ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 39: 2013 - 12.11-24.11.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.545
49. American Graffiti - George Lucas (1973)
1716733747669.png

По завршувањето на средното училиште, група веќе поранешни средношколци се подготвуваат за она што ги очекува понатаму во животот. Во филмов е прикажана една вечер и една ноќ од нивниот живот по средното училиште, и тоа не било која, туку последната ноќ во градот заедно, пред дел од нив да го напуштат засекогаш, одејќи на колеџ. Паралелно се следат настаните кои им се случуваат на секој од нив. Интересно е, забавно, ме потсети многу на филмовите на Линклејтер, но ми фалеше нешто плус, ми фалеше некоја дешавка, кулминација, не знам што. Пошто цел филм е една линија во која единствено што се случува е промената на одлуките на дел од другарите па така оној кој беше најмногу про-да замине на колеџ, остана, а тој кој во последен момент се предомисли и сакаше да остане - замина. Она што, пак, од друга страна, ми се допадна, е целиот тој mood од седумдесетите, кој фрла една носталгична сенка врз времето кое го живееме денес. Не дека јас или повеќето од нас тука живееле во седумдесетите, но и деведесетите не беа којзнае колку поразлични од ова.

Реков, ОК филмче, ама не е нешто што ќе те фрли на газ и од што нема да можеш да се опоравиш. Не знам и како заработил номинација за најдобар филм за Оскар, да бидам искрен.

P.S. Ме заинтригира телопот на крај кој покажува што им се случило на ликовите по крајот на филмот. Одам да просурфам дали биле навистина вистински ликови.

6/10

P.P.S. А, да, интересно е што еден од главните актери е режисерот Рон Хауард (A Beautiful Mind, Apollo 13, Willow, Cinderella Man, Frost/Nixon, Rush...). Имам дури единаесет негови филмови гледано, но за прв пат го гледам како актер во филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.545
1716734835034.png

Недела 32: 1941 - 26.05-01.06.2024

Годината во која излегува за многумина еден од најдобрите и најголемите филмови на сите времиња: Citizen Kane на Орсон Велс.

Gone with the Wind станува културен феномен во Америка откако почнува да биде масовно прикажуван по кино-салите, зашто во 1940 имал премиери само по road-show проекции. Само во 1941 успева да продаде повеќе од 60 милиони влезници. Ако се пресмета и инфлацијата, според пресметките останува филм со најголема заработка во историјата на кинематографијата, со заработка од 1 800 000 000 денешни долари.

Во 1941 излегува и The Maltese Falcon, за многумина најдобриот ноар некогаш направен.

Во 1941 се родени: српската актерка Ева Рас, Феј Данавеј, Нил Дајмонд, Ник Нолти, режисерот Волфганг Петерсен, режисерот Бернардо Бертолучи, режисерот Стивен Фреарс, режисерот Криштоф Кишловски и многу други.

На филм дебитирале: Ава Гарднер, Чарлтон Хестон, Брус Ли, Френк Синатра, Орсон Велс (во Citizen Kane) и многу други.

1716735512037.png

1716735557458.png

Сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/14th-academy-awards-oscars-1942/

Неделава нема да можам да гледам ни еден филм од 1941. Ќе се обидам да надоместам следната недела.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Citizen Kane (1941)


Еден богаташ и многу угледен лик на смртната постела изговара Rosebud и умира. Дел од луѓето таму у новинарската куќа во сопственост на Кејн разговараат околу смртта и ги заинтригирува што значи овој збор и праќаат еден истражувач да дознае. И овој иде да се сретне со луѓето кои што живееле и работеле со Кејн во минатото. Преку рекапитулации, напред-назад во времето се запознаваме со животот и делото на Чарлс Кејн за да дознаеме што значи тоа Роусбад.

Режиски многу јак филм, мора да му се признае тоа на Велс, истотака и неговата појава и глума, каков став, харизма, боја на глас, авторитативна појава, све на ниво, нема збор.

Али, многу глуп филм да ви кажам вака искрено, апла преценет, досаден, ништо посебно апсолутно, не ни сфаќам што е фамата и за кој кур овој филм важи за еден од најдобрите филмови во историјата на киното, и кој го кажал тоа.

7/10 максимална оценка само ради појавата и глумата на Орсон и првите 3-40 минути у филмот кај што уживав у стилот на снимање, после тоа ме згази од досада.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Maltese Falcon (1941)


Двајца приватни детективи, колеги, ќе добијат задача од една жена која пријавува исчезнување на нејзината сестра која пак заминала со извесен Флојд Трсби. Нешто подоцна агентот Арчер е убиен а неговиот колега е уапсен бидејќи истата вечер пронајден мртов е и Трсби. После се убацуваат уште 3-4 ликови кои се во потрага по една статуетка од птица, со скапоцена вредност. Сплетки, лажги, уцени и така натаму.

Не е лош филм, онака, колку му дозволуваат годините и снимката. Хемфри Богарт е класа.

7.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.545
Реков дека заради премногу работни обврски неделава не можев да гледам ништо, но ќе надоместам следнава недела.

А следнава недела одиме во:

1717313565916.png

Недела 33: 1995 - 02.06-08.06.2024

Годината кога Ларс фон Триер и Томас Винтерберг го претставуаваат Догме 95 „движењето“ во кинематографијата. Кристофер Рив (Супермен) го повредува 'рбетот по пад од коњ во натпревар во коњички спортови, останува парализиран од вратот надолу и закован, зависен од направа за дишење и во инвалидска количка до крајот на животот. Pocahontas ја има најголемата премиера некогаш на филм: со 100 000 присутни, во Central Park, Њујорк, на отворено, и со бесплатен „влез“. По 6 години пауза, продолжува Џејмс Бонд серијалот со GoldenEye и Пирс Броснан како Бонд.

Toy Story е првиот целосно компјутерски генериран анимиран филм! Од историчарите на филмската уметност се смета за пресвртна точка во кинематографијата.

Во 1995 се родени: Дуа Липа, Пост Малоун, Трој Сиван, Тимоти Шаламе и многу други познати личности.

Умреле: Џинџер Роџерс, Лана Тарнер, Ева Габор, Доналд Бисе и многу други.

На филм дебитирале: Кејси Афлек, Мајкл Беј како режисер, Рејчел Ли Кук, Џенифер Кулиџ, Росарио Досон, Питер Динклеџ, Колман Доминго, Колин Фарел, Вил Ферел, Кира Најтли, Џони Ноксвил, Џаред Лето, Џејмс Мекавој, Рајан Филипи, Џереми Ренер, Пол Рад, Клое Севињи, Мајкл Шин, Шарлиз Терон, Доминик Вест и многу други.

1717314588807.png

1717314650064.png

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/68th-academy-awards-oscars-1996/
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.545
50. The Maltese Falcon - John Huston (1941)
1717356470969.png

Непотребно презаплеткана приказна. Не можеш никако да го најдеш крајот на клопчето. Имаше моменти кои очигледно беа ставени за да го зголемат драмскиот ефект, а немаа никаква улога. Поточно, имам впечаток дека повеќето сплетки беа такви, почнувајќи од приказната на типката дека ја бара сестра и. Заврши филмот и не најдов НЗС зошто лажеше, како што не најдов НЗС зошто лажеа 99% од ликовите во 99% од случаите. Дополнително - не му верував на главниот лик, детективот Спејд (Хемфри Богарт) и воопшто не ми се допадна неговиот лик. Освен ова, сосема пристоен ноар, иако не сум огромен фан на жанрот, ова ми го задржа вниманието од почеток до крај.

7/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.436
33. 1995

Leaving Las Vegas

unnamed.jpg

Requiem for a dream, но за алкохоличари.
Бенџамин (Н. Кејџ) е сериозен алоколичар, напуштен од жена му и детето, кој после добиениот отказ се сели во Лас Вегас. Планот е да ги потроши сите пари и буквално да се убие од пиење. Случајно запознава проститутка со која взаимно се вљубуваат. Таа ја прифаќа цената да живее со алкохоличар, тој прифаќа таа да продолжи да си ја работи работата.
Предобра глума од г-н Кејџ, убедливо најрандом актерот кој, сигурно знаете, многу често импровизира на сетовите и во секој филм е присутна таа негова откачена глума. И жената изглуми добро, плус е јака лепотица.

3.5/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Dead Man (1995)


Вилијам Блејк доаѓа у една фирма да се вработи како сметководител, ама му викаат дека имало грешка некоја и го испуштил терминот па така они запослиле некој нов. Овој си иде и успат среќава една девојка, завршува со неа у кревет и се дешава еден мини хаос по кој умира девојката и синот на тој газдата од фирмата кој уствари и бил свршеник. И сеа овој бега а во негова потрага се пуштаат неколку луѓе.
Џабе ова го изнапишав, филмов ко што читам на интернет го викаат лсд вестерн, нешто така, пошто многу е спор и таков лабав и као да сонуваш цело време нешо, башка црно бел. Џим Џармуш е режисер, негов стил, обичен филм.

7/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Crimson Tide (1995)


Негде у Студената војна во Русија се дешава граѓанска војна каде таму некојси Радченко киднапирал руска нуклеарна подморница и се заканува дека ќе им ебе матер на сите. Американците нели како спасители на светот се пуштаат натака да се умешаат и ако може да го сузбијат русинов.
Двајца тешки карактери кои фактички се главни на подморницата и самата акција, влагаат со спротивставени ставови околу тоа дали треба да се испалат нуклеарните ракети. Една порака од горе вели дека може да се пука, другата порака која треба да го даде конечниот одговор останува заглавена поради мини инцидент каде ќе се спукаат руските и американските подморници.
Едниот генерал кој по размислување и делување е стара школа кој не размислува многу многу и иде у војна без памет, другиот е по прибран, по смирен и по рационално гледа на самата ситуација.
Дали да се влезе во нуклеарна војна или да се чека, но чекањето може ништо да не значи доколку русите од другата страна веќе ја пуштиле својата нуклеарка.
Глеав еден ваков сличен филм на темава, со Хемфри Богарт, каде генерал у војна смее да изеде пуч доколку штети на акцијата.
Напната ситуација до самиот крај и завршеток на филмот.

Дензел Вашингтон против Џин Хекмен, ова е доволно за да се пушти филмот и без да го читаш ова што го пишувам погоре.
Ханс Зимер музика, Тони Скот режија, Виго Мортенсен, Гандолфини како споредни актери.
Класичен филм од 90тите, нема утка.

8/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.545
51. The Bridges of Madison County - Clint Eastwood (1995)
1717616123803.png

Нешто друго имав на ум за оваа 1995, еден филм кој ми стои во watchlist долго време, веќе со години, но некако сосем случајно го пуштив овој, за кој претходно не знаев ништо. И не зажалив! Ова не е филм! Ова е чиста љубов претворена во филм. 2 и нешто саати љубов. Не се сеќавам некогаш да сум гледал толку емоции на екран. А што е најинтересно, ги добив од пар кој ни сега не можам да го спојам: Клинт Иствуд и Мерил Стрип - може татко да и биде, for God sake! Една преубава, лирска приказна за љубовта која доаѓа само еднаш во животот, и кај многумина пролетува како експресен воз кој остава неизбришливи траги, но никогаш не се враќа назад на шините. Но ова е и филм за семејството, за пожртвуваноста на родителите и за тоа како може нечија приказна да промени нечија друга. Реков, единствено што ми сметаше е што Клинт е престар за тука. Да ставеле некој помлад наместо него, ќе беше чиста перфекција. Но и вака е се во ред. Прекрасен!

8/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.436
33. 1995

The Usual Suspects

1940.jpg

Треба ли да се пише рецензија за филмов?
Морав да го репрезирам, еден од моите омилени филмови.
Нема да му ја симнам првичната оценка, иако на второ гледање, затоа што го знаев plot twist-от, не ме грабна како првиот пат каде што останав со отворена уста.


5/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Murder in the First (1995)


30 и некоја у Алкатраз група затвореници пробува да бега, арно ама не успева, ко што никој не успеал (освен тие 2-3ца од на Клинт Иствуд филмот) и двајца од нив ги ставаат у самица каде седат таму цели 3 години. Хенри Јанг после 3 години у самица кога ќе излезе и ќе го здогледа другар му со кој планираа бегство и за кој смета дека е крив што не избегале, ќе му забие лажица у грклан и ќе го убие. Спремен е за судење смртна казна, а еден државен млад адвокат дебитант го добива случајот за кои сите очекуваат да биде формалност. Арно ама адвокатот кога ќе види во каква состојба е Хенри и што му се десило во тие 3 години живот во самица започнува борба против затворот Алкатраз.

Ова е вистинска приказна ама со изменети детали се со цел да ја погоди поентата а тоа е критика на оној казнен систем и што може да предизвика кај затвореници врз кои се врши терор. 3 години самица и црна темница каде еднаш годишно те изнесуваат надвор да се размрдаш, каде јадеш корка леб еднаш у 2 дена, каде редовно те поливаат со ладна вода, каде седиш и живееш гол и сереш и мочаш тука пред тебе, каде јадеш ќутек секојдневно, оставаат трајни ментални последици кај човекот.

Кевин Бејкон мислам дека ја игра својата животна улога, за ваков настап се добива номинација ама ај, Кристијан Слатер, Гери Олдмен и мојот човек Вилијам ЕЈЧ Мејси се протагонистите на оваа судска трилер драма.

Не е лош филмов, негде меѓу 7.5 и 8 ми е оценката ама ајде нека биде 8 ради глумата на Кевин и самата приказна и поента.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.545
52. Waterworld - Kevin Reynolds (1995)
1717786715989.png

Waterworld или Mad Max на вода. Ова е тој кој со години ми стои во watchlist, и еве конечно му дојде време да го гледам. Станува збор за пост-апокалиптична акција со Кевин Костнер во главната улога, во која некаде далеку во иднината кога поларните iceberg-ови се истопиле, ја поплавиле целата копнена површина на Земјата и целата планета е под вода. Преживеаните научиле да се адаптираат на тој суров свет и живеат или на импровизирани пловни објекти, или на некогашни морски платформи, а некои од нив не само што морале да се адаптираат, туку и еволуирале, па така има луѓе на кои им пораснале жабри и кожичка помеѓу прстите на нозете. И во тој суров свет во кој земјата е поскапа од злато, сите сонуваат само за едно: Dryland или копното кое никој никогаш не го видел...

Интересна, оригинална приказна, супер премиса, иако делот со акцијата е премногу сличен на Mad Max, само во други услови. Но реализацијата можела да се изведе подобро. Филмов потфрла скоро во секој друг аспект - ликовите се еднодимензионални и недопадливи, костимографијата е многу чудна, па така во свет кој е 99,99% под вода, лицата на ликовите се прекриени со прашина (!!!) и многу, многу други фалинки за кои не би зборувал повеќе. Гледлив, ама ништо посебно - 6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.545
1717875657360.png

Недела 34: 2007 - 09.06-15.06.2024

2007 се смета за една од најголемите години во филмската индустрија на 21 век, до сега. Ја споредуваат со 1939, 1976 и 1994 како една од најдобрите филмски години во историјата, години во кои најголемите класици се направени.

Во 2007 се родени веројатно многу идни ѕвезди за кои допрва ќе слушаме.

Во 2007 починал Микеланџело Антониони и уште многу други актери, режисери, продуценти и други филмски работници. Слава им.

На филм дебитирале: Аса Батерфилд, Мајкл Фасбендер, Дејв Франко, Ендрју Гарфилд, Том Хидлстон, Маркета Ирглова, Џеси Џонсон, Зои Кравиц, Џон Магаро, Шејлин Вудли, Сирша Ронан и од тогаш до сега веќе двократната Оскаровка - Ема Стоун!

1717876410960.png

1717876447957.png

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/80th-academy-awards-oscars-2008/
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Elite Squad (2007)
Tropa de Elite


Бразил и криминалот низ фавелите, војната меѓу клановите, војна со полицијата и сето тоа во моменти кога Папата треба да дојде во посета на Рио де Жанеиро. Генералот на Елитниот одред, полициска формација-екипа за најтешките и најопасните задачи, има за цел да го исчисти квартот каде што треба да помине и престојува Папата. Паралелно со тоа ликот треба да одбере свој заменик пошто се повлекува од должноста и сака канцелариска работа, а притоа очекува раѓање на син и главата почнува да му тежи од сите притисоци и предизвици што ги има работејќи секој ден.

Опасен филм, праен по книга, мемоари на поранешен член на полицијата во Бразил, вистина е све ова што го има у филмов, се дешава ова низ фавелите редовно, не е ништо страно ни чудно. Заебана работа.

Вагнер Моура е главен лик, доста добар настап, оваа улога и го има препорачано на Нетфликс да го одберат за Пабло Ескобар у Наркос.
Јака акција, држи внимание од почеток до крај.

8.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom