Вака да отворевте тема да ги разговарате на големо проблемите во Македонија кои ги трпиме, ќе беше убаво, ама за жал не живеам во интелектуално прогресивна држава, па ќе читам 4 страни од тема за парада на "гордост", одржана во друга земја, и каде се дебатира наново моралот и етиката поврзани (или комплетно отсутни, зависно од која страна на темата е дискутантот) со хомосексуалноста, и како таа е #1 проблем во нашава држава (или допрва ќе биде). Небаре се друго решено е, па тоа остана на дневен ред да се реши, па сите запалени со патриотски фитиљ, за чисто општество ќе се бореле, за културно богатство, за одржување на традиција и фамилијарни вредности. Не дека имате поим за се од набројаново, али од тоа толку што сте ебени во мозок, не треба да ми е чудно што си верувате на истите зборови.
Во меѓувреме додека изигравате овде анти-геj "патриоти", владата ги разгалува пензионериве бетер од 4-5 годишни деца, како да се крем де ла крем од популацијата, па што ли не направи за нив. Не видов да дигате џева толку за нив, што им е доделено да имаат толку работи на "тацна" во споредба со вас. Исто така се градат и нови споменици, и градбени објекти, како да не беше доста тоа до сега што е направено, а голем дел од објективе не наоѓаат ни примена често (еден кај мене дреме како украс), важно они перат пари преку нив, а ти бате македонче, расправај како си се згадил што си го видел колегата како се бацил до дечко му, и како сметаш дека таква појава зачестена ќе значи крај за нашево општество. Професори не можат успешно да испротестираат некаков резултат затоа што имаат инстант замена, со печат од влада. Не, хомосексуалците се поголем проблем. Иако сум хетеросексуален мажјак, девојка ми ме знае, и тврдам дека тој што ја отворил темава е дудук, и дека е глупа, и дека е геј, и дека е срање, и дека не треба да замараме мозоци со неа, еве сепак да пишам, пост-два, три, неколку страници. Важно на крај ќе повторам дека сум стрејт и дека ова е срање, како тоа да ме афирмира некако, и без него некој ќе се сомнева (а ако се спомне, нема сомнежи).
Интересни ми се и овие со линковиве. Баш соодветен линк за да најдат требале убаво да изгуглаат. Се прашувам дали истото ќе го правеа да им беше девојка им/жена им до нив (како што многу парови и прават, заедно сурфаат на нет). Сигурно не. Или дека читаат тема со ваков наслов или сличен. Тоа треба доволно да ги замисли зошто воопшто и го правеле сето ова, тие што ќе се пронајдат во постов. Но, тоа бара повисоки когнитивни функции за кои не сум сигурен дека мноштвото на темава ги имаат. Еден добар индикатор е неспорливото поврзување на една работа со сосема други работи кои немаат ни една врска со себе. Како пакет. Предупредуваат за перење на мозок преку медијата за либералните закани, а не сфаќаат дека и тоа што го дрндаат на форумов е исто така brainwashing шема протната исто така низ медиски алатки која цути и се инсталира низ патриотски и националистички жаргон и реторика. Или преку политичка призма - Едни го слушаат Бранко, други Грујо, трети Ахмети итн. Државата ви е за нигде затоа што вие сте за нигде. Не била таква нити ќе биде ради хомосексуалците и остали нехетеросексуални групи. И ќе остане за нигде затоа што таму каде треба да си ја гледате својата ебана работа, упорно бутате нос, и тоа тука не станува збор само за физички рекции против протестни маршови за еднакви права од некоја си групација, него неможноста и да не се умешате во приватните животи на сите други граѓани, општо гледано. Во крвта ви е. А таму каде треба да реагирате, или не реагирате, или касно ви текнува, по што реакција е залудна или налудничава опција.
Не може ропаци што дремат по кафичи и клубови, што го силуваат својот црн дроб со алкохол, и празнат муда во што е можно повеќе жени, да ми продаваат морал и етика, и да ми глумат борци за традиција и фамилијарни вредности. Или тие што ја забремениле првата што ја легнале, и од срам и чистење образ насилно влезени во брак, и мислат дека станале мажи со тоа некако. Кое културно богатство? Својот јазик не го знаеме, во најнормален разговор вриеме од користење на англицизми, или кога не е тоа, цели англиски фрази. Што е со музичкиот вкус на културно-збогатениве мозоци ваши? Сте оставиле некоја понова македонска песна да ви свири неодамна во кола или дома? Сте биле на некој концерт од наш изведувач? Да не сте го подржале финансиски? Или баталете пари, да се појавите на нивна промоција како подршка? Да ургирате или издадете петиција за поголемо вклучување на македонската музика на нашите радија и телевизии? Сте биле во театар, изложба? За кој посран културно-уметнички карактер ми зборите не знам? На 90% од вас, ако не ви се турбофолкерајата и нивните модерни мутанти дел од вашиот музички вкус, тогаш ви е западот (кој толку многу од вас го хејтаат). За Европа или пошироко да не правам муабет, ако не е на англиски, ретко кој ќе слуша друго (макар и да го знае јазикот). Исто така, нема врска што, барем денес, многу од нашите изведувачи, дали стари, дали нови, почнуваат да звучат како западните стандарди, сепак по нив се плука, исмева, а да не правиме муабет за било каков грам подршка. Или културата што си ја продаваме надвор од нашите граници, други да ја користат и инкорпорираат во нивната историја како им одговара, и тоа изгледа некако не пречи. Важно имаме луѓе жедни за зачувување и одржување на културата наша. Каков ентузијазам. Затоа сте ми смешни кога ќе ве прочитам како ми зборите за brainwashing.
За се сте, само за држава да имате не сте. Али и тоа ќе го биде, ќе ви ја одземат наскоро. Затоа што многу убаво ги приоритетизирате проблемите во општеството.
Ајт, Добра Ноќ.