ова бргу ќе биде, но како го разбирам само за вредности над 10.000 евра...
..има една интересна работа,
купуваш нова кола над 10.000евра од фирма, само фактура оди или треба и адвокат ???
http://www.vest.mk/?ItemID=C000577CD0148C489E16F09F9C1795DB
Зашто не вреди
Купуваш куќа даваш капар,правиш пред договор а пред да ја доплатиш правиш нов договор во кој ќе биде вклучен и адвокат
Не гледам некоја промена со вклучувањето на адвокат бидејќи претходно нотарот беше должен да направи комплетна проверка.
А и некој деловен или стамбен простор ако е под товар пишува на имотниот лист.
Ако не е заведен товарот сопственикот е должен тоа да го нааправи и на секои 6 месеци да го обнови
ОВА
болдираното не вреди пред суд !!
Имав случај, со купување стан во Охрид пред 10-на години.. фирмата си имаше нотар и направи солемнизација на станот на еден никаков договор. Јас им носев како треба да гласи договор ама на го прифаќаа, а не прифаќаа ниту друг Нотар, само нивниот. Не само што не беше запишан станот, немаа ни план за измените што ги направија. Имавме и судска постапки околу големината на становите, речиси сите станари тужеа. Грото изгубија бидејќи разликите биле мали и вештаците ги заокружија, а и тие што добија на апелација изгубија облигационо, т.е. требало наводно да се тужи во многу кус рок (8/60 дена ??), а како да се тужи во кус рок кога немало тогаш сознание за големината на станот.
Имаше и постапки против нотар, тргна од министерство комисија да казнува, таму дојде судија од охридски суд и
ги набрка, во Охрид немало етажна сопственост и нотарот не бил виновен што солемнизирал незапишан стан.
Друго, кога мислам 2006 ли беше, се намали ддв-то на становите од 18% на 5%, на сите што имаа дадено аванси фирмите не сакаа да им дадат профактури за крајна уплата, имаше стотици тужби, мнозинство купопродажни договори беа со тужби.
А еве и сега, фирма ставила во договор за купување стан во градба,
солемнизиран од нивен нотар, клаузула дека ако се зголеми ддв-то пред примопредавање на станот купувачот треба да доплати... а уплата е 100%, некој банки ги натераа да дадат профактура за уплатата, таму во профактурата има изразено ДДВ, така да ова е беспредметно. Но имаше и банки што не им дадоа на купувачите профактура за авансот од 100%, така дека има дубиоза... И ќе ги казни некој нотарите на фирмите што дозволиле такви незаконски договори ??
Па таа од нотарска комора само ги брани и секој втор збор и е нотарот само заверува, застарува се па и убиство...
Друго што може да се случи е градежната мафија да ги потплати и адвокатите, така дека ова само ќе биде + трошок а не и заштита на купувачите...Тоа што е потребно е прецизен законски формат на купопродажен договор и градежна пазарна инспекција, барем за новите станови. Но сега кога
не постои вистински технички прием, ниту пак
градежна инспекција, се е за никаде, ова со адвокатите е само да им се отвори работа...