Sluzbarski
Македонец
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 3.364
- Поени од реакции
- 78
мило ми е ако го осеќаш исто што и јас за Алекс,меѓутоа критики можи да даваме за тренерот и играчите како Амаури,Мело,Легротаље,Каморанези,ама за Дел Пиеро тоа е неприфатливо!!! потсети се колку години има и шо сакаш ти од него?! има замена во редовите ама кој дудук го имаме за тренер па не сака ни да чуе за него(или е таква наредбата од управата,да се форсираат скапите засилувања-наспроти небрусените дијаманти како Џовинко...сигурен сум дека младиот Џовинко е поталентиран од еден Педро од Барса,но...) Дел Пиеро можеби никогаш нема да си ја врати формата,ама да плукам по него ни на крај памет !
Види другарче, многу добро знам кој е Дел Пиеро и што значи тој за овој клуб, Але е една од причините поради која навивам за Јуве од кога знам што е фудбал. Во моментов најдобро за тимот е Але да не игра, човекот не е во форма, се врати после долга повреда и не може да му помогне на тимот како што можеше пред некое време. Нека ја врати формата со напорен тренинг и ќе бидам најсреќниот наивач на Јуве кога ќе го гледаме како дава голови. Со формава со која игра само сам се бламира и срами, и не сакам да го гледам Мајсторот во такво издание. Има одлична замена за него и таа не се користи! Тоа е тоа што ме нервира. :smir: