Семејствата се согласиле на ова. И фала богу ќе се експонира, не го прочита воведниот пост?
Не знаеме.Можеби не се согласиле сите членови на семејствата.Тоа нема да го кажат пред камери.
Не мораше медиумиве да им ги објавуваат идентитетите,можеа само иницијали да кажат и пишат.
И двете семејства трпат болки.Едните загубиле сопруга и мајка,а другите стравувале дека ќе загубат сопруг и татко,кој фала Богу се спаси.И семејствата на оние кои ги добиле нејзините бубрези стравувале за нивните сакани.
И на сета нивна болка,новинариве им викаат да раскажат пред камери што било.Многу зрело...
Листата на луѓе на кои им е потребна трансплантација на срце е долга.
Зошто до сега медиумиве не се занимаваа со тоа на колку луѓе во државава им е потребно „ново“ срце?
Каде беа лани докторчињава кога луѓе ги тражеа по ходници?
Ако веќе се откриваат имиња...
Каде беа до сега докторчињава да кажат дека на тој човек му е потребно срце,дека и на други им е потребно?
Зошто не инсистираа порано да се направеше ваква трансплантација?
Да им речеа на политичариве аман,обезбедете средства,изменете закони за да им помогнеме на луѓето...
До пред неколку дена немало услови и оп одеднаш има баш во период пред избори.
И зошто до сега немаше интерес од политичариве за луѓе со срцеви проблеми?
Семејствата се искористени.Објавувањево е мачкање очи,типичен предизборен трик.