Раниери дава зелено светло за транферот на Диего
Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Јувентус, Клаудио Раниери дал зелено светло за комплетирање на трансферот на Диего од Вердер
Извештаите што пристигаат од Италија говорат дека Диего е врвот на листата на желби на Старата Дама, на која покрај Бразилецот се наоѓаат и Давид Силва од Валенсија и Рајан Бабел од Ливерпул.
Gazzetta dello Sport и
La Stampa пренесуваат дека тренерот на Бјанконерите, Клаудио Раниери дал зелено светло за реализација на ваквиот трансфер.
Претходно стратегот велеше дека Диего не се вклопува во неговите тактички замисли и дека ќе треба да го промени начинот на игра за да се комплетира ваквиот трансфер.
Но весниците велат дека Раниер сега планира да го употреби Бразилецот како замена за ветеранот Недвед, и покрај неговата стандардна позиција (офанзивен играч во редот за врска веднаш зад напаѓачите) да го игра и по левата крилна позиција.
Се шпекулира дека Јуве е подготвен да одвои околу 25 милиони евра за да го ангажира Диего, сума која ќе одговара и на Вердер Бремен.
Играчот има договор со клубот до 2011 и Старата Дама ќе се обиде што побрзо да го комплетира договорот за да избегне конкиренција и со други заинтересирани екипи следното лето.
Алесио Секо веќе има стапено во контакт со агентот на Диего и се претпоставува дека односите помеѓу двете страни се ’добри’.
Но Јуве исто така подоготвува и план Б деколку не успеат во ангажманот на Диего а како најинтересни опции се, Давид Силва и Рајан Бабел.
Нивната вредност на пазарот отприлика е иста колку и на Диего и се движи од 20-25 милиони евра.
Дали ке рокне добро трансверче или е уште една глупа шпекулација ???
Ајде да се надеваме дека на добро ке ни тргне годинава