Ученички екскурзии

Какви се (повеќедневните) екскурзии денес?

  • Наставно-образовни

    Гласови: 9 8,7%
  • Неколку дневен одмор (sex&drugs&rock and roll)

    Гласови: 95 91,3%

  • Вкупно гласачи
    104
К

Кнез Мишкин

Гостин
Бев на екскурзија во Братислава,Прага;Карлови Вари;Виена;Будимпешта, Пред неколку дена се вратив, е сега имавме стручни водичи и се, ама речиси никој не ги слушаше, но кој сакаше имаше шанса да дознае нешто за градовите, за архитектурата...
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Ахахаха, образовен карактер. :icon_lol: Добри сте. :icon_lol:

На екскурзија денес се оди да се проведеш добро. А добар провод за најголемиот дел од младинава подразбира неконтролирана употреба на пороци, мама и тато на стотици/иљадници километри, можност за демонстрирање на тупи финти за дриблање на професорчињатa и нови пи4ки.

Ние кога одевме првпат на екскурзија, Пелистер, ми се чини дека најубаво си поминавме. Нит тутун сме знаеле, нит сечена водка, нит дискотека салам. Уште со картици за телефонски говорници бевме и со клучот од соба околу врат обесен. Сме се собирале по соби бе монопол да играме, какво кафе, какво пиво, какво останување до полноќ. Единаесгодишњаци едни никакви. Наставничката да дојде да те бакне, да те покрие пред спиење и светло да ти изгасни. Ми иде од стол да паднам док пишувам ова, ама така беше. Денес деца, Битола ќе одиме. Утре сте слободни, задутре Охрид, па слободен ден, па Крушево,задутре, Прилеп, па уште три слободни. И убаво ни било бе.

Шесто? Багабонти. Бог знае колку Скопско по ранец имавме во автобус, кој се тепа за дискменот, кој го дават со завеси, на кој му се лоши, кој се гаѓа со грицки, кој се растрчава долж автобус, кој се млати, кој кодоши, кој се дере у телефон (фора ни беше ко ќе ми ти се јави мајка, да се дерат во позадина "цигарaта изгаси, цигарата!" :icon_lol: ). Прекачување од тераса на тераса преку цел спрат да отидеш Рико да си купиш или кутија цигари. Па шверцај ги, па отварај ги од плакари и кревети, па клечи зад пешкирите на тераса да не те фатат со цигара, па оди од соба до соба парацетамол да најдеш, па криј шишињата во казанче... Колку кревети и врати испокршени оставивме само виле знају. Ај изгрејсонце пер ќе чекаме. Еj ај пер. 3 саат. Пер а да го чекаме на плажа пер? Пер ај пер... Кидавела преку двете крила на Силекс, па средношколците од Бетон да ги најдеме, со нив пер закон ќе си пројдеме. Наредна година некоја екипа на вежби имаше дојдено, бе се подмочаа за фудбалерите. :icon_lol:

Седмо, осмо, се` се сведуваше на тоа кој во чија соба ќе ја проведе вечерта. Кој колку ќе смува. Кој колку ќе испие. Кој ќе испадне највечи мангуп, у најдебилните можни дисциплини. Вечерите во дискотека Парк ни беа ултимативно задоволство, ма моли не`, лажи не`, тегни не`, неќевме да се одлепиме од местото и поред тоа што во тоа време Парк беше дупка. Со судни маки ќе не` собереа, кај 3 – 4, таман ќе се прибере се` живо и старо по соби, ќе помислиш се смириле сите... И туку по некое време слушаш неартикулирани звуци и врисоци под прозор, и уште едни звуци што не ти кажуваат ништо друго него дека некој што туку се џитнал/го џитнале (да, јас :icon_lol: ) во базен. Па за казна ќе ти го испразнат базенот (уау), али другата вечер преку ограда во езеро на минус шесто... После зашто ме гледа батката од Хераклеа на криво док предава наредното сабајле. :icon_lol:

Зборот ми е... Ако ме носат на екскурзија да научам или видам нешто, нека ме носат на правото место. И низ Југославија бивша еве нека ме однесат, подобро отколку четрсто миљарди пати источна или западна Македонија. Од 4 одд. навака секоја година сме оделе, и секоја сме оделе на ис - ти - те места, таму па таму. Океј, нема у два прста земја каде, факт. А можда и друга е поентата, пошто у мала бара све сме големи риби нели... Нешто као СкопјеИСамоСкопје епизодата. Градиме критериуми на база на простотилук, ама ај, други пут о томе.
...Нека не ми го дрват со тие па тие манастири и локалитети. Да, брука најголема на свет е да си амеба кога е во прашање националната историја и традиција, ама Канео, и Стоби, и Плаошник, и Осоговски, и Лешок, не се последниот збор на културата во 2000 и кусур година. Шо бе на оваа тема не се буните дека е дваеспрви век? За други работи први сте да правите идиоти од луѓе што едноставно не мислат дека некои вредности не се мењаат со модата. Шо мајка барам по шес иљадити пут на Бигорски? Да проверам фреската дан се поместила за две на лево? Случајно.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Од образовен карактер се ептен безполезни али за оној другиот се целосно полезни. Најдобро време за подобро запознавање на сите од генерација.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Денес екскурзијата го нема вистинското значење на зборот. Емма над мене кажа некои работи, јас ќе ја надополнам.
Утринава се вратив од 5дневна екскурзија во Будимпешта, еден од најубавите градови што ги имам видено. Секој ден имавме програма каде ќе одиме и што ќе видиме, а за некои работи можеше да си бираш дали сакаш ваму или онаму, или ги сакаш двете. Како прво, копиљаците ги дадоа сите пари за алкохол и немаа пари за да одат на чардаш, или па не сакаа да дадат за да имаат пари вечерта да одат во диско, да се изнапијат, да се испомуваат еден со друг и утредента да расприкажат на сите колку биле камен вечерта, како тоа да е за гордеење. Да одиш во Унгарија и да не отидеш на чардаш е исто како да не си бил. Таа вечер и вечерта кога бевме на крстарење по Дунав си поминавме најубаво. За диско имам и во Свирипичино ако сакам, но во Унгарија повеќето можеби нема никогаш да стапнат.
Повеќето пиеја до 5 сабајле и ќе си легнеа, па ќе го испуштеа појадокот, па после ќе трошеа пари во Мекдоналдс или БургерКинг. Ние излезени да ги разгледуваме градбите со водичот, пијаниците во Мекдоналдс, во смисол тие знаат се` за Будимпешта, не им треба водич да им објасни. Уште па се спакувале ко да ќе се селат некаде, една зела куфер чиниш цел стан е внатре спакуван. Не знаеш што е поголемо, дали автобусот или куферот. Кога видов дури и нашминкани и облечени во штикли за на 20 часовен пат:nesvest:.

Ми недостигаат времињата кога се одеше на екскурзија за да се види нова земја, нов град, нова култура, нова традиција, творештво. Сега се оди на екскурзија колку да се каже дека си бил таму и дека си се направил камен и колку риби си смувал. А што е најтрагично, професорите ќутат. Ќутат и тие пијат.
Тоа не ни чини ама воопшто.
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
нас од коце никој не сака да не носи, или директорот е глуп. сите школи ги носеле по екскурзии, а нас не ЕФТО Е БОЛЕН:uvo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom