Јао, екскурзија у средно е нешто незаборавно, што секој мора да отиде. Ако не отиде ќе се кае. Мое мислење.
Во трета година на крај не носеа на 4 дневна екскурзија низ Македонија (требаше во странство да не носат, но тогаш владееше САРС-от и таа понуда пропадна).
И на ексурзија беше лудница. Секој правеше што ќе му паднеше на памет.
Мои доживувања: 3 пати ми беше запленет 100W звучник од професорите (неможеле да спијат на раат, дури и по тераси се прекачувале за да стигнат до нашата соба), разбрале професорите на некој му рикнало појачало и одма кај нас у соба се нацртуваат и се радуваат (мислеле нас ни рикнало појачало и оптегнување до даска појачалото и одма да ги нема професорите од соба), у 4 саат сабајле сите спијат, а ние се бањаме у базенот во хотел Силекс, не носат Св. Наум, сите разгледуваат наоколу што е како е, палат свеќи, гледаат икони итн., а ние бркаме пауни наоколу, не носат Крушево, на споменикот Илинден, и имаше некое предавање пред споменикот, ние со другарчињава седиме и се газиме од смеа, секоја вечер пиење до даска по хотелските соби, и се такви некои одлепени ствари.
И после некој ќе ми кажува ексурзиите биле од научно-образовен карактер...