vucko
JuveManiac
- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 192
- Поени од реакции
- 23
Ај и ја да кажам збор-два за утакмицава со Грузија... Мора да се менува тактичата поставеност и воопшто да се преиспита целата селекција на фудбалери, која Mr. Lippi ја изготви за претстојните натпревари до комплетирање на фазата по групи, доколку сака - работите да течат малку полабаво и растеретено од притисоци... Не го критикувам и навредувам Lippi himself за кој имам неопислив респект, туку кажувам дека баш на вакви натпревари со - ако сакате вака - реално послаби противници, треба повеќе шанса и доверба да добијат играчи кои го заслужија повикот за во репрезентација - реферирам на дел од младинците до 21 и до 23 год. кои со својот успех во Toulon - успех кој никој неможе да го оспори и кој само ги отвара вратите за најзаслужните поединци во сениорската селекција!
Имено, и неук гледач и лабилен познавач на фудбалската игра, би го забележал стерилниот пристап и ако сакате - дотраеноста на Итаљанскиот фудбал во целина, но секако, би го забележале и потенцијалот и современиот фудбал во нозете на овие млади таленти (Giovinco, Marchisio, De Rossi, Baloteli, Santon, De Silvestri, Aquafreska, Macheda, Bellusci, Pasquato), кои според мене порано(најдобро)-подоцна(касно е!) мора да се стекнат со тоа првично искуство - на терен, а не пред TV или на клупа! Иако сум добар познавач на тактиката на Lippi (од Јувентус) и неговата способност во решавачките моменти да го истакне квалитетот, сепак и неговиот стил (како и на сите ние смртници) има грешки и мора да се приспособи кога-тогаш на модерниот фудбалски правец, правец кој се повеќе се стреми кон враќање на фудбалот кон оние убави за око - течни и воиграни акции, непопречени од строгите фудбалски тактики. Впрочем ако сите забележувате, се почесто се прменува тактика и систем на одбрана во која сите фудбалери учествуваат подеднакво, т.е. се практикува се повеќе тимскиот систем на одбрана, во кој тактичката поставеност на самите играчи (кога се во т.н. off-the ball позиција, т.е. кога се бранат) повеќе не е ослонета само на играчите задолжени за дефанзивните задачи, туку повеќе на целиот тим во целина! За разлика од овој систем, Итаљанскиот сеуште го користи веќе здосадениот и дотраен систем - catananacio ("чистата" област) и онаа до бескрај стерилна додавачка тактика - збунити непријатеља, па затоа и ја има репутацијата - најглумачка школа во Европа!
Тој имиџ се трга со следење на светските фудбалски потреби, слобода во играта на самите играчи и нивна реализација, а сето тоа само со одлучна рака на современ тренер и со напорна работа - во и надвор од терените, може да се постигне и да донесе успех - нешто за кое најголем факт ви е тренерот на Јувентус - Ciro Ferrara - современ познавач на потребите - тренер со тренд-сетерски квалитет, а со одлично совладана стара добра школа!