Vetrence
...believe in yourself! :)
- Член од
- 2 јули 2007
- Мислења
- 7.469
- Поени од реакции
- 676
Бразилскиот напаѓач од Палермо, Амаури е на добар пат да стане фудбалер на Јувентус уште овој месец, соопштија медиумите на Апенинскиот Полуостров. Во текот на вчерашниот ден во Милано дошло до средба меѓу шефовите на двата клуба Алесио Секо и Мауро Ѕампарини кои, наводно, ги договорите деталите околу трансферот на Амаури.
Неофицијално, Палермо за да го продаде својот најдобар стрелец бара 25 милиони евра, но Ѕампарини би бил задоволен кога би добил 18, плус половина од правара на Рафаеле Паладино. Втора работа е тоа што претседателот на Палермо имаше намера да го продаде Бразилецот по завршувањето на сезоната, меѓутоа ако Јувентус "запне" да го донесе во јануарскиот преоден рок, тоа најверојатно ќе се случи уште сега.
Амаури, за кого интерес во последните неколку месеци покажа и Милан наскоро може да добие италијанско државјанство и дури да заигра за "аѕурите" што би ја забрзало процедурата околу трансферот во Јувентус.