ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Недела 28: 1929 - 28.04-04.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.641
1696777144819.png

Не останаа многумина учесници во претходниот филмски предизвик кој тука го имавме, FILMOVISION CHALLENGE со патувањето низ филмска Европа, па верувам повеќето не знаете за што ќе станува збор тука. По завршувањето на тој предизвик минатата недела, поставив во темата анкета каков филмски предизвик да имаме следно. Најмногу од членовите гласаа за филмски времеплов и оскаровски времеплов, затоа ќе имаме комбинација од двата. Значи:

-секоја недела по случаен избор временската машина ќе одбере година во која ќе патуваме таа недела.
-од истата година ќе бидат презентирани филмовите кои освоиле Оскари во главните категории, и филмовите со најголема заработка на Box Office. Кој сака да учествува, може да бира дали ќе одбере еден од тие филмови, или ќе гледа некој трет, по сопствен избор, од истата година.
-по гледањето на филмот, треба да напишете кратка рецензија за истиот.
-доколку сакате, може да гледате и повеќе филмови, и да пишете рецензии за нив, не е ограничено само на еден.
-и тоа е се. Поентата е да патуваме низ минатото, да откриваме какви филмски текови имало низ годините, да пронајдеме некои скриени ремек дела, да видиме во кои години, децении, периоди се снимале најдобрите филмови... Најважно од се, поентата е да се забавуваме.

Јас ќе се потрудам патувањето да го направам позабавно со тоа што ќе ви презентирам статистики од вашите оценки. А секако, сите се добредојдени да учествуваат и да предложуваат филмови од годината која ќе биде на тапет.

Мало појаснување: одлучивме да патуваме рандом низ годините, зашто ако почнеме од 1923 наваму, по само 5 години ќе ви стане досадно на сите и ќе го напуштите предизвикот. И второ - 1923 е земена како почетна година, зашто од 1923 до минатата година има точно 100 години, а е и многу значајна за Холивуд, зашто баш во таа 1923 се формирани две од најголемите и најзначајните филмски студија кои и ден денес постојат - Warner Bros. и Disney.
__________________________________________________________________________________
Е па да почнеме:

1696777197720.png

Недела 1: 1977 - 08-14.10.2023

1977
ќе биде првата станица (08-14.10.2023). Тоа е годината во која започна Star Wars сагата, Rocky освои Оскар за претходната 1976, Стивен Спилберг го снимил Close Encounters of the Third Kind, а Кристофер Рив беше одбран да го глуми Супермен. Ова се филмовите со најголема заработка на Box Office:

1696777530571.png

Ова се филмовите номинирани за Оскар во главните 6 категории:

1696777859598.png

и освојувачите на Златна Палма и Златна Мечка:

1696777936264.png

Кај нас, во Македонија излегле: Исправи се Делфина на Александар Ѓурчинов и Пресуда на Трајче Попов.

И за крај, како мала помош - една листа со сите овие филмови, за полесен избор: https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/1977-watchlist/
И сите номинирани за Оскар, во сите категории: https://letterboxd.com/drwade42/list/1977-oscar-films-ranked/
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.641
01. The Rescuers - Wolfgang Reitherman, Art Stevens, John Lounsbery (1977)

1696868414170.png

Имав проблем да најдам филм од 1977 по стриминг платформите за да гледам нешто набрзина, делумно и затоа што не постои можност да пребаруваш по година на излегување на филмот, а сите филмови од Letterboxd листата која ја направив кои ги немам гледано, проверени еден по еден ги нема ни на Netflix, ни на Max, ни на SkyShowtime, ни на Disney+, ни на Prime Video, се одлучив да репризирам еден од оние дијаманти од детството за кој се сеќавам дека премногу ми се допаѓаше. Знам дека тогаш ми беше една прекрасна забавна авантура и го имав гледано можеби повеќе од 10 пати. Но... не е прв пат да се разочарам од самиот себеси. Прво: дефинитивно ова е оштетено од забот на времето - анимацијата од денешен аспект е далеку од совршена. Второ - веројатно кога последен пат сум го гледал филмов сум бил многу малечок, па не сум можел да сфатам колку позадината на самиот филм е мрачна (се работи за девојче од сиропиталиште кое е киднапирано и принудено да извршува физички работи од страна на киднаперите). Трето - и покрај тоа што трае многу кратко, само 80-тина минути, делуваше ко да трае цела вечност. Ова е веројатно заради фактот што има премногу сцени во кои не се случува буквално ништо, има отсуство дури и од дијалог, па така, морам да признаам дека едвај го догледав. Позитивни страни: авантурата е навистина погодена, ретко во кој анимиран филм и денес може да се види такво нешто. Затоа не е ни чудо што Дизни успеале да направат цела франшиза од филмов, а како што прочитав, наводно се уште се снимале продолженија на анимирана серија sequel на The Rescuers (иако можеби сум грешка, не ме држете за збор). И музиката: песните се преубави и потсетуваат на седумдесетите во Холивуд. Особено ме потсетија на The Last Unicorn. Не за џабе филмот бил и номиниран за Оскар за најдобра филмска песна. Генерално, од мене најмногу што можеше да извлече е една 6/10 на стаклени нозе.

Ќе пробам да гледам барем уште еден филм од 1977. Ако остане на ова - ова би било лош старт за мене во предизвиков.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.641
02. The Goodbye Girl - Herbert Ross (1977)

1696882323083.png

Е ова надомести за фејлот од почетокот! Прекрасен филм! Романтична комедија, полна со клишеа од почеток до крај, зашто буквално секоја следна сцена знаеш што ќе се случи. Ноооо... тука имаше повеќе оригиналност можеби дури и од сите ромкоми снимени во денешно време заедно! Ричард Драјфус мислам дека го извози маестрално цел филм на свој грб! Не дека актеркава беше лоша, ама он беше ѕвер! Сосема заслужено го зел Оскарот за главна машка улога, ова е once in a lifetime перформанс. Инаку сега гледам - филмов заработил 5 номинации вкупно од кои дури 4 во главните категории, вклучително и најдобар филм. И дека сум под импресии во моментов, јас би му го дал Оскарот нему, наместо на Annie Hall. Прекрасен филм и најтопла препорака. @Corvus , тебе особено ќе ти се допадне. 9/10
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
01. Suspiria - Dario Argento (1977)
suspiria.png

Не сум обожавател на хорори али стварно очекував подобро со оглед на тоа дека има доста позитивни рецензии и 4.0 рејтинг на летербоксд. Лично не ми се допадна, ваљда у '77 за прв пат било видено/направено вакво нешто шо на толкумина им се допаднало, шо знам.
Едит: единствено филмче од '77 ми беше во watchlist па решив да го изглеам.
4/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.641
03. Eraserhead - David Lynch (1977)

1697185325146.png

Што ноќите чудо поминати на и таванот беа најубавите да часови беше во домот ова тука на слобода, ако со може илјада звуци да бои и желби се го нарече чувствуваш тоа филм го впиваш во, беше себе најглупавото и од нешто лазливо, црно полжавче што одеднаш сум стануваш нешто го големо, чудесно, живо гледал во во твоето малечко животот исплашено срце се. Искрено раздвижува, циганот џиновски бран со гледаш се руши ајкула ѕидот дракула во твојата клипчето душа се втиснува е радосно поинтересен чувство дека од ќе се исполнат ова желбите. Да кликнува гледаш во тебе саат се отвораат твоите и слаби пол гради и дрво од нив кон на небото кое излетува чудесна се птица, со златни нишаат перје листовите со часови потоа без некој е да поинтересно може да од ви забрани летате ова над водата.

Ч/10
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
03. Eraserhead - David Lynch (1977)

Прегледај го приврзокот 394043

Што ноќите чудо поминати на и таванот беа најубавите да часови беше во домот ова тука на слобода, ако со може илјада звуци да бои и желби се го нарече чувствуваш тоа филм го впиваш во, беше себе најглупавото и од нешто лазливо, црно полжавче што одеднаш сум стануваш нешто го големо, чудесно, живо гледал во во твоето малечко животот исплашено срце се. Искрено раздвижува, циганот џиновски бран со гледаш се руши ајкула ѕидот дракула во твојата клипчето душа се втиснува е радосно поинтересен чувство дека од ќе се исполнат ова желбите. Да кликнува гледаш во тебе саат се отвораат твоите и слаби пол гради и дрво од нив кон на небото кое излетува чудесна се птица, со златни нишаат перје листовите со часови потоа без некој е да поинтересно може да од ви забрани летате ова над водата.

Ч/10
Зошто вакви нелогични реченици?
Или треба да се гледа филмот за да се разбере пишаното? :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.308
The American Friend (1977)
Der amerikanische Freund


Во режија на Вим Вендерс со Бруно Ганц и Денис Хопер во главните улоги.
Станува збор за еден ситен дилер на уметнички слики кој ќе добие понуда за убиство и истото ќе го препрати кај еден обичен урамувач на слики кој е болен од леукемија.
Иако првично ќе ја одбие понудата, по кратко размислување а и по една шпекулација дека здравствената ситуација му се влошува сепак ќе одлучи да ја прифати понудата се со цел да обезбеди пари за жена му и детето.
И тука влага во светот на криминалот и така натаму и така натаму.

Убаво почна, добро траеше едно саат време и после почна да го тупи за да на крајот заврши сосема просечно. Никаква мистерија, никаква возбуда, сум приметил дека филмовите од 70тите се многу глупи кога станува збор за трилер мистерија.

5/10 оценка.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.547
1. 1977

Close Encounters of the Third Kind


MV5BMTUxNjA4MDY5MV5BMl5BanBnXkFtZTgwMDk0NTkyMzI@._V1_QL75_UX500_CR0,47,500,281_.jpg

После средбата со НЛО неколку жители на Индиана се упатуваат во ништото, привлечени од севишна сила. Одблизу се прикажани авантурите на Рони и, поважниот во приказната, Рој.
За времето во кое е правен, многу добар филм. Од денешен аспект, просек. Почна доста силно и ветувачки ама последниот час малку загубив интерес.

3.5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.641
1697383977649.png

Недела 2: 1990 - 15-21.10.2023

1990
e годината во која по излегувањето на Pretty Woman, i 463 милиони долари заработка - Џулија Робертс стана ѕвезда насекаде низ светот. Universal Pictures по повод 75 годишнината од постоењето, вадат ново лого, а CGI техниката зема поголем замав во филмовите, па така CGI ликовите веќе и можат да се движат, што прв пат е употребено во филмот Total Recall. Ghost со Патрик Свејзи, Деми Мур и Вупи Голдберг заработува 506 милиони долари со што станува третиот филм со најголема заработка во тоа време. На 09.11 режисерското деби на Кевин Костнер - Dances With Wolves излегува и подоцна заработува 12 номинации и освојува 7 Оскари. Неколку дена подоцна, на 09.11 излегува еден од најомилените филмови од нашето детство, Home Alone. Истата година излегува и The Rescuers Down Under кој се смета за првиот филм целосно дигитално снимен. На 02.07.1990 се роди Марго Роби. :love: А на 13 јануари Лиам Хемсворд. И можеби најважно од се, на 24 декември 1990 Том Круз и Никол Кидман станаа маж и жена. :D

1697384680870.png

1697384771691.png

Wild at Heart на Дејвид Линч зеде Златна палма во Кан.
Music Box на Коста Гаврас и чехословачкиот Skřivánci na niti на Јири Мензел зедоа Златна мечка во Берлин.
Rosencrantz & Guildenstern Are Dead на Том Стопард зеде Златен лав во Венеција.

Кај нас не излезе ниту еден филм. :(

Листа со сите номинирани филмови за Оскар: https://letterboxd.com/rmprill/list/1990-oscars/
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
02. Days of Thunder - Tony Scott (1990)
days of thunder.jpg


Топ Ган со коли. Акциона драма режирана од Тони Скот со Том Круз, Роберт Дувал и Никол Кидман во главните улоги. Многу добро се снимени сцените кога се тркаат. Ми се допадна ликот на Роберт Дувал, забавен, весел човек. Јако филмче. (y)
7/10
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.547
2. 1990

Awakenings

awakenings-1200-1200-675-675-crop-000000.jpg

Др. Сајер (Робин Вилијамс) започнува работа како клинички лекар во локална болница, иако предтоа нема никаков стаж како лекар кој работел со пациенти. За прв пат се наоѓа во ваква ситуација и во почетокот има потешкотии. Сите пациенти се со еднаква дијагноза (нз како е на мк ова, нешто како парализирани, абе како Стивен Хокинг). Внимание му привлекува Леонард (Де Ниро), кој воедно е и неговиот прв пациент врз кој го тестира неговиот лек и успева.
Убав, тажен филм. Предобра ама предобра глума и од Робин и од Роберт.


4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.641
04. Pretty Woman - Garry Marshall (1990)

1697653463172.png


Ова 100% го имам гледано кога сум бил мал, зашто на многу сцени од филмов се сеќавам. Забавно ромкомче со Ричард Гир и прекрасната Џулија Робертс која глуми курва. Ова му доаѓа нешто ко адаптација на „Грдото пајче“ од Андерсен за возрасни. :D Нема што многу да се каже за филмов, како и сите ромкоми - со многу клишеа и екстремно предвидлив. Но забавен за гледање! 2 саати ми поминаа ко миг. И голем плус што имаше солиден хумор. Затоа од мене 7/10. И like.

05. Days of Thunder - Tony Scott (1990)

1697654088962.png

Или филмот во кој се запознале и засакале Том Круз и Никол Кидман (и реков - на крајот од 1990 станале маж и жена - брзо некако :D ). Природнава Никол = светлосни години >>> од сегашнава Никол! Прекрасна била, стварно, не знам што и требала особено операцијата на носот. Филмов - исто полн клишеа како и секоја спортска драма, ама исто како и претходниот - беше забавен за гледање и ми помина како миг. 7/10 и за него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom