Недела 13: 1964 - 14.01-20.01.2024
Повторно random.org не однесе во година која е веднаш до друга која сме ја поминале. Овој пат 1964, веднаш до 1963 која ја имавме во осмата недела од патувањето и каде поминавме солидно, со средна оценка 7,5 од гледаните филмови.
А во 1964:
3 навистина успешни мјузикли биле меѓу најгледаните: Mary Poppins, My Fair Lady, и The Umbrellas of Cherbourg.
14 филм на Елвис Присли, Kissin' Cousins се појавува во кино салите.
1964 е годината во која Елизабет Тејлор стапува во брак со Ричард Бартон.
На 06.07, A Hard Day's Night, првиот филм на Битлси ја доживува својата премиера.
На 27.08 излегува Mary Poppins и не само што доживува неверојатен успех, туку и станува филмот со најголема заработувачка на Disney во тоа време.
Во 1964 се раѓаат: Николас Кејџ, Бриџит Фонда, Лора Лини, Мет Дилон, режисерот Тод Филд, Ванда Сајкс, Жулиет Бинош, Јан Зиринг, Расел Кроу, Енди Серкис, Тим Блејк Нелсон, Лени Кравиц, Кортни Кокс, Кортни Лав, Сандра Булок, Киану Ривс, Клајв Овен, Гиљермо дел Торо, Дон Чидл и многу други.
Земјата ја напуштиле: Алан Лад, Иан Флеминг (авторот на серијалот за Џејмс Бонд) и многу други.
На филм дебитирале: Џуди Денч, Морган Фримен, Џејмс Ерл Џонс, Шарлот Рамплинг, Ракел Велч и многу други.
Листа со сите номинирани за Оскар:
https://letterboxd.com/unofficialampas/list/37th-academy-awards-oscars-1965/