Управител со пет вработени ќе има во секоја зграда

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На сила

Управител со пет вработени ќе има во секоја зграда, законот за домување стапува на сила




Наместо „домар„ лиценциран управител. Од есенва станарите во секоја колективна станбена зграда ќе треба да изберат управител кој ќе се грижи за одржување на истата. Избраниот ќе мора да има пет свои вработени меѓу кои правник и економист. Лиценцата која ќе ја поседува важи за пет години а ќе ја издава Регулаторната комисија за домување што допрва треба да се формира.

„Куќен совет веќе нема да постои, секоја зграда ќе мора да има управител кој ќе се грижи за сите тековни работи во зградата. Одржување на лифт, поставување домофон, менување светло се само дел од обврските кои паѓаат на товар на управителот. Станарите ќе го бираат по пат на јавен оглас. За услугата ќе плаќаат по еден денар за метар квадратен. Но се дава можност ако не сакаат да изберат управител да формираат заедница на станари кои треба да се регистрираат како правно лице но со надзор на Регулаторната комисија“ рече Горан Михајловски заменик министер за транспорт и врски.

Овие новини се дел од законот за домување кој предвидува и општините посебно да одвојуваат пари за изградба на социјални станови. За таа цел треба да започнат постапки за трансформација на сопственоста на државното земјиште што е во нивна територија.

Се продолжува и рокот за откуп на општествените станови до крајот на наредната година, со што ќе се приватизираат повеќе од три илјади такви станови.

06.08.2009, 17:11
Извор.



Го заебав насловот :), дај ако сака некој модератор- администратор да го поправи :smir:.
Инаку добра идеја ова за бизнис јас лиценциран управител плус пет вработени да ја удрам математиката: плата за мене плус придонеси, плата за трите секретарки плус придонеси, плата за двете хигиеничарки плус придонеси, потоа лиценца, фирмарина, ДДВ, данок на добивка, претплата за МРТВ за фирмата се на се минимум 130 000 денари. Кнап парите еден станар да не плати отиде фирмата под стечај :).
Алоооооооо бре има некој нормален во оваа луда куќа :cheeky1:, мислам стварно ова во Лихтенштајн го нема :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
добар потег од страна на владата и министерот.Еве јас уште сега можам да типувам која фирма кего лапне скопје и околните градови а богами можам да кажам и пола македонија ај сите типувајте да видиме чив тип ке испадне нај точен
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Пет души? Колку згради има во Македонија? И дали ова важи и за оние со по 2 спрата, а се водат како колективни?
Намалување на невработеноста, ветено сторено.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Koja mladicu? Ajde kazuvaj na koja mislis deka ke bide?
SECURICOM?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Како се викаше онаа фирмата за обезбедување имоти и лица на Урко??
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
pa sto se smesis covece!?.... rece da tipuvame! Sto ne kazes koj e tvojot tip!?
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Пет души? Колку згради има во Македонија? И дали ова важи и за оние со по 2 спрата, а се водат како колективни?
Намалување на невработеноста, ветено сторено.
Нема врска со намалување на невработеноста приватен бизнис кој кего контролираат два тројца за цела мк, уставри нелиго разбираш концептот, се распишува конкурс се јавуваат 10 управители се одбира оној со нај големо искуство во таа дејност,не се вели дека секоја зграда мора да има по пет вработени туку дека управителот треба да има нај малце 5 луге на располагање зада управува со таа зграда,епа види сега ти се јавува појака фирма со 300 вработени, и вели јас можам даја одржувам зградава а пошто и министерството ке го дава завршниот збор шо мислиш кој ке биде одбран???? добро позната шема е оваа

pa sto se smesis covece!?.... rece da tipuvame! Sto ne kazes koj e tvojot tip!?
па типувај човеку кој ке биде во право ке видиме,јас нереков веднаш дасиго кажеш фаворитот или дека јас морам даго кажам мојот фаворит одма
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
или нешто не е допишано или нешто со владава не е во ред
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Нема врска со намалување на невработеноста приватен бизнис кој кего контролираат два тројца за цела мк, уставри нелиго разбираш концептот, се распишува конкурс се јавуваат 10 управители се одбира оној со нај големо искуство во таа дејност,не се вели дека секоја зграда мора да има по пет вработени туку дека управителот треба да има нај малце 5 луге на располагање зада управува со таа зграда,епа види сега ти се јавува појака фирма со 300 вработени, и вели јас можам даја одржувам зградава а пошто и министерството ке го дава завршниот збор шо мислиш кој ке биде одбран???? добро позната шема е оваа
Арно, не знам за кои се фирми се работи, но како гледам друго пишува.

секоја зграда ќе мора да има управител кој ќе се грижи за сите тековни работи во зградата.
Дури и според насловот (законот го немам видено) пишува дека секоја зграда треба да има по еден управител
Управител со пет вработени ќе има во секоја зграда
Секоја зграда по еден управител-едно лице, еден човек. И да е еден, помножи со број на згради, а профитот и кој ќе го земе сето тоа е пљус. Инаку нереално е еден управник на цел Аеродром.
Едино ако е поинаку напишано во самиот закон,а во весникот е слободна интерпретација, тогаш е друго.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
или нешто не е допишано или нешто со владава не е во ред
хе, хе , а јас пак постојано се запрепастувам од нивната фантазија...мора да се признае имаат машта.....Нерон е обична нула за Гwујо и друштво.... :)
...., но ако некој може да им шепне, не е лошо да им спомне, дека сепак, до сега...историски докажано, ништо не се мери со фантазијата на разбеснат народ кога ќе му скурчи...во варијантите на покажување на тоа...:)

...а всушност идеите не им се лоши...незнам само зошто така пацерски и дрчно ги реализираат, истите пари можат да си ги земат , а да остават БЕЛЕГ и народ да каже АЛАЛ ДА ИМ СЕ....:)
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Човек гледаш ама негледаш Секоја зграда Мора да има по еден управител!! Многу битен детал гледај и читај убаво,но нигде не пишува дека тој управител ке управува само со една зграда,а штое нереално бре човеку зашто да неможе,тел тој и тој за поплаки од станарите јаветесе таму и таму потпис управител тој и тој , и размисли малку два три тима чистачки си се шетаат од зграда до зграда, и пази многу битно секоја зграда мора да има ангажирано пет луге, но нигде не пишува дека истите тие луѓе неможат да бидат ангажирани во други згради абе дај загледај поубаво да видиш шо стварно се спрема, и мал репер ако може еден стечаен управител да води неколку стотици стечајни постапки одеднаш зашто еден управител да неможе да управува со неколку стотици па илјади згради,пошо ништо не го обврзува да не ангажира овластени заменици пишува најмалку пет вработени
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Добро де, ако така е напишано во законот или ако така се интерпретира, не сум правник. Но пишува дека огласот за домар и компанија е јавен :toe: не дека владата ќе одредува кој да е домар. Едино пак, ако се постават ептен посебни услови за регистрирање односно добивање лиценца за ваква фирма.
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Лиценцата која ќе ја поседува важи за пет години а ќе ја издава Регулаторната комисија за домување што допрва треба да се формира.

Но се дава можност ако не сакаат да изберат управител да формираат заедница на станари кои треба да се регистрираат како правно лице но со надзор на Регулаторната комисија“ рече Горан Михајловски заменик министер за транспорт и врск
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Кизнај, многу од зградите не можат да се договорат ни за чистачка ни за сијалица, не па пари за домар, за формирање резервен фонд...тешко ова. Не е лошо ама тешко да заживее.
Мислам,...нека им е со среќа ама уште пари да вадат од станарите ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom