентус, и мислам дека го нема она што му е потребно на Јувентус во моментов..Авторитет..Му виси столчето во Рома, и мислам дека би било голема грешка неговото носење во Јувентус..Инаку, според Газета, веќе била донесена одлуката да Раниери си оди од Јувентус, но тајмингот не се знае..Во случај на пораз од Милан, Раниери ќе биде сменет уште одма, и на негово место ќе биде назначен Ферара како привремено решение, инаку ќе си оди од Јувентус на крајот од сезоната...

Мислам дека Прандели, Конте или Гасперини го имаат она што му е потребно на Јувентус...

Инаку старото намерно не дава отказ, зошто кога ќе даде отказ автоматски му завршува договорот, а ако добие отказ Јувентус е должен да го плаќа до крајот на договорот, или до пронаоѓањето на друга работа..

Моџи имаше добра практика..Со Липи и Капело потпишуваше договори од година за година, така да ако се случи нешто да не мора да му плаќа за лежење пари...

Инаку, Претседателот на Палермо го обвини Дел Пиеро дека не му поддавал доволно топки на Амаури и бил себичен..

Искрено, Дел Пиеро е себичен играч, да бидеме реални..Се себичи и кога ќе е е во форма (за тогаш му простувам), ама и кога не е во форма, и со тоа троши многу употребливи топки..Кога ќе види дека не му оди нему, тој треба да му помага на другите, а не сите топки да ги троши тој а не му оди, додека некој друг чека топка за да распали...

Официјално, за против Милан се враќаат Киелини, Тиаго, Молинаро и Маркизо...
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Немора да значи. :) Можеби само на прегледи бил,ако несакаат да го пуштат од Реал може нема да дојде.

Инаку ако дојде мислам дека тоа ке биде голем кикс(како во повеке наврати) на агентите за трансфери на Јуве.
Реал неможе да гозабрани ... тој нема веќе договор со Реал ( до 31 мај има ) ... после тоа тој е слободен играч ... и како таков може да оди каде што сака. Канаваро ќе биде огромно засилување ... заебете вие тоа што игра во Реал ... кога ќе се врати во Јуве ќе биде тип топ.

БЕНТОРНАТО ФАБИО

Според гоал.ком Раниери ќе биде отпуштен доколку Јуве загуби од Милан.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.655
Поени од реакции
5.339
Моџи во својата колумна го кажа своето мислење околу работите кои се случуваат во Јувентус...
“Поради она што се случува со Јуве не мпже сета вина да му се препише на Раниери.”
“Јасно е дека постои одговорност кај менаџментот, но и кај сопствениците поради редизајнирање на кадарот, и ставање на луѓе на несоодветни позиции.”
Инаку се шушка дека ќе има размена на тренери меѓу три тима:

Спалети во Фиорентина
Прандели во Јувентус
Раниери во Рома...
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.887
Поени од реакции
8.749
Моџи во својата колумна го кажа своето мислење околу работите кои се случуваат во Јувентус...
Инаку се шушка дека ќе има размена на тренери меѓу три тима:

Спалети во Фиорентина
Прандели во Јувентус
Раниери во Рома...
најлошо за Рома најдобро за Јуве:helou:
 
Член од
13 март 2009
Мислења
17
Поени од реакции
1
Каква грешка направија со Канаваро, се прашувам дали управата е на некои тешки дроги. И се прашувам како можат навивачите во Торино да ќутат за ова, и да не протестираат? Да вратиш играч на крај на кариера на најтрофејниот Италијански клуб, кој си отишол кога на клубот му беше најтешката сезона во историјата, обично наидува на негативни коментари од страна на сите. За тоа нема оправдување. Тоа што Канаваро се правдал пред новинарите за да си го обели образот нема никаква врска. И да управата рекла дека ќе го продава, можел да рече дека сака да остане и да помогне во Серија Б, не да фаќа штикла за Мадрид уште следниот ден. Ова стварно ме навреди како навивач на Јувентус, и се надевам дека уште летово ќе си отидат Раниери, Џили и компанија.
 
Д

Демијан

Гостин
Спалети мислам дека е најлошиот тренер што може да го донесе Јувентус на тренерската позиција.Рома со овој состав што го има оваа и минатата година кој според мене е подобар состав од тој на Јувентус треба со сигурност да му биде загарантирано учеството во ЛШ а и да се вмеша во борба за титулата(како што направи и Јуве).Значи таков тим како на Рома е предводен од Спалети и нема никакви резултати.Раниери е подобар тренер до Спалети.Рома ја кочеше само тренерот.Има играчи како Мексес,Де Роси,Тоти,Аквилани,Вучинич,со такви играчи срамота е да не се квалификуваш во ЛШ,а за тоа директен виновник е токму Спалети.

Гасперини е исти тип на тренер како Спалети,Раниери.Со малите тимови прави некои успеси,ама сепак не е тренер кој може да води тим со ѕвезди како што ги има во големите тимови,го нема тој авторитет.Башка и во вакво слабо калчо и не е некоја мајсторија да котираш високо со тим како Џенова.Сепак овој тим е далеку од слаб тим.Паладино,Крискито,Мота,Милито и ред други се солидни играчи за разлика од оние кои играат во помалите тимови(Сиена,Реџина,Киево).Ни тој не е за во Јувентус.

Е сега Прандели.Лично многу го почитувам овој тренер и е еден од најперспективните млади тренери во Италија.Други ултрас го сакаат има каков таков авторитет во Италија за разлика од Раниери.Има настапувано за Јуве што исто така е голем плус.Го вади максимумот од Фирентина кој е веднаш зад најголемите тимови во Италија.Доволно добар за тренер на Јувентус!

Кога ќе сумирам се,Спалети и Гасбарони несакам да ги видам во Јувентус поради тоа што ќе бидат иста приказна како Раниери.Раниери сакам веднаш да поднесе оставка,ама нема да поднесе заради што сака да ги земе парите кои му следуваат(истото го направи и со Валенсија).Тренер треба да се бира помеѓу Конте и Прандели.Јас повеќе сум за вториот само поради поголемото искуство.Конте е Конте легенда на Јувентус секако дека и тој би сакал да дојде во Јувентус.

Како и да е, се надевам дека управата ќе знае што прави при изборот на тренерот,и ќе го одбере најдоброто решение за Јувентус!

Меѓутоа несмееме и да го заборавиме најважниот дел,а тоа се засилувањата!Канаваро за него секој има различно мислење.Го сакав кога играше во Јуве и кога замина највеќе ми беше жал.Не го сакам во Јуве не само заради тоа што си замина,мислам дека е и стар за во Јуве.За привремено решение е добар.Диего ми е најголема желба да потпише со Јувентус меѓутоа да не збориме пред време.Кога ќе го видам на промоцијата ќе можам да кажам.Ѓ

Сум спомнал и во претходните мои постови дека најболни точки ни се бековските позиции и партнерот на Сисоко во средината.Крискито би бил добар за замена на Молинаро,ама балетанот Григера ми боде очи.Под итно за него треба да се најде замена.

Значи со 4 засилувања на најболните позиции и со добар тренер би требало да се вратиме на врвот во Италија,каде што секогаш сме припаѓале!Чекавме 2 години да се вкомпонира и создаде добар тим,мислам дека е во завршна фаза создавањето на тим кој доликува да ги брани боите на Јувентус.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom