Буфон: Не сум во состојба да го напуштам Јуве
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави денес за официјалната веб страница на клубот дека не е способен да го напушти клубот при било какви услови.
Буфон истакна дека Јувентус е се за него и ќе игра во клубот се додека не почувствува дека е непожелен таму
.
"Јувентус ми значи се и ако не ме сакаат повеќе не знам што би правел. Можеби би се пуштил во менаџерски води"- изјави шеговите Џиџи.
"На 30 години еден фудбалер размилува постепено да ја завршува кариерата некаде. Тоа им се случува и на најдобрите"- додаде голманот
.
"Сега единствено што сакам е повторно да освојувам во дресот на Јуве"- заврши Буфон.