Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
24 јуни 2022
Мислења
17
Поени од реакции
7
Дали ќе можете да ми кажете мислење за предметите во прв семестар на СИИС: Бизнис и менаџмент, Вовед во компјутерски науки, Калкулус, Професионални вештини и Структурно програмирање?
Кој е најлесен, најтежок, што, како се учи, полага...? И дололку имате материјали од предметиве од предавањата, вежбите, испитите може да ми испратите.
Професионални вештини ти е најлесен предмет на факултетов, за прв колоквиум имаш CV, втор нешто слично, ВВКН и БИМ се учат за 1-2 дена, најбитно ти е да научиш Структурно и Калкулус, фокусирај се на тие 2, зошто понатака ќе ти е полесно доколку добро ги совладаш поготово СП. Доволно се да ги решаваш лабораториските вежби што се на курсот.
 
Член од
14 јули 2020
Мислења
8
Поени од реакции
2

Благодарам, уште не сум на ФИНКИ затоа сакав да ги разгледам материјалите
 
Член од
6 октомври 2019
Мислења
38
Поени од реакции
62
Да ве замолам некој што беше на интервју во RLDatix во петокот да сподели како се одвиваше интервјуто и отприлика што прашуваа? Дали беа прашања теорија и нешто слично на тестот од понеделник или конкретни прашања за искуство, работени проекти и технологии?
 
Член од
1 април 2017
Мислења
283
Поени од реакции
44
Може да ми ја пратите 5тата домашна за предметот Виртуелна реалност тие што го имате слушано предметот?
Ми треба за денес.
 
Член од
24 октомври 2019
Мислења
104
Поени од реакции
34
може ли некој да ми каже разлика меѓу завршување со 3-годишни студии и со 4-годишни студии?
Дали ќе ми прави понатаму некоја разлика ако се вработувамврз основа на диплома?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.431
Поени од реакции
3.503
може ли некој да ми каже разлика меѓу завршување со 3-годишни студии и со 4-годишни студии?
Дали ќе ми прави понатаму некоја разлика ако се вработувамврз основа на диплома?
Може да и се измочаш на дипломата. Небитна како семафор во гта
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
491
Поени од реакции
692
може ли некој да ми каже разлика меѓу завршување со 3-годишни студии и со 4-годишни студии?
Дали ќе ми прави понатаму некоја разлика ако се вработувамврз основа на диплома?
И јас мислев за оваа проблематика, гледам државно примаат со 180 кредити..
Друго сите Европски Факултети се со 3 години + 2 или 1 мастер, само кај нас е 4 години студии. Нема разлика некоја..
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.073
Поени од реакции
7.160
може ли некој да ми каже разлика меѓу завршување со 3-годишни студии и со 4-годишни студии?
Дали ќе ми прави понатаму некоја разлика ако се вработувамврз основа на диплома?
Можеби не е толку битно, но после 10 години да не си го поставуваш прашањето зошто не си жртвувал уште една година за поинаква инженерска титула.
 
Член од
24 октомври 2019
Мислења
104
Поени од реакции
34
Можеби не е толку битно, но после 10 години да не си го поставуваш прашањето зошто не си жртвувал уште една година за поинаква инженерска титула.
КАко можам да приметам, за СЕИС двете титули се инженер за...
 
Член од
21 февруари 2023
Мислења
20
Поени од реакции
16
Кои ми се шансите да ме примат на ФИНКИ (поспецивично - Софтверско инженерство и информациски системи со 4 год.) со 92 поени во државна квота? Ако не ме примат во државна квота, приватна сигурно ќе ме примат... или?

Средно завршив лани, запишав факултет, но се предомислив и сакам да запишам друг (овој), па ете да прашам.

И доколку може да ми кажете неколку работи во врска со смерот или факултетот општо? Дали го препорачувате тој смер или некој друг? Дали треба да се има предзнаење или се' се учи од предавања и материјалот што професорите го даваат?

Благодарам
 
Член од
29 септември 2020
Мислења
83
Поени од реакции
82

u teorija ne moze da ne se uci na predavanja poso ne site studenti idat od informaticki i matematicki shkoli, taka so logicno e da se pocne od 0. Kako e vo praksa ne znam, isto ni za bodovite ama mislam deka se javno dostapni na stranata na fakultetot
 
Член од
10 ноември 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Не извадив добро на матурата македонски 51.69 перцентили и англиски 31.96 интерен математика 5 и електроника 5 сега сакам да прашам гледам во интерни споменати се повеќе поени да добиеш за математика и електроника како соодветни интерни предмети и 4те години со 5ка просек прашувам за смерот ПИТ дали ќе можам да влезам во државна или приватна квота?
 
Член од
5 јули 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Би бил благодарен за совети за изборот за студии. Во план ми е ФИНКИ, но не сум тотално сигурен која област да ја одберам. Завршив гимназија, бодовите ми се околу 93.5 бидејќи не избрав математика екстерно, и не сум 100% сигурен дали ќе ја фатам државната квота. Прв избор ми е КН, па СИИС и ПИТ ми се втор и трет. Знам дека има многу математика во КН, но математика од никогаш не ми бил некој проблем. Многу полесно ја поминувам од останатите, и доста ми е интересна кога сум инвестиран во неа. Ги разгледав ранг листите од претходните години, но сеуште добивам анксионзност за дали ќе ја фатам државната квота.
Ако може и некои препораки за како најдобро да се спремам за студиите, и благодарам однапред за помош :love:
 
Член од
14 јули 2020
Мислења
8
Поени од реакции
2
На ФИНКИ има нови студиски програми од прв циклус (2023). Колку што гледам, насоките горе-долу се речиси па идентични на претходните, заедно со предметите во нив (иако некои од нив се само преименувани). Дали некој може подетално да ги разгледа и да ги воочи разликите во однос на претходните насоки, и која би ја препорачале сега?
 
Член од
24 јуни 2022
Мислења
17
Поени од реакции
7
Не ми е јасно како во ист семестар ќе може да се слуша Структурно, Алгоритми и Бази (Стручни студии за програмирање). Тоа според мене е лудост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom