Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
На овој вид прженици ретко кој останува рамнодушен. Дали е блага или солена варијанта на уштипци, секако е вкусна. Што е најважно и брзо се приготвуваат. Рецепти има многу, па затоа еве некои од нив
Солени уштипци со сирење
Потребни состојки:
- 230 гр. брашно
- прашок за пециво
- 150 гр. издробено сирење
- 500 мл. јогурт
- 2 јајца
- зејтин за пржење
Подготовка:
Во длабок сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте со помош на лажица за да добиете хомогена смеса. Загрејте го зејтинот за пржење и со помош на две мали лажички кои претходно сте ги потопиле во врел зејтин, вадете од тестото и пржете ги од сите страни додека не добиете златна боја. Вадете ги во сад обложен со кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло.
Уштипци од тиквици
Потребни состојки:
- 3 тиквици
- 4 јајца
- малку сол
- 1 кесичка пециво
- 10 лажици брашно
- 300 гр сирење
Подготовка:
Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Оставете ги малку да отстојат за да ја испуштат водата од нив. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги пецивото, брашното, па додадете ги изренданите исцедени тиквици. На крајот додадете го ситно иситнетото сирење и убаво измешајте. Со помош на лажица ставајте од смесата да се пржи на загреано масло.
Уштипци од мелено месо
Потребни состојки:
- 600 гр. мешано мелено месо
- 4 јајца
- 100 мл. кисела вода
- 4 лажици брашно
- 2 лажици зејтин
- 1/2 пециво
- 1/4 главица кромид
- 2 чешниња лук
- сол,бибер,вегета по вкус
- зејтин за пржење
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во длабок сад и оставете ја смесата 30 минути во фрижидер. Загрејте го зејтинот за пржење и со помош на две мали лажички кои претходно сте ги потопиле во ладен зејтин вадете од смесата и пржете ги од сите страни уштипците од мелено месо.
Потребни состојки:
- 800 гр мелено месо
- 200 гр. шунка
- 200 гр кашкавал
- 1 главица кромид
- млад лук
- масло за јадење
- сол, вегета, црн пипер
Подготовка:
Во подлабок сад ставете го меленото месо. Ситно исецкајте ги кромидот и младото лукче и ставете ги во длабокиот сад. Потоа на ситни коцки исецкајте ја шунката и кашкавалот па и нив додајте ги кон смесата во садот. Ставете сол,бибер и вегета и замесете убава смеса од сите состојки. Оставете во фрижидер 2 часа и потоа со рацете формирајте ги уштипците. Скарата убаво намрсете ја и печете ги подготвените уштипци. Доколку немате скара, може и во тава со загреан зејтин да ги пржите на тивок оган.
Брзи уштипци со чоколаден прелив
Потребни состојки:
- 4јајца
- 1 чаша јогурт
- 1 прашак за пециво
- 20 лаж. брашно
- малку сол
- масло за пржење
- шеќер во прав
- чоколаден прелив
Подготовка:
Изматете ги јајцата со миксер и додадете јогурт, а потоа полека ставете брашно помешано со прашак за пециво и малку сол. Кога ќе се изедначи смесата со лажица ги вадите уштипците и пржете ги на загреан зејтин.Готовите уштипци посипете ги со шеќер во прав и чоколаден прелив
Дали сте љубители на уштипци и какви? Ги приготвувате често или не? Некој рецепт?

Уштипци со мелено месо, шунка и кашкавалПотребни состојки: