ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 41: 1962 - 09.12-22.12.2024)

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.603
Поени од реакции
14.060
16. 1981

An American Werewolf in London

american-werewolf-london-3.jpg


Двајца пријатели, американци, одат на екскурзија во Англија. Набрзо по пристигањето во едно мало место, при полна месечина, ќе бидат нападнати од врколак. Едниот од двајцата умира, другиот преживува но е заразен и постепено еволуира во врколак.

Боже зошто го избрав филмот не знам... Жанрот му е комедија/хорор. Немаше комедија, немаше хорор. После пола филм го пуштив на х1.5 брзина. После "Златне Чакље" од Црна Гора, ова е најглупот филм што го имам гледано.

1/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.013
Поени од реакции
37.349
1707674039654.png

Недела 17: 2004 - 11.02-17.02.2024

Годината во која на доделувањето на Оскарите филмот The Lord of the Rings: The Return of the King го постави рекордот по број на освоени статуетки кој е рекорд и ден денес, 20 години потоа (да guys, 20 години поминаа од 2004!). Уште многу работи се случиле во 2004, верувам, но во интерес на планираната надградба на форумот, да убрзаме.

Во 2024 се родени: Мили Боби Браун (Eleven од Stranger Things), Ноа Шнап (Вил од Stranger Things) и веројатно уште многу млади актери кои допрва ќе ги видиме на екранот.

Во вечноста заминаа: Ен Милер, режисерот и аниматор Рене Лалу (Fantastic Planet), Роналд Реган (актер и 40 претседател на САД), пејачот и актер Реј Чарлс, легендарниот Марлон Брандо, Супермен (Кристофер Рив) и многу други. Слава им!

На филм дебитираа: Емили Блант, Вил Форте, Амбер Хеард, Џона Хил, Крис Пајн, Каталина Сандино Морено, Аманда Сејфрид, Оливија Вајлд и Патрик Вилсон.

1707674292915.png

1707674323637.png

Letterboxd листа со сите номинирани за Оскар:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.013
Поени од реакции
37.349
29. Mean Girls - Mark Waters (2004)
1708279688728.png

2004 е една од годините од кои имам гледано навистина многу филмови (студент бев тогаш, кога си студент за да не учиш - гледаш филмови) па така речиси се тоа што било номинирано за Оскар таа година го имам гледано. За да не симнувам, барав филм кој ќе го има на Netflix, HBO Max или SkyShowtime и еве го - Mean Girls (до душа, имав уште 2 на располагање, ама некои акции, па затоа го избрав полесниот). Mean Girls е буквално клише тинејџ драма за една новодојдена девојка во средно училиште во САД, каде најпрво нема пријатели, па се спријателува со погрешните, па скапо ја плаќа таа лекција, па цело училиште ја мрази и на крај успева да излезе од кашата со тоа што станува пак добра. Буквално истиот калап ко секој втор тин-драма филм. Она што, сепак, особено ми се допадна тука - имаше навистина смешни и не толку клише сцени. На некои дури се смеев на глас. Затоа му дадов некоја 6/10 што е далеку од лошо со оглед на тоа како поминувале слични филмови кај мене.

Туку: што правиме сега, со оглед на тоа што форумов не беше достапен скоро цела недела? Да менувам година, или да останеме уште една недела во 2004? @Џонтра Волта , @McLovin , @JBTgirl , @frizider ?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Туку: што правиме сега, со оглед на тоа што форумов не беше достапен скоро цела недела? Да менувам година, или да останеме уште една недела во 2004? @Џонтра Волта , @McLovin , @JBTgirl , @frizider ?
Како сакаш, јас изгледав 2 од 2004та, утре преку ден ќе ги пишам сеа ме мрзи. :D
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.603
Поени од реакции
14.060
17. 2004

Downfall

p01xd73p.jpg


Германски филм за последните денови од животот на Хитлер, во бункер во Берлин.
Одлична глума на главниот лик. Океј беше филмот, само малку долг.


3.5/5
Автоматски споено мислење:

17. 2004

Collateral

image-w1280.jpg


При обична вечерна смена таксист ќе качи клиент кој ќе му понуди 600$ да биде негов шофер за вечерта. Без да знае со каква работа се зафаќа, и заслепен од парите, таксистот прифаќа. Клиентот не е обичен клиент, туку наемен убиец кој ќе ги користи услугите на таксистот со цел да се превезува од едната до другата жртва.
Интересен филм, динамичен, Том Круз како негативец.


4/5



Дај друго дете
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.013
Поени од реакции
37.349
ОК, ќе одиме во нова година, па ако некој има гледано или во меѓувреме изгледа нешто од 2004, слободно нека се наврати на него.

1708281039616.png

Недела 18: 1972 - 18.02-24.02.2024

Ме плаши декадава, немаше ништо тука вредно за паметење до сега, но ајде, може ќе се смени баш со 1972.

Ова е годината во која е излезен за многумина најдобриот филм на сите времиња, па еве прилика за тие кои го немаат гледано - да го гледаат: The Godfather.

1972 е годината на раѓање на режисерот Алехандро Аменабар, актерката Кетрин Меккормак, Џенифер Гарнер, Кармен Електра, Двејн Џонсон (The Rock), Баста Рајмс, Вентворд Милер, Алесандро Нивола, Софиа Вергара, Вил Витон, Бен Афлек, Џо Рајт, Камерон Диаз, Идрис Елба, Горан Вишњиќ, Гвинет Палтроу, Том Хупер, Еминем, Тони Колет, Тенди Њутн, Миранда Харт, Алиса Милано, Џад Лоу и многу други.

Во 1972 кон височините се упатиле: Морис Шевалие, Вилијам Дитерле и многу други.

За прв пат на филм светот ги видел: Маргарет Ејвери, Блит Данер, Џоди Фостер, Изабел Ипер, Семјуел Л. Џексон, Бен Кингсли, Џон Литгоу, Стив Мартин, Стелан Скарсгард, Лили Томлин и многу други.

1708282008981.png

1708282091724.png

Листа со сите номинирани за Оскар:
 
Член од
22 август 2022
Мислења
713
Поени од реакции
2.071
17. Endless Love (1981)

Искрено, година којашто не ми беше по ќеиф ама ич (освен Chariots of Fire:love: за којшто Џонтра многу убаво си напиша и не треба никакви додатоци) . Си реков барем нешто лимонадесто да изгледам.
По мое мислење, многу слаба адаптација на истоимениот роман којашто ни Брук Шилдс не ја спаси.
Како приказна, сепак, многу полезна во смисол на тоа како треба да се разграничи меѓу љубов и опсесија, да се направи здрава граница помеѓу она коешто со право би се нарекло „бескрајна љубов“ за којашто е потребна и зрелост и труд и искуство и опсесија којашто би донела фатални последици. 4/10






18. Secret Window (2004)




Приказна на Стивен Кинг со глума на Џони Деп во комбинација звучи ветувачки дури и пред да ја пуштиш шпицата.
Независно од приказната и заплетот, филмот сам по себе на идеален начин ја доловува осаменоста по загуба на драга личност и нејзината моќ на прогонување. Целаата конкретна приказна со прогонување на писателот е како изговор за да се прикаже тоа чувство на немир кога дел од тебе заминува засекогаш и се бориш да преживееш во ситуација спротивна на здравата човекова природа - изолација.
8/10
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Notebook (2004)


Еден старец доаѓа во старечки дом и со Тетратка во раката оди кај една пациентка за да и чита љубовна приказна за едни двајца млади и заљубени тинејџери од пред 60тина години. Во позадина го гледаме она што стариот го чита и раскажува.
Женава е болна од деменција и нема поима што се дешава ама ја интересира приказната и слуша, иако поима нема кој е ликот што и чита.
Филмов ко што знам јаде хејт пошто е клише романса али мене тоа ми беше скроз занемарливо со оглед на тоа како финишира филмов. Нарочито некаде при крајот каде старицата ќе има блиц враќање на меморијата, моментот кога ќе ја хоспитализираат за последен пат и емоциите што излегоа од старецот....
Мене ме гаѓаат вакви емотивни филмови, нарочито каде главна тема е алцхајмер/деменција, за мене најтешка и најжална болест.
Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс се иначе главни актери, оние двајца заљубени кои и покрај сите животни потешкотии и опструкции сепак ќе успеат да се изборат за самите себе и да останат верни еден на друг до крајот на животот.
Не е ова евтина романса, не е ова тралалајка, ова е многу поише од тоа.
Јас поима немам емоциите да ги пренесам со букви затоа и вака на ништо не личи ова што би требало да биде рецензија. Ми е гајле.

9/10 оценка.

___________________________________________________________

A Moment to Remember (2004)
Nae meorisokui jiwoogae


Дечково работи во една градежна фирма, во сопственост на еден богаташ кој има ќерка која сосема случајно ќе се заљуби во него, а и он во неа, ќе ги надминат сите социјални разлики, ќе се венчаат и ќе почнат да живеат идиличен живот се додека девојкава не отиде на лекарски преглед поради се поочигледни проблеми со концентрација и меморија. И, ќе ја добие најтешката дијагноза, неговото проклетство наречено алцхајмер.
Не знам понатаму што да коментирам. Многу емотивен филм, крајот многу јако удира иако корејциве ми се малце комични и ретко кога ги сфаќам за озбилно, не дека па иам којзнае колку корејски драми изгледано али ова беше врв.
Филмов стои дека трае 2 саати ама јас симнав некоја директорс кат верзија која трае пола саат поише и малце фалеше да го избришам ради таа глупа ситница. Може да се согласам дека е малце предолг, малце е досадна првата половина, многу време губат на запознавање на сето тоа заљубување и слично али ваљда режисерот така сака да набие на емоции кои со самиот крај на филмот ќе експлодираат.
Можеби и ко да сакал да го сокрие тоа алцхајмерот па да не шокира у втората половина ама се познава уште од сам старт на каде ќе тера, така стои и во синопсисот и не е ова некој спојлер туку е повеќе слика и прилика да гледаме како постапуваат и како се носат двајца млади со таква дијагноза и болест.
2ца од форумов го имаат гледано, ако оваа глупа рецензија успее да натера уште некој да го гледа, добро, ако не у филм клуб иде ова со сигурност.

9/10 оценка, Џонтра лигле пуст да останеш.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.603
Поени од реакции
14.060
18. 1972

Deliverance

deliverance-1080x675.jpg


Група пријатели решаваат да си направат една екскурзија со кану по текот на реката, која во иднина треба да биде уништена и коритото да биде претворено во езеро. Во текот на "експедицијата" ќе се случи нешто непредвидливо, по што целото патешествие ке се претвори во обид за преживување.
Ветуваше многу филмов, после стана еднодимензиално и површински.

3/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.013
Поени од реакции
37.349
30. Sounder - Martin Ritt (1972)
1708520263405.png

Ова е веќе не знам која по ред, можеби десетта година од која оскаровецот за најдобар филм ми е гледан, исто и Deliverance од номинираните. Од останатите 3, Cabaret веднаш го отфрлив, а другите 2 ги симнав. The Emigrants ми беше првиот избор - го пуштив, но кога видов дека е повеќе од 3 саати долг, се одлучив сепак за Sounder, петтиот номиниран, и филм за кој никогаш никаде немам слушнато. И испадна дека е многу добро филмче. Се работи за едно црнечко семејство: татко, мајка и три деца, од 30-тите години во Луизијана кои работат на имотот на богат белец буквално само за да ги отплатат своите долгови направени во неговиот дуќан. Но кога ќе дојде зимата, веќе немаат ни корка леб за јадење, па ако не уловат нешто со помош на нивното куче (кое, патем, се вика Саундер, иако е тотално ирелевантно во филмот, па дури неговото име во цел филм само 28 пати се спомнува, а сепак филмот го нарекле по него), децата ќе гладуваат. Заплетот настанува кога таткото се одлучува да украде месо од локалниот месар за да имаат што да јадат децата. Но го фаќаат и досудуваат 1 година затвор во логор за кој жена му и децата не знаат. Тука дополнително растат нивните проблеми: дали ќе успеат да се прехранат, дали ќе успеат да ја ожнеат шеќерната трска следната сезона и (за таткото најважно) дали малиот Дејвид Ли ќе го продолжи своето школување. Убав семеен филм за вредностите, за растењето и созревањето, за љубовта кон родителите и за неприликите со кои се соочувале црнците во Луизијана во првата половина на 20 век. Навистина бев позитивно изненаден од филмов. Не сум слушнал и дека е првиот филм во историјата од кој двајцата црни актери биле номинирани за главна машка и женска улога за Оскар (Пол Винфилд и Сисели Тајсон)! Но она што изненадува е тоа што и покрај сите пропаганди, woke-движења и реформи во Академијата, по Sounder само уште на 2 филма им успеало истото: првиот What's Love Got to Do with It (1993) - после цела 21 година, а следниот и последен: Ma Rainey's Black Bottom (2020) после цели 48 години! Плус, сценаристот на филмов е единствениот црн сценарист, а и воопшто сценарист кој не е белец а бил номиниран за најдобро адаптирано сценарио до ден денес!

Имало и римејк на филмов, како ТВ филм, режиран од актерот кој го глуми детето во овој филм, а продуциран од Дизни, кој секако ќе се гледа!

8/10
 
Член од
22 август 2022
Мислења
713
Поени од реакции
2.071
19. Sisters (1972)

Психолошки трилер за експерименти коишто се изведувале врз сијамски близнаци, со посебен акцент на француско-канадијските близначки Даниел и Доминик. Заплетот и разоткривањето на нивната приказна започнува по убиството на Филип којшто се запознава со моделот Даниел како дел од скеч на скриена камера на коешто е сведок Грејс Колие, репортерка којашто веднаш ја известува полицијата, но за жал работите не одат во посакуваната насока.

Според некои е дури и хорор, но зошто не го ставив во таа група ќе објаснам подолу.
Како прво и прво, приказната е премногу добра, поразлична од многу филмови коишто сум ги гледала.
Токму поради тоа и ми е неверојатно криво што дело на мајстор како Брајан де Палма е уништено со катастрофална глума на речиси сите ликови. Разбирам, поентата е да се долови апсурдно-сатиричен елемент, но не со овие глумци. Не со оваа глума. Исто така, недостаток во приказнаата е недоволното внимание посветено на откривање на телото коешто небаре веднаш откриваат каде е заедно со приватниот детектив Ларч.
"It was all a ridiculous mistake."

7/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Joe Kidd (1972)


Сто пати ја превртев тоа листата на филмови искочени у 72ра, вртев кружев барав, ништо привлечно не можев да најдам. Ја стварно не ја разбирам деценијава, до толку бош филмови да снимале не е можно.
И јеби га, барав нешто безболно, кратко, колку да пројде. И го најдов Џо Кид.

Клинт Иствуд е Џо Кид, ловец на глави кој се наоѓа у затвор, го изнесуваат на суд и му пресудуваат 10 дена робија или 10 долари казна, бира робија и у тој момент у судот упаѓа една мексиканска банда, ослободуваат некои нивни робијаши и бегаат. Со воз од негде доаѓа Роберт Дувал како главен и одговорен у потерата по Луис Чама, тој разбојникот. Го зима Џо со него и тргаат да ги ловат мучачосите, арно ама Џо Кид почнува да се предомислува и кае што го прифати повикот и 1000те долари награда. И како во секој вестерн филм пукотници бркотници и така. Клинт Иствуд си е фаца сам по себе, нема потреба да го коментираме.

5/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.013
Поени од реакции
37.349
1708850687687.png

Недела 19: 1933 - 25.02-02.03.2024

Конечно, за прв пат во нашето патување одиме во триесетите! Годините на политички превирања и големи економски проблеми. Годините на Големата депресија која имала влијание врз целиот свет, влијание кое ќе трае до почетокот на Втората светска војна, па и потоа. Во периодот од 1929 до 1939 бруто домашниот производ на светско ниво паднал за некој просек од 15% (само за споредба, за време на големата рецесија, т.е. светската економска криза во 2008-2009, БДП-то паднало само за 1%). Индустриското производство во САД паднало за цели 46%, извозот за дури 70%, а невработеноста пораснала за +607%. Земјата и светот почнале да закрепнуваат дури кон средината на 30-тите. Но како и да е, мораме да го поминеме и тој период од историјата на филмот, па еве не прв пат таму.

Но и покрај Големата депресија, 30-тите се периодот кога започнува тн. златно доба во Холивуд кое трае се до крајот на 40-тите. Филмските студија имале огромно влијание врз креативниот процес во снимањето филмови, па та овој период се смета за пикот на холивудските студија. Ова резултирало со создавање на таканаречениот Hay's Code, кој е првиот значителен обид за цензура во светот на филмот. 30-тите се годините кога прв пат се појавуваат звучните филмови, т.е. talkies - глобален феномен од почетокот на деценијата. Се повеќе се снимале и филмови во боја, а карактеристични за периодот се филмовите со чудовишта, римејкови на постари филмови, спинофи или продолженија, како и раѓањето на првите вистински холивудски ѕвезди: Ерол Флин, Браќата Маркс, Џин Харлоу, Фред Астер, Џинџер Роџерс, Кери Грант, Кларк Гејбл, Кетрин Хепберн, детето-ѕвезда Ширли Темпл, Спенсер Трејси и Меј Вест. Од актерите од претходната декада кои продолжиле со своите филмски успеси, тука се Чарли Чаплин и Грета Гарбо.

А конкретно во 1933, родени се: Марк Форест, Коста-Гаврас, Ким Новак, Јоко Оно, Мајкл Кејн, Жан-Пол Белмондо, Роман Полански и многу други.

Починале многу помалку познати актери и филмски работници од претходните децении.

На филм дебитирале: Фред Астер, Лусил Бол, Дон Бери, Ерол Флин и многу други.

1708852329119.png

1708852389612.png

Листа со номинирани за Оскар:
Интересно е што за прв пат немам гледано ни еден од филмовите кои биле номинирани на Оскарите, па ни Cavalcade, па тоа ќе биде сигурно првиот избор, а ако имам време, може уште некој. Letterboxd вика дека од 1933 сум гледал само 3 кратки анимирани филмови, па така, ова ќе ми биде и прв долгометражен од годинава.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Invisible Man (1933)


Каков филм. :D
Вее снег надвор, во една кафана влага сомнителен човек со глава замотана во завој и темни наочари, бара соба, храна и сака да биде оставен на мира. Набрзо ќе се дознае дека ликот е невидлив пошто експериментирал таму со некои хемии и сега ја бара формулата за да биде видлив, арно ама во една од тие хемии се криела некоја опасна супстанца која го пореметува мозокот и го тера на агресија и убиства.
Саат и 10 минути трае, многу интересен филм, 90 години стар а визуелните ефекти се ремек дело за тој период, па и за неколку децении покасно. Многу јако. Топ филм.

7.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.013
Поени од реакции
37.349
31. Cavalcade - Frank Lloyd (1933)
1708967725486.png

Гледливо, ама лошо. Филмот почнува за време на новогодишната ноќ 1899, на дочекот на новиот век, во едно британско семејство, Мериот, кому новиот век им носи само лоши работи. И завршува исто така на новогодишната ноќ 1933, каде Џејн и Роберт Мериот повторно ја дочекуваат сами новата година, но овој пат со големи лузни на душите. Помеѓу тие 2 нови години се случуваат прво војна во Африка, па смртта на кралицата Викторија, па Титаник потонува, и на крајот светот е разорен од нова, страшна војна, Првата светска. И сето тоа е прикажано како влијае на нивното семејство и на семејството на нивната послуга од 1989. Всушност ништо значајно не се случува, освен она што навистина се случило, но не е прикажано експлицитно, туку како сите ужаси на почетокот од векот го разориле нивното семејство. Она што најмногу ми фалеше тука е душа - немаше реални ликови од крв и месо, туку нешто како кукли од глина кои не знаат да покажат и пренесат емоции. Можело филмов да биде многу подобро реализиран со оглед на тематиката и приказните со кои се бави. Вака е неинтересен, неубедлив и ладен. Ништо чудно што наводно му бил омилениот филм на Хитлер.

Веројатно еден од најлошите Оскаровци ever! 4/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom