Фантастика

Член од
19 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
20
Има некоја интернет книжарница која продава ф и нф книги?
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
25
Поени од реакции
0
Воа е за некој што ја има прочитано Нарнија на англиски. Одамна ја прочитав Нарнија првиот дел на македонски и некако воопшто не ми се допадна. Многу детска, мислам многу детско раскажувањето, а не приказната. На англиски ја немам прочитано бидејќи не ми се чита на пц книги, очи да вадам. Е дали и другите книги Нарнија се детски или првиот дел е таква или пак само поради преводот ми остави таков впечаток ?
Иначе фан сум на фантастични книги. А Автостоперски водич низ галаксијата ми е најглупавата книга до сега што сум ја прочитала. Приказната ми се допаѓа али оние делови што треба да се смешни ми се безврска. А пак филмот, тотален промашок (нели има и филм).
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52

Нарнија се воглавно книги за деца и претставуваат некаков вид алегорија на христијанството.Книгата Автостоперски водич низ галаксијата ја немам читано иако планирам некаде во иднина да ја читам, што се однесува до хуморот во книгата мислам дека тоа е субјективно нешто што за некој е смешно за друг не е смешно.

Има некоја интернет книжарница која продава ф и нф книги?
Мислиш на македонска книжарница или општо?
 
Член од
19 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
20
па да македонска од каде можеш да порачуваш книги(онлајн)
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
па да македонска од каде можеш да порачуваш книги(онлајн)
Не знам за онлајн ама мислам дека може да се порачуваат книги преку англискиве книжари(Икона и English Center) кај нас, а за други немам информации. Иако од Икона имам порачано една книга пред три месеци и уште нема стигнато не знам дали и воопшто ќе стигне.
 
Член од
19 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
20
А може да ми дадеш телефонски број од овие книжари? случајно ако ги имаш хехе :3
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Еве листи на книги добитници на најпрестижните награди за фантазија и научна фантастика(Хуго,Небула,Филип К Дик итн).

http://www.nebulaawards.com/index.php/awards/nebulas/, http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_joint_winners_of_the_Hugo_and_Nebula_awards, http://en.wikipedia.org/wiki/Hugo_Award_for_Best_Novel, http://en.wikipedia.org/wiki/Hugo_Award_for_Best_Novel, http://en.wikipedia.org/wiki/Philip_K._Dick_Award, http://en.wikipedia.org/wiki/Locus_Award, http://en.wikipedia.org/wiki/World_Fantasy_Award, http://en.wikipedia.org/wiki/Gandalf_Award.

Еве уште некои. Овие две го носат името на големи автори на нф и ф кои се од неодамна починати(пред 2-3 г.), едниот е легендарниот е Сер Артур Чарлс Кларк, а другиот е Дејвид Гемел, автор на фантазија, историска фантазија.

http://www.clarkeaward.com/, http://en.wikipedia.org/wiki/Arthur_C._Clarke_Award.

http://gemmellaward.com/ (бидејќи оваа награда е прилично нова единствениот и прв автор кој ја има добиено оваа награда е полскиот автор Андрзеј Сапковски(Andrzej Sapkowski) со книгата Blood of Elves(Krew elfów). Можеби авторт ви е познат доколку сте ја играле The Witcher која патем е одлична игра.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Да не знае некој каде да ја најдам книгита Brave New World (Прекрасен Нов Свет) од Алдус Хаксли? Каде може да се најде на македонски, а ако може и на англиски што е уште подобро? Книгава ја барам со месеци.

Исто и Ние од Евгениј Замајатин, каде може да се најде и оваа книга?
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Случајно некој да не знае кај можам да најдам Star Wars книги, на пример во Солун или Белград или на друго место во соседниве земји?
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Може некој да ми препорача книга во која се обработува тема околу крајот на светот и после тоа? по можност да крајот на светот да е предизвикан поради војна однапред благодарам :smir:
Пост-апокалиптични сценарија?

Ова мислам дека ќе ти биде од некоја корист:

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_apocalyptic_and_post-apocalyptic_fiction

http://listverse.com/2009/02/12/10-great-post-apocalyptic-science-fiction-novels/

Се согласувам со тебе дека овој жанр е потценет кај нас, но не само кај нас туку и во западните земји иако во помала мера.
Во западните земји во најмала рака има барем посебни продавници за литература од фантазија, научна фантастика, или било кој друг вид на фикција. Имаат дури и посебни продавници за стрипови, визуелни романи и графички новели. Имаме ние нешто близу на тоа да се пофалиме? Немаме.

Најчесто на луѓето кога ќе им се спомне фантазија тие помислуваат на детска литература. Проблемот кај нас што се преведуваат незначителен број на вакви дела, а и малиот број што е преведен не поседува некаков квалитет(со одредени исклучоци). Кај нас прво треба да биде напревен филм од некоја позната книга па потоа се преведува делото без разлика дали поседува квалитет или не.
Се согласувам потполно со тебе за ова. Тажната реалност кај нас кога станува збор за книги од таков тип.

Љубителите на нф и ф се приморани да читаат книги на англиски и српски. Има луѓе кои на криво гледаат на фантастичниот жанр мислејќи дека луѓето кои читаат таква литература се или забегани или имаат некаков ментален недостаток.
А тие кои не мислат така, кога ќе те прашаат некоја книга да препорачаш, во случај да си кажал некое научно фантастично дело, те гледаат попреку или ќе направат некоја гримаса, и секако, неизбежното прашање - "А .... Имаш ли нешто (по)сериозно?"

Имам читано низ разни форуми и интервјуа со познати автори кои тврдат дека кога се во друштво со други писатели се игнорирани.
И јас кога сум во друштво со други надежни писатели и луѓе кои напишеле поглавје или две, или имаат идеја да направат такво нешто, истиот третман го добивам кога сум прашан што е тоа за кое јас пишувам или планирам да пишувам. Следи онаа awkward silence, и наскоро почнуваат да разговараат меѓу себе, за кое време ти седиш како мисир без разлика дали си се обидел да се приклучиш кон дискусијата за нивните soon-to-be ремек дела или не.

Одамна ги ставив во фиока драфтовите, зошто мислам дека за автори на фантазија и научна фантастика нема место ниту иднина меѓу македонскиот пантеон писателски божества, кои се вечно не само подржани од издавачки куќи, туку и промовирани. Ако сам немаш средства да го направиш тоа, заборави, најмалку помош очекувај од таквите.

Затоа и ги сфаќам останатите писатели кои ги спомна, бидејќи очигледно истата ситуација е секаде.

Можеби низ листиве си го сретнал името на авторот Волф Џин, кој се смета за еден од најдобрите автори на фантазија и научна фантастика, но неговите книги не се бест селери(има разни дискусии на таа тема).
Мислам дека нема да ми замерат модераторите на форумов, но како и да е еве ти линкови на форуми во кој има интересни дискусии на овие теми: http://www.bestfantasybooks.com/forums/, http://www.sffworld.com/forums/.
Имам слушнато за него, но го немам читано. Сега чим го спомна ќе проверам кој е и што е :)

Пред крај, можеби си прочитал за дебитниот роман на Милош Димковски "Мистергонија".
Имам слушнато и за него, но никој не знае каде можам да ја најдам книгата. Да не ја има во Икона? Некој знае?
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Случајно некој да не знае кај можам да најдам Star Wars книги, на пример во Солун или Белград или на друго место во соседниве земји?
Би требало да има во Белград и во Солун, ако одиш таму прошетај малце изгледа ќе најдеш нешто, но мислам дека има и кај нас во книжариве Star Wars книги, како што имам гледано. Пробај таму може ќе најдеш нешто. Побарај на интернет нешто за Белград и Солун.

Имам слушнато и за него, но никој не знае каде можам да ја најдам книгата. Да не ја има во Икона? Некој знае?
Книгата ја има во книжарница ТРИ.

Волф Џин и јас го немам читано бидејќи не можам да го најдам кај нас, имам слушнато дека неговите дела но се баш лесни за читање и се тешко сватливи. Јас за себе мислам дека не сум доволно спремен да го читам овој автор, но кај и да е за некое време ќе прочитам некоја негова книга. Мислам дека најпознат му е серијалот "Ново Сонце"(мислам дека го има на српски).

Слободно препорачај некои нф и ф книги што ги имаш читано и што мислиш дека се добри, иако сега немам многу време за читање може ќе добијам идеја за читање на некоја добра книга за во иднина. Јас пред некое време ја завршив Американски Богови од Нил Гејман ми беше препорачана од еден член на форумов (Сабазиј) , и не зажалив што ја прочитав, екстра книга.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Би требало да има во Белград и во Солун, ако одиш таму прошетај малце изгледа ќе најдеш нешто, но мислам дека има и кај нас во книжариве Star Wars книги, како што имам гледано. Пробај таму може ќе најдеш нешто. Побарај на интернет нешто за Белград и Солун.
Кај нас има во Икона десетина Star Wars книги, нема некој голем избор. Тие што ги имаат или ги имам купено и прочитано или не ми се свиѓаат. А за книжари во Солун и Белград барав по интернет ама катастрофа им се сајтовите, не можам да најдам никаква информација.

Најверојатно ќе морам од интернет да порачувам. Дали некој има порачувано од интернет, ако да - од кој сајт, колку поштарина се плаќа и други информации ако може да дадете.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Книгата ја има во книжарница ТРИ.

Волф Џин и јас го немам читано бидејќи не можам да го најдам кај нас, имам слушнато дека неговите дела но се баш лесни за читање и се тешко сватливи. Јас за себе мислам дека не сум доволно спремен да го читам овој автор, но кај и да е за некое време ќе прочитам некоја негова книга. Мислам дека најпознат му е серијалот "Ново Сонце"(мислам дека го има на српски).

Слободно препорачај некои нф и ф книги што ги имаш читано и што мислиш дека се добри, иако сега немам многу време за читање може ќе добијам идеја за читање на некоја добра книга за во иднина. Јас пред некое време ја завршив Американски Богови од Нил Гејман ми беше препорачана од еден член на форумов (Сабазиј) , и не зажалив што ја прочитав, екстра книга.
Па имам скоро се од Артур Кларк, и ми се допаѓа секоја приказна :D.

Dan Simmons има многу добри книги според мене. Сега за сега имам само една книга од него - Илијада, но планирам да набавам и други, бидејќи многу луѓе го фалат.

Ако некој сака sci-fi со примеси на трилер и хорор, го препорачувам Stephen King, гениј е.

Сега го читам David Brin и неговата серија Uplift новели. Ако некој сака можам и да му ги пратам во електронска форма. Навистина фантастина серија книги.

Ако ми текне нешто плус, ќе постирам на темава :)
 
тачно :3 ама не можам да ги најдам кигите од стивен ја најдов само мрачна кула 6 :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom