Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Abe toa so go vidov vcera od juventus dokaza deka mozat da se spravat so site timovi od seria A...samo kje treba da se poraboti na slucajot so Milan bidejki i vo nivnata mreza treba da se redat golovi!!!:wink:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Јувентус доволно добро изиграја. Играја првото полувреме „малку“ повлечено и зато каљари имаја некаква офанзива ама сепак се виде дека неможеја да дат гол освен од пенал (за кои морам да кажам дека беа заслужени). Инаку незнам колку мина од вас го гледаја мечот на Интер со Емполи. Интер играше многу полошо и од јувентус па победи со 2:0. Во секој случај и едниот и другиот тим мора да поработи ако сакаат да ја освојат лигата.

п.с. играта на алмирон не ми се бендиса многу се надевам кје се среди. и токму во тој дел (тој и занети) се осеќаше голема дупка во тимот.

п.п.с. браво за милан и фиорентина :) само со Рома го делиме врвот(засега:vozbud:).
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.481
Поени од реакции
5.451
1.Јувентус - (браво)
2.Рома - (можеше да се очекува)
3.Милан - (ќе стигне и прв)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
го извадивте г'зот у последен минут, без никаква игра однесовте три бода за торино. Но тоа е тоа сеа и вие и мие(рома) имамо по шест бода а за 2 кола доаѓате на олимпико за да ви покажеме дека е рано за да земата титула во серија а, оти лани бевте во серија б.

Може да ми кажете со кого игра наредно коло јувентус?
А? Тебе последниот гол ти личеше на вадење г`з? Мене па повеќе на тоа ми личеа пеналите на Каљари. Со пенали и само со пенали да заминеш од стадион, срамота е. Што не имаа г`з еден нормален гол да дадат? Повеќе од половина натпревар се играше пред голот на Јуве, и да неможат да изреализираат нешто од тоа? Неможеа од Буфон? Е па не ... леле колку ѕвер голман, не ми се верува! Видовте на крај како се сончаше и кулираше на стативата? Сум се смеела сама како луда со полно срце!

Abe toa so go vidov vcera od juventus dokaza deka mozat da se spravat so site timovi od seria A...samo kje treba da se poraboti na slucajot so Milan bidejki i vo nivnata mreza treba da se redat golovi!!!:wink:
Како што веќе некој напиша, и Милан ќе си дојде на ред ... ехехее ...

Туку за натпреварот вчера ... е значи ептен добро второ полувреме, фудбал што вреди да се гледа. Неколку мои коментари за дешаванките ...
-Пеналот што го повлече судијата во второ полувреме ... добро што го повлече ... дал беше пенал тоа мамата! Многу се изнервирав само тогаш, мило ми е што се среди на време пред да искршам нешто по дома.
-Смешка ми беше после тоа вториот гол на Јуве ... таман си кажува коментаторов дека ја забавуваат играва Јувентус, се се успори и оп несакајќи гол ... со солзи сум се смеела, ги сакам значи! Треба да си мајстор за да не утнеш таков спонтан и непланиран гол ... ах Дел Пјеро срцка ...
-А и да ... третиот гол на Јувентус ... Келини мадафака браво! Неочекувано им го даде најубаво ... мх, мх, мх, мх, мх!
Многу добар натпревар со еден збор!:vozbud:

Форца Јуве!:bilder: :bilder: :bilder:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.743
Поени од реакции
9.749
Следни ни се Удинезе на домашен терен. Ќе ги снемогнеме кутрите :staki:
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Капитенот на Јувентус Алесандро Дел Пјеро доби уште едно признание за успесите во својата фудбалска кариера. Овојпат тој ја доби наградата „ЗлаТна Копачка 2007“ од Клубот на светски шампиони во Монако кој традиционално го доделува ова признание. Дел Пјеро собрал најмногу, над 30.000 гласови во изборот каде фудбалерите мора да имаат над 29 години и да постигнале успех во изминатиот период.
Дел Пјеро успеа да ги победи Роберто Карлос, Дејвид Бекам и Паоло Малдини.

Членот на Јуве сега ќе остави отпечатоци од своите стапала на главната улица во Монте Карло, каде ваквата чест веќе ја имаа Герд Милер, Паоло Роси, Марио Кемпес, Ромарио и Христо Стоичков.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Капитенот на Јувентус Алесандро Дел Пјеро доби уште едно признание за успесите во својата фудбалска кариера. Овојпат тој ја доби наградата „ЗлаТна Копачка 2007“ од Клубот на светски шампиони во Монако кој традиционално го доделува ова признание. Дел Пјеро собрал најмногу, над 30.000 гласови во изборот каде фудбалерите мора да имаат над 29 години и да постигнале успех во изминатиот период.
Дел Пјеро успеа да ги победи Роберто Карлос, Дејвид Бекам и Паоло Малдини.

Членот на Јуве сега ќе остави отпечатоци од своите стапала на главната улица во Монте Карло, каде ваквата чест веќе ја имаа Герд Милер, Паоло Роси, Марио Кемпес, Ромарио и Христо Стоичков.
Секоја чест Алесандро.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Браво ѕверу :aplauz: е сега се извадиле ова она...абе трпете ние имаме шест бода од две кола,а вие? :baeh:


Јуве има сили за титулата
Шефот на стручниот штаб на Јувентус, Клаудио Раниери, е сигурен дека неговиот тим има сили за освојување на шампионската титула во Серија "А", а оптимизмот го темели на драматичниот триумф против Каљари во претходното коло од Серија "А". "Бјанконерите" беа пред нерешен резултат на стадионот Сант'Елиа, но Џорџо Кјелини со гол во последните моменти им донесе победа за задржување на стопроцентниот ефект на стартот од сезоната.

"Кој и да го носи дресот на овој клуб и без разлика на тренерот, сите мора да размислуваат на Скудетото. Ние сме тим во создавање, загубивме неколку големи шампиони, но можам да кажам дека сме на вистинскиот пат и сите сме гладни за успех. Наша цел е да ги вратиме титулите што му беа земени на Јувентус минатата година и да потврдиме дека сме ги заслужиле со игрите на теренот. Сега сум сигурен дека имаме квалитет за такво нешто", изјави Раниери, кој особено го потенцираше Мауро Каморанези како најдобар играч на Јувентус на дуелот во неделата.

Во трите официјални натпревари од почетокот на сезоната, Јувентус има максимален ефект со тоа што победи на двете средби во Серија "А" против Ливорно и Каљари, како и онаа со Парма во рамките од Купот на Италија.


...ова е изјава на шампионски тренер без сомнение :eek:lee:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.481
Поени од реакции
5.451
Дел Пјеро најдобар меѓу ветераните
Италијанскиот репрезентативец Алесандро дел Пјеро во понеделникот беше прогласен за најдобар фудбалер во светот на возраст од над 29 години. Свеченоста по повод доделувањето на оваа награда се одржа во Монте Карло, а Дел Пјеро го доби признанието од принцот на Монако, Алберт. Во рамките на манифестацијата, Италијанецот остави отпечаток од своето стапало на познатото Шеталиште на шампионите во Монте Карло.
Во изборот Дел Пјеро тесно го победи бразилскиот дефанзивец Роберто Карлос, додека Дејвид Бекам и Паоло Малдини исто така добија пофалби од стручњаците кои учествуваа во анкетата на интернет-страницата на Златната копачка. Италијанецот добил вкупно 30.199 гласови.
Ова беше петто издание на Златната копачка за фудбалери над 29 години. И на претходните четири доминираа фудбалери од Серија "А" имајќи предвид дека во 2003 година признанието го доби Роберто Баџо, потоа Павел Недвед, Андриј Шевченко, а лани Роналдо, кој сега игра во Милан.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom