le dojdov do mnogu iteresna informacija sevcenko od utre se vraka vo milan
Најверојатно летната сапуница на релација Шевченко - Милан ќе заврши утре, откако фудбалерот ќе се врати во поранешниот тим на едногодишна позајмица.
Нагаѓањата околу враќањето на Шевченко во Милан навистина можат да се споредат со сапуница. Поради бескрајните прогнози дали ќе се врати, дали сопствениците на клубовите ќе се договорат, дали неговата сопруга сака да живее во Италија и така натаму можеме слободно да го споредиме со ’Касандра’ или ’Другата во мене’...
Во сапуницата Шевченко никој не е убиен, а среќниот завршеток за главната улога е се поизвесен.
Со доаѓањето на Шева во Милан ќе настане вистинска гужва во нападот. Тука ги имаме: Кака, Инзаги, Видуез, Роналдињо, Пато, Шевченко, Палоски и Бориело, а се очекува дека последните двајца ќе си заминат од клубот.
Росонерите толку многу се залагаа и преговараа со Џенова за да го вратат Бориело, а сега се најдоа во ситуација каде воопшто не им е потребен.
Колку е паметно да се доведе скоро 32-годишен играч и да се ослободи Бориело челниците на Милан најдобро си знаат. Времето ќе покаже дали ова е паметен потег... hahah koj haos bi bil :pos2: