О КАПЕТАНЕ! МОЈ КАПЕТАНЕ!
1
О, Капетане! Мој Капетане! Сврши нашиот поход страден!
Ал налети бродот издржа, очекуваната награда ни се даде!
Пристанот е близу, слушам камбаани, сите луѓе се восхитени
од бродови чии едра со неумоливост и смелост се закитени.
Но, о, срце! Срце што ми тежиш!
О, крвавечки капки на јадот црвен!
На палубата мојот Капетан лежи,
соборен, ладен, од смртта здрвен.
2
О Капетане! Мој Капетане! Стани и чуј ги ѕвоната што бијат.
Стани, за тебе знамиња се развеани, за тебе трубите вијат.
На брегот, со букети, ленти и венци, толпата луѓе се збрани,
за тебе вика таа лелеава маса и лица желни кон тебе страни.
Овде е Капетанот, драгиот татко, овде е он!
На палубата, ние како да сме во некој сон:
преграткава твојата глава ја крепи,
ти кутнат, студен, и смрт ти се лепи!
3
Нема одзив од мојот Капетан, усните му се бледи и неми.
Мојот татко преграткава не ја сети, нема пулс или немир.
Бродот е закотвен на безбедно, ја оствари својата цел,
од страшниот поход излезе како победник и остана цел.
Восхитувајте се, о, брегови, и ѕвоната нека бијат,
но мојот чекор на палубата го сопнува лоша стија!
Нажален сум и болка во срцево ми тежи,
дур соборен и мртов мојот Капетан лежи.