ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 26
Славомакедонците и Бугарите се исто што и Гегите и Тоските
Славомакедонците и Бугарите се исто што и Гегите и Тоските! Вакво тврдење во средата вечерта изнесол Серж Мате, на предавањето на тема „Будењето на националната свест кај Албанците во 19 век“, кое се одржа во Францускиот културен центар во Скопје.
Одговарајќи на поставено прашање дали Тоските и Гегите се различен народ, Мате рекол дека разликата помеѓу нив, од една страна, е иста со разликата помеѓу Славомакедонците и Бугарите.
- Не сакам никого да провоцирам, но мој личен став е дека разликите се исти. Словенскиот македонски и бугарскиот формираат еден дијасистем на бугарскиот јазик. Овие два дијалекта имаат јазична структура каква што е албанскиот дијалект меѓу Тоските и Гегите - забележал тој.
Мате вчера престојуваше во Тетово и наспроти обидите, Францускиот културен центар не можеше да ни овозможи директен контакт за тој да ни ги објасни детално своите ставови.
Изречените ставови се лична одговорност на самиот предавач, беше официјалното објаснување на Центарот.
Мате во Македонија престојува приватно и неговиот престој е искористен за вклучување во годинашната програма на Францускиот центар. Тој е автор на книгата „Историјата на Албанците: Од Илирите до независност на Косово“.