Амаури на пат за Торино Напаѓачот на Палермо, Амаури овој вторник ќе патува за Торино каде се очекува да направи медицински преглед како финален дел од трансферот во Јувентус
Бразилецот ќе потпише договор вреден 2.5 милиони фунти годишно и ќе биде дел од тимот на Старата Дама во наредните четири години. И покрај проблемите во преговорите со Палермо, Амаури сепак ќе се пресели во Торино, за што лично гарантираше претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини. Овааа зделка во себе ги вклучува и Антонио Ночерино, како и Давид Ланзафаме кои од следната сезона ќе играат во тимот на Палермо. Во меѓувреме пак, Јувентус се заинтересирани и за уште еден играч на Сицилијанскиот клуб, Андреа Берзагли.
И Фиорентина се исто така заинтересирани за Берзагли, но
Палермо сепак се решиле да ја замрзнат 6 милионската понуда на Виолетовите, бидејќи од таборот на Старата Дама им понудиле дури 10 милиони фунти.
Неодамна Берзагли изјави дека би сакал да игра за Фиорентина следната сезоан, но сепак и покрај неговите желби останува да видиме дали Зампарини сепак ќе го понуди на оној кој ќе плати повеќе, Јувентус.
Фабрицио Колочини е уште една мета на Јувентус за ова лето, но Реал Мадрид и Барселона се во мала предност пред Старата Дама кга е во прашање играчот на Депортиво Ла Коруња.