Во серијата е искажана наменска вистина, а наменска вистина не е вистина, такаречи лага и манипулација.
Ја следам внимателно. Најголемата лага е базирана на вистина, видоизменета и преувеличена за остварување на дадена цел, а со тоа таа вистина станува лага и манипулација како дел од една пропаганда.
Концептот е западњачки, и е наменет за лица што бавно разбираат (жалам, но така не гледаат тие нас), со „ајде што научивме сега од видеото“ интервјуа после.
Уметноста е достојна за почит, актерите ги бидува, индоктринацијата - не, џабе трошиш уметност на пропаганда. Тоа е како да правиш прекрасен сладолед и да го сервираш со гомна на средина - џабе ти е.
На кратко кажано, *ФБСИ и нивните USAID другарчиња вршат маркетинг.
*ФБСИ - Феудал - Буржоазиски Сојуз на Република Илирида.
Целта на оваа пропаганда е доразложување на останатите поранешни структури, навики, традиции, преку влијание на јавното мислење и однесување во врска со клучни теми, а со тоа и воведување на нови општествени структури, навики, кои што го прават системот да биде лесен за контрола од надвор.
Дел од глобализацијата, на господарите им е потребна добро измешана а со тоа и хомогена, евтина, наивна, поводлива, работна и потрошувачка маса народ - сила, во контролиран број.
Целта е да не научат да бидеме подобри робови.
Оваа серија е само еден мал, глуп и банален, незабележителен дел од еден глобален процес на геноцид, кој што на жалост не го согледуваат доволно брзо сите луѓе.