Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
16 ноември 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,
Ме интересира да ве прашам нешто кој што е така по запознат,гледам лево десно на интернет но конкретни информации нема.
Ме интересира за ФИНКИ,дали е задолжително за упис да имаш положено математика државна матура,гледам некој викаат немора некој мора, исто така дали е и морално да е државна или училишна матура,за бодови не мешам секако ги имам бодовите само ме интересира околку што треба за матура за да можам да се запишам на ФИНКИ.И затоа прашувам овде,збркано ми е се еден ми кажува едно друг друго,а и секако не сум толку упатен у ова.

Благодарам однапред :):):):):):):):)
 
Последно уредено:
Член од
11 јуни 2012
Мислења
126
Поени од реакции
23
Емил лани во една прилика ми кажа: „Во главно, ако видиме 100% или 0% не проверуваме, освен ако не дојдете на увид. Ако има бар еден точен тест пример, ја анализираме задачата и ја оценуваме врз основа на тоа какво е решението (пристапот), а не колку точни тест примери има“.

Мене лани на прв колоквиум на една од задачите ми даваше 0%. Кога излегоа резултатите, имав 0 поени за таа задача. Но, кога отидов на увид, ја погледнавме заедно, ме праша неколку прашања и ми даде 60-70% од поените.

Така да, како што кажа DaniBMW, тие 40% точни тест примери ништо не ти значат. Може да имаш и 80-90% од поените, а може и .....
a nekoj dobar profesor ili nekoj sto moze da drzi casovi za 2 kolok ako sakate da mi predlozite :)
 
Член од
27 август 2017
Мислења
23
Поени од реакции
13
a nekoj dobar profesor ili nekoj sto moze da drzi casovi za 2 kolok ako sakate da mi predlozite :)
Ако мислиш на Структурно Програмирање тогаш:
- предавања: Миле или Маџаров;
- вежби: Бобан или Емил.

Маџаров има премногу знаење, добро објаснува, но слабите студенти потешко го сфаќаат.
Миле исто премногу знаење, но на мнозинство од студентите им е одбивен заради неговата принципиелност. Јас лично слушав СП и ДМ2 кај него и мислам дека ретко кој му е рамен во начинот на објаснување на работите. Ги сведува на реално ниво, за разлика од Маџаров кој малце знае да збори апстрактно.
Бобан е (според мене) моментално најдобар избор за вежби по СП. Супер објаснува, има знаење и знае како да го пренесе. Често знае и да сподели некои работи кои се многу корисни, а за жал не се опфаќаат на предавања или кај другите асистенти на вежби.
Емил нема шанси да не го разбереш. Си оди чекор по чекор, го објаснува секој ред од кодот, но само до тука. Не оди „надвор“ од аудиториските како Бобан. Веројатно затоа што најголем дел од студентите не се стремат кон учење на повеќе туку само кон положување на предметите.

Значи за послаб студент Емил, за амбициозен - Бобан.

На крај, кој и да го избереш од овие 4ца - нема промашај. За други воопшто не размислувај.


За приватни часови, бидејќи пред некое време ги забранија огласите во групите, има формирано една група само за огласи:

https://www.facebook.com/groups/344701932592493/

Тука често ќе најдеш објави на 2 недели пред колоквиумска.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.048
Поени од реакции
7.080
Здраво,
Ме интересира да ве прашам нешто кој што е така по запознат,гледам лево десно на интернет но конкретни информации нема.
Ме интересира за ФИНКИ,дали е задолжително за упис да имаш положено математика државна матура,гледам некој викаат немора некој мора, исто така дали е и морално да е државна или училишна матура,за бодови не мешам секако ги имам бодовите само ме интересира околку што треба за матура за да можам да се запишам на ФИНКИ.И затоа прашувам овде,збркано ми е се еден ми кажува едно друг друго,а и секако не сум толку упатен у ова.

Благодарам однапред :):):):):):):):)
Бев примен без математика, и тоа во државна квота. Сепак мора државна матура да одбереш, и добар просек да држиш. Инаку, да знаеш дека повеќе се вреднува 2ка по математика на пример, отколку 5ка по бизнис.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Дечки дали некаде во близина на Финки има книжара од каде што може да се купи индекс и пријави за упис на семестар?
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Дечки дали некаде во близина на Финки има книжара од каде што може да се купи индекс и пријави за упис на семестар?
Зошто индекс? Изгубен ти е? За таа работа на СП колку што знам...
Инаку пријави има во книжарата на машински, или ако ги начекаш пред факултет тие што ги продаваат.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
изгубен е... Од каде можам да купам нов индекс? и дали сликата во него мора да биде во боја или може и црно бела ?
 
Последно уредено:

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
изгубен е... Од каде можам да купам нов индекс? и дали сликата во него мора да биде во боја или може и црно бела ?
Прашај си најубаво на студентски прашања, мислам претходно треба да пријавиш некаде дека ти е изгубен, затоа за секој случај прашај си таму, ќе те упатат они...
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Прашај си најубаво на студентски прашања, мислам претходно треба да пријавиш некаде дека ти е изгубен, затоа за секој случај прашај си таму, ќе те упатат они...
Пријавен е.. ми кажаа да си купам нов индекс. Но од каде? каде сигурно има, за да не лутам. За тоа прашувам.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.048
Поени од реакции
7.080
Пријавен е.. ми кажаа да си купам нов индекс. Но од каде? каде сигурно има, за да не лутам. За тоа прашувам.
Фотокопирницата на ФЕИТ, уште кога ќе влезеш ќе ги приметиш, некаде во средина стојат индексите.
 
Член од
29 декември 2013
Мислења
10
Поени од реакции
4
Може некој постар колега сигурно да ми објасни како оди процедурата за пријавување испити,што треба да се уплати, што и каде да се завери и се др. затоа што сите бруцоши различно ми кажуваат :icon_lol:
Пред да се појавам на втор колоквиум веќе треба да имам пријавено и уплатено за испит или не? И професионални вештини дали треба да се пријавува бидејќи не го полагаме :)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.072
Поени од реакции
57.365
Може некој постар колега сигурно да ми објасни како оди процедурата за пријавување испити,што треба да се уплати, што и каде да се завери и се др. затоа што сите бруцоши различно ми кажуваат :icon_lol:
Пред да се појавам на втор колоквиум веќе треба да имам пријавено и уплатено за испит или не? И професионални вештини дали треба да се пријавува бидејќи не го полагаме :)
Пишува се во соопштението, но ајде вака.

На iKnow пријави ги сите што планираш да ги полагаш (на колоквиум или испит како и оние што се полагаат со проект како професионални вештини).
Внеси код од таксена марка (на 144 166 се испраќа порака до текст TM Ime Prezime 50 и добиваш повратна порака со код).
Ќе купиш и хартиени пријави (се продаваат пред факултет) ќе ги пополниш и на ден на полагањето ќе ја предадеш. За професионални вештини можеш кога ќе земаш оценка во индекс да однесеш пријава.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Може некој постар колега сигурно да ми објасни како оди процедурата за пријавување испити,што треба да се уплати, што и каде да се завери и се др. затоа што сите бруцоши различно ми кажуваат :icon_lol:
Пред да се појавам на втор колоквиум веќе треба да имам пријавено и уплатено за испит или не? И професионални вештини дали треба да се пријавува бидејќи не го полагаме :)
Електронски ги пријавуваш сите испити кои планираш да ги полагаш оваа сесија (втор колоквиум/јануари), вклучувајки го и професионални вештини, ако планираш проектот да го предадеш во оваа сесија. По ново, од скоро, на втор колоквиум/испит бараат да се носи и хартиена пријава по повеќето предмети, така да можеш и таксените да ги внесуваш на iknow како што ќе полагаш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom