Успешно изведена првата трансплантација на срце во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
За првпат во Македонија тим доктори кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ), изведоа сложена и тешка операција на кадаверична трансплантација, односно трансплатација на срце од мртов донор.

,,Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…

Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !!

Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !!

100551714_1576500612525922_4859103150021279744_o.jpg


100041529_1576504209192229_1099931916095717376_o.jpg


Фотографии од ФБ профил на Кристијан Бундовски
Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде !


Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата ,,Живот” !
Честитки Господа !!!“-емотивен статус на ФБ на д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.


Вакви вести треба да не преплавуваат што почесто. Се надевам ќе проработи свеста кај повеќето и полека ќе се стекне тренд на донирање на органи. Огромен гест на донорот и фамилијата, нека има долг живот примателот на органот. За тимот наклон до под!
 
Секоја чест. Изведување ваков зафат кај нас, од наши луѓе, кои работат и живеат овде, фрла малку светлина во мраков. Малку се свесни што се' значи донирањето, посебно од починати, затоа што не сме почувствувале на своја кожа (дај Боже да не дознаеме) и колку животи може да спаси.
Знам лично барем два случаи во Македонија каде што ваквите работи се решаваат во фамилијата и мајките донираат бубрег за децата.
 
Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

Првата трансплантација на срце во координација со Министерот за здравство Доц. др Венко Филипче ја започна и ја водеше Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова Мијовска. Таа со својот тим болнички координтори- др Билјана Андоновска, др Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

„Трансплантацијата е успешна. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта. Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“ – порача Филипче.

На експлантацијата работеа др Марјан Шокаровски и др Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, др Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја водеа др Маја Мојсова Мијовска, др Весна Дурнев и др Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. др. Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др Васил Папестиев, Др Марјан Шокаровски, др Ванѓел Здравески, др Кјутим Џелили, др Тања Анѓушева, др Никола Христов, др Стефанија Хаџиевска, Др Надица Мехмедовиќ, др Весна Миташова, Др Јасмина Илиевска, др Марија Гераковска и др Димче Славевски од Аџибадем Систина.


Во моментов на Клиниката за Урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на др Сашо Дохчев, др Александар Трифуновски, др Ставридис и др Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања и секако на лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа.

Автоматски споено мислење:

Секоја чест. Изведување ваков зафат кај нас, од наши луѓе, кои работат и живеат овде, фрла малку светлина во мраков.
Ми кажуваат дека никој од тимот што оперирал ноќеска сон не го фаќа од адреналин хахаа :) Браво, како што кажа дечкото специјализант, ова е кулминацијата за која што учиш по цели ноќи и денови. Жал ми е што имаме и експерти и амбициозни млади лекари кои се затрупани во гнилежот.
 
Најважно е човекот да има долг и што е можно поквалитетен живот после ова.

Секоја чест на донорот и семејството за една ваква огромна човечност и уште повеќе за луѓево што го извеле процесот успешно (нема да кажам лекари, да, и тие се луѓе, за разлика од повеќето од нас, што не се бават со тривијалности и глупости).

Не сакам од медицинска страна да коментирам како лаик, мене ме импонира од етичка. Да, за жал се случува здрави луѓе да настрадаат во несреќи (не знам за што се работи во конкретниов случај) и за жал има луѓе кои имаат потреба од вакви зафати. За среќа има и такви од тие две несреќни ситуации се обидуваат да го извадат најповолното. Огромни луѓе, секоја чест!
 
Секоја чест за фамилијата која се одлучила да ги донира здравите органи, знаеме дека тоа е реткост , тоа не се луѓе тоа се херои. Се надевам дека нивната загуба ќе се надополни со спасените животи на овие луѓе на кои им значат преживување.
Секоја чест и за докторите...
 
Најважно е човекот да има долг и што е можно поквалитетен живот после ова.
Да, иако е операцијата успешно изведена, за жал никогаш не знае дали и кога телото ќе го отфрли органот. Една наша позната докторка пред некоја година ја изгуби ќерка си бидејќи после 3 месеци огранизмот го одби органот (во странство беше изведена операцијата) :( Како и да е, се надевам женава и нејзината ќе бидат пример за многумина, баш како што кажа некој по форумов, зошто да те јадат црви кога можеш да усреќиш некого?


Секоја чест за госпоѓава, се надевам нејзиното добро дело ќе се врати како еден вид добра карма во животот на нејзините деца.
 
Мене ми е дискутабилно колку е во ред да се праи трансплантација на органи додека цело здравство е закочено поради ковид19, а баш тие пациенти подлежат на имуносупресивна терапија. Како и да е честитки за целиот тим и желби за полесно и побрзо закрепнување на луѓето.
 
 
Мене ми е дискутабилно колку е во ред да се праи трансплантација на органи додека цело здравство е закочено поради ковид19, а баш тие пациенти подлежат на имуносупресивна терапија. Како и да е честитки за целиот тим и желби за полесно и побрзо закрепнување на луѓето.
Ќе се пази, нема да излегува од дома бeз потреба :)

Инаку, премногу сум горд на целиот тим за овај историски момент, посебно на заедничката работа на Николиќ и Митрев.
 
Секоја чест. Ултимативен гест што може еден химан човек да го направи.

Искрено се надевам дека органите одат таму кај што се најпотребни, и дека нема некои заткулисни фаворизирања или буткање на пациенти по листи.
 
Искрено не сум знаела дека постои таква опција да се донира орган од мртво тело а сега се мислам и чудам зашто е ова реткост да се практикува и зашто некој не би сакал да донира органи откако ќе умре живо ме интересира, секоја чест за тимот и за донаторот вакви гестови влеваат надеж во хуманоста.
 
Искрено не сум знаела дека постои таква опција да се донира орган од мртво тело а сега се мислам и чудам зашто е ова реткост да се практикува и зашто некој не би сакал да донира органи откако ќе умре живо ме интересира, секоја чест за тимот и за донаторот вакви гестови влеваат надеж во хуманоста.
Само тело со трајно оштетување на мозокот каде останатите витални органи работат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom