Под вакви околности и со вакви бледи изданија, Чиро нема друго чаре освен да менува нешто.
Во истава формација која што се игра јас би направил неколку измени.
Одбраната би ја оставил како што е. Тоа е, Гросо, Канаваро, Киелини и Касерес - најдобрата можна задна линија во моментов.
Во средината, покрај Сисоко да игра Маркизио. Мело да седне малце на клупа да се олади, да ја разбистри главата, да одмори малце од напорното лето. 3-4 натпревара да стартува од клупа и сигурен сум дека повеке би си го ценел местото на теренот. Не би го ставил Поулсен затоа што не би играл баш со двајца класични кољачи. Не дека таа опција е лоша но сметам дека би се добило повеке на квалитет отколку квантитет со Маркизо во линија со Сисоко. Згора, кога играше Маркизо кога беше повреден Сисоко, имавме добри изданија и солидно функционираше таа тројка со Мело и Каморанези.
Во напаѓачкиот дел од средината, нормално би ги оставил Каморанези и Диего. На лево крило би го играл Џовинко. Малиот гори од желба да се докаже, но никако да сврзе повеке од 2 натпревара како стартер. Еве, сега би имал шанса кога Дел Пиеро е далеку далеку од формата. Нека трча нека се бори, нека понесе дел од товарот на Диего како знае и умее.
Во нападот останува Амаури со оглед на фактот дека немаме друг здрав напаѓач. Доколку се забележи подобрување кај Дел Пиеро тој би дошол во комбинација или пак ако некој од Јакинта и Трезе се врати во меѓувреме.
Сакале или не да признаеме, Амаури моментално не знае пешки да оди. Она што го говоревме за Трезеге на почетокот дека е како дух на теренот, денес тоа важи за Амаури. Без разлика на тоа колку лошо игра Трезеге или колку лошо и тешко му оди на тимот (како во овие моменти) Трезеге нема шанси а да не постигне гол на 2-3 натпревара ако игра константно. Тоа е главната разлика меѓу него и Амаури. Амаури игра најконстантно од сите напаѓачи а има најмалку постигнати голови (со исклучок на Дел Бој кој играше само еднаш) оваа сезона.
Работите и не се баш како што очекувавме. Во ек на сезона сме и нешто мора да се менува, а тоа да се направи брзо затоа што нема мн време за адаптација.