ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Недела 28: 1929 - 28.04-04.05.2024)

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.780
Поени од реакции
10.554
И на тебе не ти е лесно :D.
Да ги имаш изгледано сите филмови и да нема шо да глеаш си е сериозен проблем, хахах..
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.649
И на тебе не ти е лесно :D.
Да ги имаш изгледано сите филмови и да нема шо да глеаш си е сериозен проблем, хахах..
Не дека ги имам сите гледано, далеку од тоа, ама ете, од тие што биле номинирани за Оскар, а ми фатија око, единствено Training Day не ми е гледан, а го нема на ни една од трите стриминг платформи. После надвор од тие Оскаровските најдов уште 3-4 други кои би сакал да ги гледам, ама ни тие ги немаше. Единствени два од 2001 на Netflix кои ги немав гледано се тие 2: Lagaan и ова срањево од погоре.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.256
Поени од реакции
5.234
Не дека ги имам сите гледано, далеку од тоа, ама ете, од тие што биле номинирани за Оскар, а ми фатија око, единствено Training Day не ми е гледан, а го нема на ни една од трите стриминг платформи. После надвор од тие Оскаровските најдов уште 3-4 други кои би сакал да ги гледам, ама ни тие ги немаше. Единствени два од 2001 на Netflix кои ги немав гледано се тие 2: Lagaan и ова срањево од погоре.
Како бе Training Day не ти е гледан секој втор ден го даваат на ТВ1000 :icon_lol:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.330
Не дека ги имам сите гледано, далеку од тоа, ама ете, од тие што биле номинирани за Оскар, а ми фатија око, единствено Training Day не ми е гледан, а го нема на ни една од трите стриминг платформи. После надвор од тие Оскаровските најдов уште 3-4 други кои би сакал да ги гледам, ама ни тие ги немаше. Единствени два од 2001 на Netflix кои ги немав гледано се тие 2: Lagaan и ова срањево од погоре.
I am Sam глеј го, на летербокс го немаш логирано ко што глеам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.649
I am Sam глеј го, на летербокс го немаш логирано ко што глеам.
Го имам гледано, ама веројатно ми е гледан пред да ги логирам филмовите прво на Flixster па на Letterboxd што беше некаде 2006-2007, затоа не е логнат. Дури се сеќавам дека беше за девојче кое со само неколку години ќе има повисок IQ од неговиот татко.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.649
34. Lagaan: Once Upon a Time in India - Ashutosh Gowariker (2001)
1710517547061.png

Одамна го меркав филмов, зашто беше номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, но секогаш ме одвраќаше должината, зашто скоро 4 саати трае. Овој пат му седнав, и за три дена, со 2 прекини, го гледав. :D ОК е филмот, ама непотребно долг. Ова можело да се смести во саат и пол. Ама Индијците мора да се театрални и да пејат и да играат по 10 минути ко ретардирани, па така еден саат од филмот е таков (морам да признаам дека многу од деловите со песни и танци ги скокав :P ). Се работи за едно селце во Индија во 19 век која тогаш е под управа на викторијанска Англија, каде Британците им наметнуваат на селаните да плаќаат дупли даноци, иако нема со недели заврнато и и самите не знаат како ќе преживеат. Но кога ќе се побунат кај нивниот цар, добиваат необичен предлог од Англичаните: да играат крикет меч - ако победат, 3 години цела област нема да плаќа даноци, а ако изгубат, данокот ќе им се зголеми тројно. Се тоа е во ред, но единствениот проблем е што Индијците не ги знаат ни правилата на игра...

Филм со Амир Кан во главна улога (го знаеме од Like Stars on Earth), кој бил третиот индиски филм во историјата номиниран за Оскар. Но, пак ќе речам, предолг е, и со тоа губи многу. Од мене само 6/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.330
The Score (2001)


Класика акција филм каде еден лопов обивач на сефови сака да се пензионира и да живее мирно водејќи џез бар, ќе дојде неговиот пријател соработник и ќе му понуди работа за награда од 4 милиони евра, овој нејќе ама на крај ќе прифати па ќе се убаци друг лик кој ја знае шемата за кражба и двајцата ќе се спојат за да ја извршат задачата.
Роберт Де Ниро, Едвард Нортон и Марлон Брандо се главните актери. Ништо посебно од филм, малце спор и досаден, предвидлив само ете као остава простор за престврт на крајот, да не случајно некој е џандар андеркавер, да не е себично педерче и така.

6.5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.330
Life as a House (2001)


Дете на разведени родители кој живее со мајка му и богатиот очув и ништо не го интересира во животот освен да слуша музика, да дува трева, да диши лепак, ги мрази сите, класичен тинејџерски куртон. Татко му живее тука негде у комшии у една распадната куќа и еден ден ќе му откријат рак во краен стадиум и ќе дознае дека има уште неколку месеци живот. И ќе го земе син му со него се со цел да се зближат за последен пат и да ја напраат куќата од неговите соништа. Овој прво негодува мрчи ама после ќе се смири нели, па бившата жена ќе се врати, тука комшии момшии сите сложни и среќни и така. Ништо посебно од филм, класика клише, тотално предвидлив, малце емотивен што е за очекување кога ваква тема е на тапет.

6/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.649
1710737416310.png

Недела 22: 1989 - 18.03-24.03.2024

Годината во која се родиле: Даниел Калуја, Антон Јелчин, Ксавиер Долан, Лили Џејмс, Симу Лиу, Џуно Темпл, Даниел Редклиф, Даниел Брукс, Бри Ларсон, Дакота Џонсон, Миа Васиковска, Тарон Егертон, Николас Хоулт, Тејлор Свифт, Џеси Бакли и многу други.

Годината во која не напуштиле: Џон Касаветес, Роберт Вебер, Лоренс Оливие, Силвана Мангано и многу други.

Светот на филм за прв пат ги видел: Адриен Броди, Винсен Касел, Кирстен Данст, Вивика Фокс, Михаел Империоли, Тоби Мегвајр, Сем Роквел, Рене Русо, Адам Сендлер, Ема Томпсон, Илајџа Вуд, БЕТМЕН и други.

1710784735100.png

1710784769745.png

Letterboxd листа на сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/62nd-academy-awards-oscars-1990/
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.330
Mystery Train (1989)


Двајца јапонци дечко и девојка се возат во воз и се симнуваат во Мемфис и идат да го бараат Грејсланд, студиото кај што снимал Елвис, куќата кај што е роден и завршуваат во еден хотел а цело време праат муабет за Присли и во позадина иде негова музика.
Една жена италијанка која се враќа за Рим и го одложуваат летот и завршува во Мемфис, во еден кафич еден психопат ја стартува и и раскажува една глупа приказна дека Елвис му се појавил у сон нешо глупости оваа го одјебува и иде у хотел и таму начекува една друга женска која збори ко навиена и одлучуваат да земат заедничка соба да поделат трошоци.
Во истиот хотел каде таа ноќ у 2 и 17 минути водителот на радиото Том Вејтс ја пушта Блу Мун од Елвис пристигаат 3ца пијандури кои претходно пукаа у човек и добиваат една полураспадната соба у хотелот да преспијат.

Овој со бекембардите е Џо Страмер од Клеш, тој у белото е Стив Бушеми, на Спајк Ли брат му работи на рецепција у хотелот.
Таа навиената девојка од вториот сегмент му е бивша девојка на бекембардата а сестра на Бушеми.

Џим Џармуш е режисер и ова ми е втор негов филм, првиот е Night on Earth кој ми се свиѓаше и приметувам дека ликов прави обични филмови кои не замараат, кои ништо посебно не раскажуваат, филмови кои се концентрираат на обични ликови, на обични животни ситуации, филмови со добра музика и филмови со пријатен тон и малце хумор во нив. Класична дефиниција за обичен филм.

7/10 оТценка.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.330
Do the Right Thing (1989)


Расната нетрпеливост помеѓу локалните црнци во едно маало у Бруклин и сопственикот на италијанска пицерија ќе ескалира откако еден од црнциве ќе почне да се закача заради ситница наречена - зошто на ѕидов у пицеријава нема слика од ниеден црнец. Црнци кои не се мирисаат со белци ама па и немаат проблем да идат да јадат од пицата на која навикнале минатите 20 години, порториканци у сукоб со црнциве пошто имаат радио со погласна музика од нивната, корејци у некој спор со црнциве, корејци против евреи.

Види го Спајк Ли каков е, како микс од гуштер и скакулец, види му саат. :D
Денес му е роденден патем.

Комична драма која може да се сфати на различни начини. Едниот е исмевање и критикување на насилството како решение за ситни спорови и караници а другиот е еден вид мотивација да не се ќути на неправдите и опресирањата. Така и завршува филмот со цитати од двајцата најпознати борци за црнечки права Мартин Лутер Кинг кој го критикува насилството и Малколм Икс кој вели дека не е насилство ако се тепаш у самоодбрана.
Еден од првите вокерски филмови, ова пред 5 години ќе собереше 15 Оскари. :D

Можда тогаш немал таква идеја ама од денешна перспектива филмов е класичен показател дека црнците први се закачаат па коа ќе ги удриш се претвараат у нецивилизирана и дива орда што гази све пред себе.

Џандарите у Америка што го убија тој као се викаше, по чија случка почна масовната Black Lives Matter кампања, има иста ситуација и тука. Црнец со радио се шета и провоцира прво порториканци кои си слушаат музика, доаѓа овој и стои до нив со рокнато радио до крај, после со истото радио што грми влага у пицерија и нарачува пица па откако италијанецот му кажува да ја изгаси музиката ќе може да нарача, па после пак замара со радиото доека не му го искрши со безбол палка, ќе се степаат, ќе дојдат џандари и при апсење ќе го убијат несакајќи, и после овие почнуваат со тотален хаос и палење на пицеријата.

Прштат навреди и расизам, вака ко филм е интересен и лабав, мене ми се свиѓаше и сум некако на средина иако лесно можам да му залепам единица.

7.5/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.649
35. Sex, Lies and Videotape - Steven Soderbergh (1989)
1711016269196.png

Уф, колку секси филм! Го имам начекано милион пати по телевизии, ама никогаш од почеток, и никако да го гледам. Конечно еве прилика за тоа. Се работи за еден чуден „љубовен“ четириаголник во кој односите меѓу учесниците се: две сестри, маж и жена кои со години немаат секс, пријател на мажот кој е импотентен и сопругата на пријателот, маж и екстровертната сестра на сопругата... И нема ниту една вистинска секс сцена во него, а е толку полн со сексуален набој што тешко дека некој може да го гледа без hard on... особено наутро! :D Многу квалитетно направен филм, ова е еден од оние скапоцени камења какви ретко се снимаат денес. Предобар! 9/10
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.780
Поени од реакции
10.554
22. 1989

My Left Foot: The Story of Christy Brown

film__2889-my-left-foot--hi_res-c8f8521a.jpg

Филм по вистинска приказна. Приказна за Кристи Браун, човек роден со церебрална парализа. Иако во почетокот го сметаат за ментално заостанат, подоцна сите ќе се уверат дека всушност е дете со голем талент и со чувства и емоции какој секој друг човек.
Убав филм, не беше досаден, не беше претеран туку си течеше нормално, одмарав додека го гледав. Предобро изглумено од Даниел.

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.649
36. Dead Poets Society - Peter Weir (1989)
1711032067662.png

The ship has weather’d every rack, the prize we sought is won,
The port is near, the bells I hear, the people all exulting,
While follow eyes the steady keel, the vessel grim and daring

Ова е мислам првата реприза за мене тука. Мораше да биде, Dead Poets Society ми е еден од најомилените филмови на сите времиња, веројатно во личниот топ 5. И уште удира јако ко првиот пат, и уште не можам да се соземам и да ги сокријам емоциите на крај. Веројатно една од најдобрите, а за мене најомилена улога на капетанот Робин Вилијамс, штета што прерано го напушти бродот. Немам што да додадам - чиста перфекција, останува чиста ко солза 10/10.

P.S. И се уште сонувам за денот кога ќе го слушнам „O, Captain, my Captain!“, наменето за мене. Се надевам еден ден ќе ми се оствари таа желба.

О КАПЕТАНЕ! МОЈ КАПЕТАНЕ!
1
О, Капетане! Мој Капетане! Сврши нашиот поход страден!
Ал налети бродот издржа, очекуваната награда ни се даде!
Пристанот е близу, слушам камбаани, сите луѓе се восхитени
од бродови чии едра со неумоливост и смелост се закитени.
Но, о, срце! Срце што ми тежиш!
О, крвавечки капки на јадот црвен!
На палубата мојот Капетан лежи,
соборен, ладен, од смртта здрвен.
2
О Капетане! Мој Капетане! Стани и чуј ги ѕвоната што бијат.
Стани, за тебе знамиња се развеани, за тебе трубите вијат.
На брегот, со букети, ленти и венци, толпата луѓе се збрани,
за тебе вика таа лелеава маса и лица желни кон тебе страни.
Овде е Капетанот, драгиот татко, овде е он!
На палубата, ние како да сме во некој сон:
преграткава твојата глава ја крепи,
ти кутнат, студен, и смрт ти се лепи!
3
Нема одзив од мојот Капетан, усните му се бледи и неми.
Мојот татко преграткава не ја сети, нема пулс или немир.
Бродот е закотвен на безбедно, ја оствари својата цел,
од страшниот поход излезе како победник и остана цел.
Восхитувајте се, о, брегови, и ѕвоната нека бијат,
но мојот чекор на палубата го сопнува лоша стија!
Нажален сум и болка во срцево ми тежи,
дур соборен и мртов мојот Капетан лежи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom