Esobar
Македонија над СЕ !
- Член од
- 12 февруари 2008
- Мислења
- 4.895
- Поени од реакции
- 453
Раководството на италиански Јувентус, најави дека во иднина нов тренер на тимот посакува да биде Чезаре Прандели. Амбициите на раководната структура на тимот беа објавени уште пред некоја недела кога се насети кризата во „Старата Дама“, а сега само и официјално се потврдени. Според претседателот на тимот, Коболи, Прандели од следното лето би требало да седне на кормилото на „црно-белите“, откако годинава ќе ја заврши сезоната со Фиорентина. Инаку, Прандели има активен договор со „виолетовите“ до 2011 година и засега не се огласи по понудата на Јуве.
Покрај Прандели, Јувентус за следната сезона ќе се обиде во тимот да го донесе и Монтоливо, како замена за ветеранот Недвед кому оваа му е последна сезона во активниот фудбал.
Покрај Прандели, Јувентус за следната сезона ќе се обиде во тимот да го донесе и Монтоливо, како замена за ветеранот Недвед кому оваа му е последна сезона во активниот фудбал.