Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
На ФИНКИ има нови студиски програми од прв циклус (2023). Колку што гледам, насоките горе-долу се речиси па идентични на претходните, заедно со предметите во нив (иако некои од нив се само преименувани). Дали некој може подетално да ги разгледа и да ги воочи разликите во однос на претходните насоки, и која би ја препорачале сега?

Еве мои мислења:

Најголемата воочлива измена е многу повеќе има задолжителни предмети.

Најголемиот смер на финки што беше (ПИТ18) не е толку флексибилен веќе. Повеќе бизнис предмети. Па и тупнат Напреден Веб Дизајн како задолжителен - што знам многу имаат лошо искуство со овој предмет.

А за колегата @Brat Make што вика, стручните студии прв семестар се само воведни варијанти за "Бази на Податоци" и "Aлгоритми и податочни структури", а оригиналните предмети остануваат понатаму, ама баш истиот "Примена на алгоритми и податочни структури " е сега ставен и за ПИТ23 смерот.

Не сум сигурен колку вреди ПИТ веќе во новата програма... лично не ми се свиѓаат измените.

За стручните не можам да кажам ништо бидејќи се нови, но изгледаат пренатрупани со програмерски предмети и ништо повеќе, предмети од 7ми семестар во минатото ставен им е задолжителен во 3ти?? (Зборам за Имплементација на софтверски системи со слободен и отворен код)

СИИС изгледа најдобар избор сега. Нема нови математики туку оригиналните се само преименувани (1 - Калкулус, 2 - Дискретна, 3 - Веројатност и Статистика).

Предметот Напредно Програмирање сега е предмет од 5ти семестар (Оригинално 3ти семестар), што би рекол е доста касно, еден од најдобрите предмети на факултетов е, не би се сложил дека е добра измена што е толку доцна.

Друга измена што имам приметено е нема повеќе изборни предмети од универзитетска листа, што беше многу злоупотребувано да се изберат лесни предмети од други факултети.

Overall, ПИТ е nerf-нат, мислам дека доста студенти ќе одат на стручниот смер сега. Немам премногу познавање за другите смерови, но изгледаат доста слични. Ако би се запишувал сега би идел СИИС.
 
Сакаш да кажеш дека на ПИТ ќе го нема смерот Алгоритми каков што беше, туку ќе го тупат со теорија ?
 
Новиот Алгоритми предмет што е за Стручните и за ПИТ не можам да знам како ќе се одвива. Најверојатно полесна варијанта од оригиналниот. А и онака 90% што положуваат алгоритми не учат нешто повеќе од 6ка.
 
Не извадив добро на матурата македонски 51.69 перцентили и англиски 31.96 интерен математика 5 и електроника 5 сега сакам да прашам гледам во интерни споменати се повеќе поени да добиеш за математика и електроника како соодветни интерни предмети и 4те години со 5ка просек прашувам за смерот ПИТ дали ќе можам да влезам во државна или приватна квота?
Не би имал/а проблем, имам слушнато дека лани примиле студенти со многу лош успех во средно - дури и некои влегле во државна квота (се разбира, ако била мала бројката на студенти во смерот)
Не ми е јасно како во ист семестар ќе може да се слуша Структурно, Алгоритми и Бази (Стручни студии за програмирање). Тоа според мене е лудост.
Не зезај, структурно во моја книга никогаш не бил сложен предмет. Структурно ти е буквално основа, па после објектно, па напредно, итн...
 
Не би имал/а проблем, имам слушнато дека лани примиле студенти со многу лош успех во средно - дури и некои влегле во државна квота (се разбира, ако била мала бројката на студенти во смерот)

Не зезај, структурно во моја книга никогаш не бил сложен предмет. Структурно ти е буквално основа, па после објектно, па напредно, итн...
Другарче не викам за сложеноста на предметот, за да почнеш да учиш листа, зошто се користи итн.. прво треба да научиш низа, не може во исто време тие две работи.
 
Здраво, Ме интересира дали задолжителната пракса треба да е 2 или 3 месеци. Благодарам.
 
зависи од типот на студиите, доколку си 3-годишни студии 2 месеци, доколку си 4-годишни студии 3 месеци
 
Благодарам. Дали може праксата да е поднесам како сопственик на компанијата? Звучи чудно но јас немам работено во друга фирма туку директно си имам основано моја компанија и таму се водам како вработен со целосно работно време.
 
Последно уредено:

ке треба да го прашаш надлежниот професор, мислам по број на индекс се одредуваше кај кого треба да ја доставиш:
 
Zdravo.
Se naogjam pred izbor,pa dokolku moze nekoj od segasnite,sekako i poranesni studenti na finki,nakratko da mi objasni koja e glavnata razlikata megju smerovite SIIS i PIT.Dali ima nekoi golemi razliki,i dali ima nekakvo vlijanie posle zavrsuvanje,toest pri vrabotuvanje?
Blagodaram odnapred!
 
Од кои професори сте задоволни, а од кои не во прва година (а, и генерално)?
 
Здраво да прашам дали некој имал искуство со Erasmus, особено во Франција и како најдовте кои предмети одговараат со предметите на Финки :)
 
Дечки ме интересира кој е најефикасен начин за добијам потписи што ми фалат за да можам да дипломирам. Буквално само тоа е останато. Оставив пријави во сандачињата на деканат кај професорите по предметите што ми недостасува ама еве уште ништо нема. Дали ги гледаат нив воопшто?
 
Легален?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom