Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Миле Јованов е топ, ако се однесуваш како што треба. Човекот многу знае, да не речам премногу, и му се повраќа кога некој незнае колку 3х3.
 
Член од
3 октомври 2019
Мислења
8
Поени од реакции
16
Професорите ти се топ,едино Миле :icon_lol:
Пак ќе се надоврзам на претходниот пост... Како сите се топ освен Миле? Дали колегата има слушано кај Миле и научил се, а Миле не го пуштил да положи? Или тоа е мислење кое се повторува онака само низ генерациите. @Winston_Makedonski мислам дека објасни добро, можеби тоа е однесувањето и ставот на Миле, ама дека нема да научиш, далеку од тоа. :)
 
Член од
6 октомври 2019
Мислења
38
Поени од реакции
62
*ЗА СИТЕ БРУЦОШИ*

Здраво дечки, знам како е да си бруцош (не беше многу одамна) и затоа одлучив со вас да споделам какво беше моето искуство во прва година и да ви кажам некои работи кои да ми ги кажаа мене пред да почнам ќе ми беше многу полесно. Секако секој работите ги доживува на различен начин и ова е само мојот поглед но се надевам дека ќе ви биде од корист во првите студентски денови.

Прв совет што сакам да ви го дадам е дека ќе треба да ги смените вашите навики и организација на учење бидејќи тука се оди мнооогу побрзо од средно и она што ни го предаваа пола година тука се учи во 1-2 лекции. Да можам да се вратам би почнала да учам одма после првото предавање. На ФИНКИ немаме книги во печатена верзија но можете да ги симнете сите многу лесно па ако сакате и да ги испечатите иако мислам дека нема потреба а и се работи за големи книги од 500-1000 страни. Има неколку за секој предмет но најчесто се работи по една од книгите наведени во задолжителната литература и професорите ќе ви кажат која. Но, нека не ве плаши тоа бидејќи врз основа на тие книги се изработени презентациите кои најчесто се доволни и може само од нив да учите. Второ, веројатно после уписите ви стана јасно но дури сега ќе видите дека ФИНКИ е еден од а ако не и најнеорганизираниот факултет во Македонија. Распоредите на полагање се случувало да излегуваат и неколку часа пред полагањето а и материјали да се поставуваат неколку дена пред колоквиум. Кога сме кај материјали, сите предавања и аудиториски вежби ќе ви бидат поставувани на courses. Колегите од постарите генерации се потрудиле да соберат материјали за некои предмети и ви препорачувам веднаш да си ги симнете и однапред да ги имате предавањата, вежбите како и многу задачи, бази и корисни фајлови од следниов линк: https://www.mediafire.com/folder/wzdaa8g18f7rw/%D0%A4%D0%98%D0%9D%D0%9A%D0%98 . Некои презентации се малку сменети но 80% се истите а и секако ќе ви послужат додека на courses не ги постават. На courses ќе имате поставено и документ со услови и обврски за секој предмет и добро прочитајте го и обрнете внимание на него. На мејлот кој го имате од ФИНКИ треба постојано да ги следите известувањата па ви препорачувам да си ја симнете outlook апликацијата на телефон за да ви стигнуваат нотификации. Што се однесува до предзнаењата и основата која ја имате од средно тоа е секогаш добродојдено но не и клучно, па воопшто да не ве загрижува ако сте од стручно средно или пак немате многу искуство со програмирање бидејќи се може да се научи и совлада со труд и посветеност! Друга многу корисна работа е FINKI Infobot на messenger до кој може да пристапите преку линкот m.me/the.infobot и сите пофалби за овој проект. Претпоставувам дека веќе сте дел од генерациската група на фб а побарајте пристап и во групите за секој од предметите (пр. FINKI STRUKTURNO). Сега збор-два за предметите (оние кои ги имаше на мојот смер и секако има мали разлики во зависност од тоа кој професор ви предава).

Професионални вештини
Ова е дефинитивно најлесниот предмет на факултетот, воопшто не треба да се замарате и скоро сите имаат високи оценки. Нема учење по предметов, само 2 проекти кои се прават наместо да се полагаат колоквиуми. Нема аудиториски, само предавања на кои се пишува по нешто секој час и се добиваат поени за присутност кои на крај може да ви помогнат за повисока оценка а и при правење на проектите. Може и да не одите но се зависи од професорот и дали бара присуство и дава поени.

Вовед во компјутерските науки
Предметов истотака е еден од полесните но може да биде и многу зезнат. Всушност како да се два предмета во еден бидејќи на предавања се учи едно а на аудиториски сосема друго. Предавањата се само теорија која не е тешка. На аудиториски се работи LibreOffice Writer и Calc а потоа и Imagemagick. Ви препорачувам да одите на аудиториски и да ги совладате бидејќи не се тешки а имаат поголем удел во оценката од теоријата. Истотака имате и лабораториски вежби кои се изработуваат на факултет но доколку не ги завршите може да ги доработите и поставите дома и носат бодови (барем така беше претходната година). Лесно можете да добиете повисока оценка.

Калкулус 1
Тука мала предност ќе имаат колегите од ПМА но не се опуштајте бидејќи ви е познато затоа што тежината е многу поголема од она од средно. Ако прв пат се сретнувате со лимеси и изводи ништо страшно бидејќи се се почнува од нула но оди со брзо темпо и затоа треба многу редовно вежбање. Предметот се дели на задачи и теорија и гледајте да извадите што повеќе поени на теоријата со цел да може да имате што повисока оценка, доволно е да ја учите од презентации. Задачите не се на ниво на оние од аудиториските и нема да ви бидат доволни. Ви препорачувам да вежбате од книгата, после секоја лекција има задачи и добро би било сите да ги решите. Ги имате решенијата на slader.com само внесете го името на книгата. Решавајте ги во една тетратка и нумерирајте за полесно снаоѓање а исто така може да ви биде од корист на крај бидејќи може да ги однесете кај професорот ако ви фалат 1-2 поени за повисока оценка/положување. Исто така купете си и испитни/колоквиумски од околните книжари и вежбајте и од нив, така ќе видите и какви задачи отприлика даваат. Дефинитивно е подобро да се положи преку колоквиуми и тогаш даваат и некои полесни типови што на испит нема да ги има. Но, не е страшно и на испит задачите се тие со тоа што како што реков некои полесни типови од кои би имале сигурни бодови тогаш би ги немале. Има и лабораториски вежби кои не се задолжителни и не се поставуваат, сами си ги работите дома и на крај може да ги полагате за повисока оценка/положување(ако го исполнувате условот). Да се оди и на предавања и на вежби. Со редовно вежбање може да се извади солидна оценка дури и ако се ви е ново и прв пат се сретнувате.

Калкулус 2
Важи истото како и за Калкулус 1. Главно се учат интеграли, низи, редови, диференцијални равенки, поларни координати. Малку потешко од Калкулус 1 но во секој случај совладливо.

Калкулус
Претставува спој од Калкулус 1 и Калкулус 2 и се учат истите работи со тоа што во К1 и К2 е поопширно а во Калкулус некои работи не се учат но програмата е понатрупана и доста обемна. Важат истите услови како и за К1 и К2.

Дискретни структури 1
Предмет на кој најголем дел од студентите заглавуваат но не треба воопшто да ве плаши. Клучно и за овој предмет е редовно да го учите и да ги решавате задачите после секоја лекција во книгата а потоа и колоквиумски/испитни и ќе немате проблем. Ги имате решенијата на slader.com само внесете го името на книгата. Аудиториските не се доволни и има само некои типови додека во книгата се опфатени многу повеќе типови на задачи што би се паднале. Учете ја и теоријата бидејќи даваат и дефиниции/докази и ќе извадите добри поени и од тоа. Не е научна фантастика, само бара многу вежбање. Одете и на предавања и на вежби. Нема никакви дополнителни поени, се е од колоквиуми/испит. Важно е да се положи на колоквиуми и на повеќето така им е полесно.

Дискретни структури 2
Важи истото како и за ДС1 во однос на учењето и условите. Материјалот е малку потежок.

Дискретна математика
Претставува спој од ДС1 и ДС2 и се учат истите работи со тоа што во ДС1 и ДС2 е поопширно а во Дискретна некои работи не се учат но програмата е понатрупана и доста обемна. Важи истото како и за ДС1 и ДС2 во однос на учењето.

Структурно програмирање
Единствениот програмерски предмет семестаров и многу важен како основа за понатаму. Се учи C. Важно е добро да се совлада со цел понатаму да ви биде полесно. За жал многу студенти не стигнуваат да му посветат доволно време поради математиките. Потребно е вежбање, особено ако немате искуство со програмирање. Читајте ги предавањата, потоа решавајте ги аудиториските. Има и задолжителни лабораториски вежби кои се решаваат на code, пред да одите видете го името на задачата и напишете го на pastebin.com и ќе ви излезе и текстот и решението на скоро сите задачи. Пробајте сами да ги решавате дома и разберете ги, доколку ги решавате сами ќе ви биде многу полесно и на лаб нема да бидете како изгубени и само да препишувате од телефон. Имате и два теста пред колоквиуми, купете ги од книжара тестовите од претходни години и решете ги сите и некогаш ги даваат истите а некогаш слични задачи. Поените од лаб и тестови се многу важни, не се малку и играат голема улога на крај и за положување а и за повисока оценка, затоа потрудете се да имате што повеќе. Пред колоквиум/испит ќе ви бидат поставени дополнителни задачи на code и доколку ги решавате сами немате гајле а секако може да си ги проверите на pastebin. Како и повеќето и СП е подобро да се положи на колоквиуми.

Објектно-ориентирано програмирање
Се учи C++. Исто така важен предмет на кој треба да му се посветите. Важат истите услови како и за СП. Се смета за малку полесен од СП и поголем дел од студентите го положуваат, дури и ако не положиле СП.

Архитектура и организација на компјутери
Предметов е доста обемен но не е претежок. Предавањата мене искрено ми беа досадни и не препорачувам да одите бидејќи за тоа време сами ќе ја научите лекцијата, освен ако професорот бара присутност, пушта списоци и дава поени за тоа. На аудиториски одете и тоа кај асистентот што најмногу го фалат колегите бидејќи доста се учи од час. Има и лабораториски вежби кои се изработуваат од дома и се задолжителни. Потоа за нив се полага тест и така се освојуваат поените. Има и два теста и затоа треба да бидете во тек со лекциите. Не е неопходно да се учи од книга, мислам дека и презентациите се доволни. Има и два незадолжителни проекта, едниот носи 7 а другиот 8 бодови. Сите овие дополнителни поени од лаб, тестови и проекти се многу важни и играат голема улога бидејќи се 40% од поените, а другите 60% се од колоквиуми/испит(30% теорија, 30% задачи). И тука е најголемата грешка и причина за презапишување на предметот. Доколку имате поголем дел од дополнителните поени многу лесно и само со минимум ќе положите додека ако немате или имате многу малку дополнителни треба да извадите многу високи поени од теорија и задачи и тоа само за да успеете да го положите предметот. Затоа многу внимавајте на тоа и убаво читајте ги условите на сите предмети.

Во врска со изборниот во втор семестар бирајте паметно бидејќи според најновите информации имаме право на само еден предмет од ниво 1 - L1 во целото студирање (нивото се одредува од шифрата на предметот, има L1, L2 и L3 и од другите две категории смее да се земат повеќе изборни понатаму). Сите изборни од втор семестар се Л1 и ако сега не земете Веб дизајн на пример, нема да можете да го земете во следниот летен семестар. Се надевам дека ме разбравте. Јас го земав и сметам дека е најкорисен а и лесен предмет Веб дизајн.

Се надевам дека ќе ви помогнам и ова што го кажав ќе ви користи. Колку и да сакам не можам да ви кажам баш се па слободно нека ме дополнат колегите. И слободно пишете ми порака што и да ви треба. Ви посакувам многу среќа во студирањето!

П.С Би ми значело а верувам и на другите ако и вие постарите колеги напишете еден ваков пост за тоа што не очекува во втора година
 
Кога веќе го дискутираме Миле... Од тој професор најдобро може да се научи структурно програмирање теоретски дел, кој е неопходен, и можеби најдобро објавснува дм2(посбено графови, дрва, комбинаторика).
 
Одлично напишано! Вакви постови му требаат на форумот, а не постови дали е некој топ или не е. Студент кој прашува кој каков професор е и дали попушта, а не што е материјалот, никогаш нема да биде добар студент и ќе гледа само да се провлече, а не да научи и да напредува.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121

Ќе пробам да напишам нешто слично за втора година. Но ќе замолам некои колеги од КНИ и МТ да ми помогнат за ВиС, Вештачка и Тидк.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.048
Поени од реакции
7.082
За Миле, ако некој го читал форумот пред 3 години, ќе забележите негативен пост од мене. Но сега, кога сум ги искусил повеќето професори на факултетот, слободно можам да кажам дека Миле е еден од најкоректните професори, а посебно по изборните предмети што ги држи. Го има талентот за пренесување на знаење, само што понекогаш знае да биде доста арогантен доколку не знаеш да решиш прост пример.

Јас уште еден совет би дал за бруцошите, но и за студентите што треба да студираат подолго време. Ви препорачувам да си купите таблет (најмалку 8 инчен), бидејќи по сите предмети треба да учите од презентации, а читањето презентации од лаптоп/компјутер воопшто не е практично, а од друга страна ако секоја презентација ја печатите на лист, на долгорочен план повеќе пари би истрошиле на печатењето отколку да си купите солиден таблет. А со таблетот освен учење, имате и други функционалности :)
 
Мислам дека нема потреба.
 
Член од
27 август 2016
Мислења
105
Поени од реакции
29
Прашање: Случајно Љупчо да не бара задолжително присуство на Мобилни платформи и програмирање, како што беше за АОК ( со 3 пропуштени предавања губиш потпис) ?
 
Мислам дека не
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Колеги, кој предава динамичко програмирање најдобро од професориве по АПС?Може истово прашање на асистентите да се однесува, зошто примери би требало да објаснат и решат.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Некој збор за задолжителните предмети од трет семестар кои ги имам слушано. Ако сака некој да додаде нешто нека пише пп и ќе го изменам постот.

Алгоритми и податочни структури
Еден од најбитните предмети на цел факултет. Се изучуваат податочни структури(листи, редици, магацини, хеш табели, графови и дрва) како и техники на алгоритми(на прв колоквиум и испит се паѓа динамичко програмирање). Имате можност да решавате во C или Java. Еден од најтешките предмети поради тоа што ако задачата не е точна 100% ќе имате 0 или 1 поен, а за 6ка се потребни 2 поени односно една цела точна задача. Освен практичниот дел се полага и теорија која се полага на courses и содржи 5 прашања. Мора да имате положено теорија за да решавате задачи. Најубаво е да се учи континуирано и да се решаваат задачи од Интернет, бидејќи на колоквиуми/испити ги даваат истите задачи што можете да ги најдете на Интернет. Ако одите на 6ка, научете листи за прв колоквиум и хеш табели за втор колоквиум. Доволно ќе ви е.
Компјутерски мрежи
Најинтересниот предмет за мене до сега во моите студии. Се изучуваат слоевите на Компјутерските мрежи како и нивните протоколи. Теоријата се полагаше различно кај професорите Гушев и Спасов. Студентите кај нив поминуваа полесно бидејќи полагаа теорија на courses, додека кај останатите професори теоријата се полагаше на лист. Повеќето што полагаа теорија на лист профитираа со знаење и според мене стварно вреди да се помачите. Задачите се полагаат на ист начин кај сите професори и имате доста слики како и решенија во групата за предметот на ФБ. Освен ова, има и лабораториски вежби кои се прават од дома и за поени се прави еден тест слично ко АОК. Истотака има и еден проект кој не е многу тежок и се правеше за пола саат.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Знае некој колку денови пракса треба вкупно, 30 дена или три пати по 30 дена односно 3 месеци? Исто ме интересира и како би требало да изгледа дневникот за пракса ако некој има пример.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Знае некој колку денови пракса треба вкупно, 30 дена или три пати по 30 дена односно 3 месеци? Исто ме интересира и како би требало да изгледа дневникот за пракса ако некој има пример.
3 месеци треба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom